Левица: Јаневска да каже што направила, а не кој министер бил пред неа


Левица реагира на , како што се оградуваат, „демантот” на министерката Јаневска за ревизорскиот извештај, потсетувајќи дека работа на секој министер е да го штити јавниот интерес и буџетот на граѓаните, без оглед на партијата на власт или на претходната. „Ако министерката Весна Јаневска смета дека повикување на јавно достапен извештај од Државниот завод за […]

Секое трето дете во Македонија има зголемена тежина, отворен специјален центар во Козле


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата.  Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од […]

Градски паркинг со летно работно време


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува сите граѓани дека од денес, 01.06.2026 (понеделник) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: – Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Исто […]

Осумдесет проценти од македонските граѓани не би го смениле политичкото убедување за пари


Осум од десет граѓани во Македонија не би прифатиле паричен надомест за да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, покажуваат резултатите од европскиот истражувачки проект ENCODE, презентирани денеска во Скопје на настан организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Истражувањето било спроведено во шест европски држави – Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, […]

Средношколци со социјален танц театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство


 Со изведба на социјален танц театар на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, […]

Бурни реакции на сточарите – АХВ да ги открие млекарниците што ставaле „хемија“ во сирењето


  БИТОЛА – Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите. Сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски беше во Битола му кажаа дека наместо млеко граѓаните пијат […]

Во земјава има 384 згрижувачки семејства што обезбедуваат дом за 664 деца


 Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции […]

Градоначалникот на Скопје на реконструкција на улица во Карпош, но со заменик-градоначалникот


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Загребска“, една од поважните сообраќајници во Карпош која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Според Ѓорѓиевски, улицата има особено значење бидејќи обезбедува пристап до Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, поради што […]

Над 650 планинари учествуваа на 44. традиционално искачување на Титов Врв


Планинарскиот клуб „Љуботен“ успешно го реализираше 44. традиционално искачување на Титов Врв, еден од најзначајните и најдолговечни планинарски настани во земјава, кој и оваа година собра повеќе од 650 планинари и љубители на планината. На искачувањето учествуваа планинари од повеќе градови и планинарски клубови низ Македонија, како и гости од Косово и Србија. Планинарите се […]

Водата во Дојранското Езеро безбедна е за капење


Во пресрет на летната туристичка сезона, Општина Дојран јавно ги објави резултатите од извршените анализи на површинска вода односно вода за капење од три мерни места на Дојранското Езеро. Примероците се земени на средината на минатиот месец од мерните места „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“, а како што е наведено во објавата на […]

Колапс на универзитетите: УКИМ го нема ни на листата Глобал 2000


  Се менуваат министри, се менуваат ректори, а квалитетот на високото образование на најголемиот универзитет во земјава – УКИМ, паѓа сѐ подолу и подолу. Веќе не се ни знае колку е долу. На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети нема ниту еден македонски универзитет. Оваа листа е составена […]

Досега 14 пати го ограбувале вечното почивалиште на тапанарот на ДНК: „Не го оставаат гробот на мојот син“


Татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, на Фејсбук сподели видео објава во која повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. На видеото што го сподели Драги, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот краде саксии со цвеќе. Тој наведува дека ова е […]

Со манифестацијата „Денови на децата“ започнува „Културно лето на Чаир 2026“


Општина Чаир официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и […]

Ученици ќе танцуваат против насилство пред македонското Собрание


Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска пред македонското Собрание организа изведба на социјален танц театар подготвен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар по повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето. Местото на настанот е избрано поради тоа што е место на носење одлуки, со цел […]

МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 – 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело – монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски.   Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните […]

На секое дете му треба семејство: Одбележување на Денот на згрижувачките семејства


По повод 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства, во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата. Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, со присуство […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје


Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат […]

Денеска многу топло, температурата до 34 степени, попладне можен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за […]

Утре и задутре ќе се прска против комарци


Утре и во вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Оттаму ги известуваат пчеларите навреме […]

МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота


Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од 8 до 18 часот, а службите ќе работат и во сабота. -Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања […]