Трето издание на „Разговори за еднаквост” со фокус на родово заснованата дискриминација на работното место


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија денеска го организираат третото издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на тема „Родово заснована дискриминација на работното место“. На отворањето на настанот ќе се обратат Душан Томшиќ, претседател на КСЗД, претставник од Делегацијата […]

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21.

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино


Годинава по осми пат од 3 до 5 јули ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”. Во духот на оваа иницијатива чија цел е обединување на Преспаните од трите крајбрежја на Преспанското езеро во три различни држави, програмата на овогодишното издание на фестивалот го рефлектира богатството на различностите, духот и традицијата на Преспа како регион […]

Чаир стана сопственик на земјиштето на плоштадот „Скендербег“, Меџити најави трета фаза


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што рече, се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за изградба на овој плоштад. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови […]

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС


Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори […]

Собранието усвои измени за електричните тротинети – деца не смеат да ги возат


Собранието денеска ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети и другите лесни електрични возила. Со измените се прецизира дефиницијата за „лесно електрично возило“, а максималната дозволена брзина за нивно движење се ограничува на 20 километри на час, во согласност со […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ со нула толеранција за корупција, по приведувањето на професорката што зела мито


Во врска со информациите за приведена професорка од Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, велат „имаме нулта толеранција за корупција“. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена. За жал, ниту еден систем не е целосно имун на поединци […]

Гаши на состанок на организацијата за црноморска соработка во Грузија


  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на генералното собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. Како што соопшти собраниската прес-служба, на свеченото отворање на Генералното собрание, Гаши се обратил со говор пред делегациите на земјите изразувајќи […]

Аеродром продава плац до Вардар за спортски објекти и за хотел


Две петтини за хотел или за конференциски простор, а три петтини за спорт и рекреација. Ова се намените на парцелата со приближна големина на три фудбалски игралишта покрај кејот на Вардар во скопската населба Аеродром што општината планира да ја продаде со јавно наддавање. Просторот од околу 23 илјади квадратни метри се наоѓа веднаш до […]

Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата во основните училишта


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, остро реагираше откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли […]

Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција – наскоро 100 нови амбулантни возила


Министерот за здравство Азир Алиу најави дека проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила ќе донесе значително подобрување на системот за итна медицинска помош и ќе овозможи воведување на современи услуги во реално време. „При крајот сме на проектот наредната недела ќе се комплетира за 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат дополнителна вредност […]

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари


Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за […]

Корупција во здравството: Се плаќа за побрз преглед кај специјалист, кревет или операција без чекање


Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана […]

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд


Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, […]

Дефект на Хируршките клиники, се откажуваат операции, велат од СДСМ


  Се откажуваат однапред закажаните операции во Клиничкиот центар и оние за кои е проценето дека не се итни поради дефект на системот, изјави денеска Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. На прес-конференцијата во Клиничкиот центар, таа рече дека се откажани операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и […]

Државно финале на Плазма Спортските игри: 600 млади се борат за пласман во Сплит


Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од финалето на државното првенство во рамките на „Плазма – Спортските игри за млади“ во Скопје и ќе се натпреваруваат за пласман на меѓународното финале во Сплит (17 – 22 август). Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет […]

Над 220 чешми низ Скопје вратени во функција


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово информираше дека повеќе од 220 чешми за пиење вода биле ставени во функција. „Скопје мора да биде град кој мисли на своите граѓани, особено во летниот период, кога високите температури бараат основни услови за разладување, движење и нормално функционирање. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел […]

Повторно гори кај Визбегово


Денеска повторно се гледа црн чад над Визбегово, откако вчера гореше во овој дел од градот. Вчера попладнето избувна голем пожар во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издигаше над местото и беше видлив од повеќе делови на Скопје. Засега се уште не е позната сериозноста на пожарот, ниту се знае што […]

Кај матичен лекар сами одлучете дали ќе бидете органодарител: Собранието го усвои новиот закон


Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт. Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против. Од […]