На Детската клиника снемува кадар: Прва жртва – одделот за имунологија


Има недостиг на медицински сестри, но пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава. „Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за […]

Пензискиот фонд доцнел со уплатата на здравственото осигурување за пензионерите, утврди Државната ревизија


  Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со […]

Јаневска: Учебниците повеќе не се проблем, до 1 септември ќе бидат во училиштата


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека трета година по ред учебниците не претставуваат проблем и дека тие навреме ќе бидат доставени до училиштата пред почетокот на новата учебна година. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска истакна дека испораката на учебниците за учениците од прво до трето одделение започнала уште во април и мај, […]

Се затвораат училишта – нема ученици, наставници ќе се пензионираат


  Деновиве почнуваат серија средби и работилници на Министерството за образование, општините и училиштата, на кои ќе бидат образложени плановите за оптимизација на училишната мрежа. Тоа ќе значи практична реализација на планот на кој, според министерката за образование, Весна Јаневска, заедно со УНИЦЕФ и Светска банка е работено две години. Што тоа практично значи? Драстичното […]

Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар


Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на  бесплатна тематската прошетка  „Времеплов низ Центар,  историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда),  од  18 до 20 часот. Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на […]

Попладнево Соларен саем Струга – како да се користи соларната енергија?


Центарот за климатски промени организира „Соларен саем Струга“, кој ќе се одржи попладнево од 17:30 до 20:30 часот пред Општина Струга. Настанот има за цел да ја доближи темата за користење на сончевата енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна […]

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Без струја улиците „Герника“ и „Сердарот“ во Кисела Вода


Без струја денеска од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците од ул. „Герника“ бр. 1, 4, 5, 6, 7, 8 и ул.„Сердарот“ во општина Кисела Вода.  За прекинот во снабдувањето со електрична енергија информира РЦУК – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.

Без вода дел од скопските улици „Владимир Назор“ и „Кумровец“


Без вода денеска од 09:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Владимир Назор“ и „Кумровец“ во општина Центар. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул.„Владимир Назор“ бр.14. 

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок


Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 23 јуни 2026 година, 174-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  191 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок


Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар.  Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите […]

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува историчарката Наде Проева со Орден „8 Септември“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева. Наде Проева, беше истакната историчарка, универзитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка […]

На експресниот пат Штип-Радовиш утре изменет режим на сообраќај од 5 до 9 часот


Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани. Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности. -Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност […]

Агенцијата „Рејтинг“ станa партнер на лондонска „Латента“


  По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, агенцијата „Рејтинг“ станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија „Латента“, со што  станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија […]

Од утре топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер


 Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и […]

Скопје домаќин на годишната конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа


 Независноста на судството, довербата на граѓаните и потребата од подобра комуникација меѓу судиите и јавноста се во фокусот на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, што се одржува денеска и утре во Скопје. На денешното отворање на конференцијата, учесниците нагласија дека без силна јавна поддршка, судската независност и […]

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час


На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  Сообраќајот на државните патишта се одвива […]

Без струја три улици во Карпош


Без електрична енергија  денеска од 09.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул.„Ангел Динев“ ( ОУ „Димо Хаџи Димов“), дел од ул.„Мраморец“ бр.7,9,11,13,15,17,19,21,23,25,27,29,52,53,55,57,59, како и дел од ул.„Есперанто“ во општина Карпош. За прекинот во снабдувањето со електрична енергија информира РЦУК – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, […]