Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“ – туристите заглавени


Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница синоќа се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на […]

Без струја село Студеничани, без вода од ул. „Салвадор Аљенде“


Без електрична енергија  денеска ќе останат дел од корисниците на село Студеничани спроти „Волталед“ во општина Студеничани, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.  РЦУК-Скопје соопшти и за прекин на водоснабдување од 9 часот изутринава за корисници од дел од ул. „Салвадор Аљенде“, поради уличен дефект на таа […]

Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер


Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно  со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.  Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 јуни 2026 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  189 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Општините Пустец и Росоман се збратимија и договорија унапредување на соработка во повеќе области


Општина Пустец и Општина Росоман денеска потпишаа меморандум за збратимување,  како силен израз на пријателство, меѓусебно почитување и заедничка визија за иднината.     Збратимувањето го официјализираа градоначалниците Пали Колефски и Ѓорѓи Крстевски.     – Општина Пустец и Општина Росоман официјално се збратимија, правејќи важен чекор кон зајакнување на односите меѓу нашите две заедници и отворајќи […]

Екоактивисти и граѓани на протестен марш „Стоп за Усје“


Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани вечерва протестираа пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со барање да се почитуваат европски еколошки стандарди кога ќе се одлучува по барањето од Цемантарницата „Усје“ (Титан групација) за обнова на А-интегрираната дозвола. Активистите, кои и во минатите месеци организираа протести за да искажат […]

„Везилка“ од утре почнува да везе


 Националната фабрика за вештачка интелигенција – ВЕЗИЛКА утре ќе биде официјално претставена. ВЕЗИЛКА е воспоставена во рамки на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и ко-финансирана од Европската унија преку програмата Horizon Europe. Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот […]

Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски


  Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина брвеница починал денеска, но причините за смртта не се објавени. Од него, преку социјалните мрежи се прости премиерот Христијан Мицкоски.  „Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на […]

Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа


 Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во […]

Од петок започнува „Културно лето“ во Кисела Вода – три дена ќе се слави роденденот на општината


Лозано, Андријана Петрушевска, Никола Станишиќ, Таско, диџеј Марио Трампет и дечињата од хорот „Киселко“, Јован Мицкоски и Катја Ѓеорѓиевска ќе настапат на претстојното „Културно лето“ во Кисела Вода, манифестација со која се одбележува 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ги […]

Три пожари сè уште беснеат низ Македонија, службите на терен


На територијата на државата до 15 часот денеска се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се уште се активни, а два се целосно изгаснати. Според информациите од надлежните институции, активен е пожарот во Општина Пробиштип кај селото Петршино, каде што е зафатена ниска вегетација. Пожар има и во Општина Свети Николе, […]

Љубојна го отвора „Кривопаланечкото културно лето 2026“


Во пресрет на официјалното отворање на „Кривопаланечко културно лето 2026“, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, преку лично видео-обраќање упати искрена и непосредна покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од почетокот на најголемата летна културна манифестација во градот. Во духот на домаќинското работење, отворената комуникација и блискоста со граѓаните што ја […]

Историчарката Наде Проева постхумно одликувана со Орден „8 Септември“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот „8 Септември“ го прими нејзината сестра Павлина Проевска.  ​- ​Античкиот свет е далечно минато. Неговите градови се урнати, неговите владетели преминаа во историските книги, а до него допираме […]

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад


 Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на Фејсбук. Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се […]

Вандализирано детското игралиште „Патрик“ во Аеродром, општината поднесе кривична


По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица. Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром – простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За […]

Не ни требаат формални реформи, туку повисок квалитет на услуги за граѓаните


Северна Македонија останува умерено подготвена во реформите, со одреден напредок особено во дигитализацијата, но со потреба од подлабоки структурни промени и имплементација на законите. Реформата на јавната администрација е долгорочен и континуиран процес, кој никогаш не завршува и кој е неопходен за ефикасно функционирање на институциите истакна шефот за соработка во Делегацијата на Европската унија, […]

Деветтоодделенците и учениците од трета година средно и годинава со стари учебници


Годинава, доставата на учебници за учениците од прво до трето одделение почна порана. Веќе со години наназад најмалите ученици добиваат нови книги. Тие не се предаваат од повисоките на пониските одделенија, а годинава, оваа распределба на нови учебници по училиштата почна многу порано, односно, еве на крајот на јуни.  Сепак, не сите ќе добијат нови […]

Над 1.100 инфраструктурни проекти одобрени во општините: Проблемите да не се повторуваат


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги презентираше резултатите од работата на Министерството во изминатите две години, оценувајќи дека е направен значаен исчекор од, како што рече, политика на ад хок решенија кон системски пристап за развој на општините и регионите. Според Перински, наместо справување со последиците од долгогодишните проблеми, фокусот бил ставен на […]

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката


Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција. – Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци […]

Македонија се приклучува на програмата EU4Health


На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел.   Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во […]