Во Кочани повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции


Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, […]

Земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар


Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со кои располага […]

Промоција на програмата за „Галичка свадба“ и претставување на годинашните младенци


Програмата на годинашното издание на Галичка свадба денеска официјално ќе биде претставена на прес-конференција во Скопје. На настанот ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, претседателот на месната […]

Денес имаше 12 пожари во Македонија, пет се уште не се изгаснати


До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во […]

Ѓорѓиевски за Ерусалим пост: Сакам Скопје да биде попаметен, почист и поорганизиран град


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од Израел порача дека главниот град мора да стане помодерен, пофункционален и подобро подготвен за справување со кризни ситуации, истакнувајќи дека посетата на конференцијата MUNI EXPO 2026 има цел да донесе конкретни решенија што ќе го подобрат животот на граѓаните. Тој нагласи дека во Израел дошол со намера да учи […]

Пожари се уште горат во Куманово, Пехчево и Дебар


Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државата до 14 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се водат како активни.Според официјалните информации, противпожарните екипи успеале да локализираат дел од жариштата, додека четири се целосно изгаснати. „Од активните пожари, првиот е на територија на село […]

Сиљановска на средба со претставници на УНЕСКО околу заштитата на Охридскиот регион


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори  и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш.  Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот.  Претседателот […]

Најскапа земја во Европа е Исланд, најевтина е Македонија


Цените на стоките и услугите во Европа драматично се разликуваат од земја до земја, покажуваат новите податоци на „Евростат“, кои откриваат дека истата потрошувачка кошничка може да чини и речиси четири пати повеќе, зависно од тоа каде се купува. Индексите на ценовни нивоа на „Евростат“ ги споредуваат трошоците на потрошувачките стоки и услуги во секоја […]

Цените, корупцијата и емиграцијата најголема грижа за граѓаните на Македонија


Најновите меѓународни и регионални социолошки студии покажуваат дека јавниот акцент во Северна Македонија е доминиран од економските и социјалните проблеми. Високите цени, ниските приходи, квалитетот на здравствената заштита, корупцијата, емиграцијата на младите луѓе и падот на институциите се меѓу најсериозните предизвици со кои се соочува земјата. Високите цени и инфлацијата остануваат најголема загриженост Според Балканскиот […]

На Богодорица се чека и до четири часа


Сообраќајниот метеж на јужната граница  го смени правецот, па така од вчера попладне се бележат огромни и долги колони возила на граничниот премин Богородица за влез во Македонија. Голем број граѓани преку социјалните мрежи револтирано коментираат дека процедурите се одвиваат исклучително бавно и дека времето на чекање за пасошка контрола трае дури и до четири […]

Николоски: Со изградба на автопатот Прилеп – Битола патувањето до Атина се крати за три часа


Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. – На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски. […]

Денес топло со температури до 38 Целзиусови степени


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија


 Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки […]

Нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување


Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури […]

Вечерва Лозано и Таско во Кисела Вода, утре Војаж и 2Бона


Општина Кисела Вода најави богатата викенд-програма во рамки на овогодишното „Културно лето“. – Вечерва претстои голем музички настан во паркот пред салата „Расадник“, неделното претпладне е резервирано за најмладите преку манифестацијата „Семеен ден“, а викендот ќе биде заокружен со уште една голема забава утревечер. Програмата вечерва започнува во 20 часот во паркот пред сaлата „Расадник“, […]

Различни вкусови, рачни изработки и музички изведби го промовираа прекуграничниот регион на настанот „Border Bite” во Дојран


Домашни органски производи од бадеми и други јаткасти плодови, органско производство на слатко од смокви, чипс и природен засладувач од јапонско јаболко, декоративни предмети изработени од повеќе видови на дрво, изработки од текстилни материјали, домашни готвени јадења од дојранската кујна, како и повеќе видови на вина, мед и медови производи и природно изработени сапуни беше […]

Заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија


 Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето […]

Потврден случај на денга треска во Македонија кај 42-годишен маж од Бангладеш


Фадил Цана, директорот на Клиниката за инфективни болести денеска информираше дека во Македонија има еден потврден случај на денга треска. Станува збор за 42-годишен маж од Бангладеш кој допатувал во Македонија на работа. Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје. Заболениот е […]

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто


За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку дека значи извод без шалтер, уверение без губење денови, лиценца што се проверува со QR код, институции што разменуваат податоци меѓу себе, помалку документи и повеќе услуги на едно место, побрза администрација, пголема сајбер безбедност, повеќе дигитални вештини и можности за младите, како и […]

Вардариште интензивно се одгаснува


Со силно темпо се работи на Вардариште! Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека но сигурно заминува во историјата, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во видео-објава на социјалните мрежи.   Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат […]