МОН добива 19,2 милиони евра од ЕУ
За исполнетите обврски од реформската агенда Министерството за образование и наука добива 19,2 милиони евра од Европската Унија – информира попладнево министерката Весна Јаневска на „Фејсбук“. – Кон преземените обврски преку реформската агенда пристапивме одговорно и работевме посветено. Така и ќе продолжиме. Резултатот е евидентен и јас сум задоволна од досегашната исполнетост на поставените цели […]