Од 1 јули само со дозвола може да одите во шума


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето. Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење […]

Поради високите температури да се наводнуваат површините


Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како […]

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител


Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден […]

Тошковски по три интерпелации на отчет: Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој во својот двегодишен мандат досега, се соочи со три интепелации, сите неуспешни, денеска излезе на отчет за срадботеното, при што заклучи дека Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. – Бележиме намалување на вкупниот криминалитет. Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително […]

Сончево и топло, температурата до 38 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до […]

Промоција на локални производители од прекуграничниот регион во Дојран


Со промоција на локални производители од пограничниот регион, утре во 10 часот на централното шеталиште во Стар Дојран ќе се одржи настанот „Border Bite”. На манифестацијата ќе бидат претставени локални производи, ракотворби и домашни изработки во знакот на културната размена, поврзувањето и новите соработки. Пред посетителите ќе се прикажат автентични вкусови, традиции и приказни кои […]

Сообраќајка на Плетвар, едно лице загина. Колоната е долга 20 километри


  Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки. Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец. Сообраќајот е во прекин.  Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри. Прекинот, како што информира „Македонијапат“, е поради […]

Ќе се реконструираат општинската зграда и Домот на култура во Валандово


Општина Валандово на крајот од месецов започнува со реконструкција на два јавни објекти – општинската зграда и Домот на културата „25 Мај“. Градежните активности, како што информираат општинските власти, ќе започнат од понеделник, по потпишувањето на договорот со компанијата „ИБО ПОД“. Проектот предвидува спроведување на мерки за енергетска ефикасност, чија цел е да се намали […]

Sport Life донираше средства за поддршка на деца со развојни потешкотии


Како дел од своите општествено одговорни активности, „SportLife“обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна […]

Подобни и неподобни наставници или подобрување на образовниот систем? Жестока дебата во Собранието


Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема […]

И тоа има во Македонија: Место во затвор, со лажни дијагнози отслужувале казна во психијатриска болница


При контрола во психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година тим на Народниот правобранител затекнал околу 20 осудени лица, сторители на кривични дела, кои не биле психички болни, туку здрави и пресметливи, а со коруптивни вештачења добиле дијагнози за да избагнат затвор.Според заменичката-народен правобранител Соња Трифуновска, тие се обратиле до Комората на вештаци од […]

Собранието ги донесе законите за судската и обвинителската служба


  Собранието денеска ги донесе законите за судска служба и за обвинителската служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во […]

Од 1 јули целосна забрана за движење во шуми


Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое  управуваат. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките […]

Вреди: ДУИ 24 години не направи канализација ни во Зајас


Вреди ја обвини ДУИ дека 24 години ДУИ не направила канализација за жителите на Зајас бидејќи парите отишле на корупција. -Дваесет и четири години ДУИ и Али Ахмети имаа политичка моќ, министри, директори, градоначалници и целосна контрола врз институциите што требаше да ги решаваат основните проблеми на граѓаните. Но, 24 години не им беа доволни […]

Алиу: Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем


  Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше за потпишувањето на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што претставува значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики.   „Со потпишувањето на Договорот за EU4Health во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор […]

Во собраниска процедура измените за Законот за безбедност во сообраќајот: Тротинети ќе возат само возрасни


Во собраниска процедура влегоа измените и дополнувањата на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикл. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски нагласи дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ утре повторно излегуваат на протест


Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс утре повторно излегуваат на протест барајќи ја вистината и правдата за своите деца. Протестот ќе се одржи во Паркот на револуцијата во Кочани од 18:05 часот. – За нашите 63 ангели нема одмор од љубовта, нема одмор од сеќавањето и нема откажување од барањето за вистина и […]

Општина Илинден започна иницијатива за примарна селекција на пластичен отпад


Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад. Во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака беа бесплатно распределени корпи за селекција […]

Алиу: Во политиката сум за да менувам работи, а не само да давам поддршка


Министерот за здравство Азир Алиу порача дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во општеството. Тој истакна дека ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните без оглед дали во иднина ќе биде министер, професор или експерт. „Дали мојот придонес ќе биде како […]

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон


Секој голем резултат започнува со една одлука – одлуката да се направи првиот чекор. Токму затоа, сите кои сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во земјата, Виз Ер Скопски маратон 2026, сега е вистинското време да се пријават и да ги започнат своите подготовки. Следниот рок за пријавување со поволна котизација е 31 […]