Судскиот совет ќе избира претседател на Кривичен суд


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 548-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е […]

Еврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“


Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 8 јули 2026 година, 189-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  176 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 8 минути, а ќе зајде во 20 часот и 11 минути. Денов трае 15 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации.   – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од […]

Владата отвори пат за избор на нов градоначалник на Брвеница


Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. Владината портпаролка Марија Митева информира дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа за настапување законски основ за […]

Српски полицајци до крајот на август ќе патролираат во Охрид


Од 7 јули до 31 август 2026 година, припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите македонски колеги во Охрид. -Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона и оваа година, заедно со колегите од Македонија, ќе работат заедно униформирани полицајци и крим-полицаец на Министерството […]

Во Стара чаршија урнале објект заштитен од државата


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје  е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите


Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување […]

Судиите-поротници на протест: И Камбовски смета дека надоместокот е мал


Судиите поротници при Основниот кривичен суд Скопје од денеска (7 јули 2026 г.) ќе започнат со мирен протест и нема да учествуваат на дел од судските расправи, а причината, како што соопштија денеска од Судот, е долгогодишниот проблем со дневниците и нерешавањето на нивните барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет. Портпаролот […]

В петок авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.07.2026 година (петок), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме […]

Ќе се отвора средно стручно за возачи во ЈСП?


Бројот на вработени возачи на градски автобуси во ЈСП „Скопје“ константно се намалува, што со пензионирање на постоечките, што со иселување, а само во последниов период бројот на возачи се намалил за 10 отсто.  За да не се доведеме во ситуација, кога во некој догледен период и ќе се набават нови автобуси за градскиот сообраќај […]

Нови антикоагулантни лекови на позитивната листа, еноксапарин, надропарин и ривароксабан достапни во аптеките


Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, […]

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време


Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.  Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

СЗО ја предупредува Европа за нови топлотни бранови, ја посочи Македонија меѓу подготвените земји


Додека делови од континентот очекуваат температури до 43 степени, СЗО ги истакна мерките на Македонија, Италија, Шпанија и други земји за заштита од екстремни жештини. Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Хенри П. Клуге, предупреди денеска дека Европа во наредните недели би можела да биде погодена од нови смртоносни топлотни бранови […]

Преку апликација, возачите во реално време ќе проверуваат каде има слободни паркинг-места во Центар


Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.  Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, […]

Ѓорѓиевски исплатил еднократна помош на „Антолог“ од 50.000 денари – штетата се брои во стотина илјади евра


Еднократна парична помош од 50.000 денари дал градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на издавачката куќа „Антолог“, чии магацински простории беа поплавени во големиот дожд што наврна во Скопје минатата недела. Советниците, на денешната седница поднесоа иницијатива за обештетување на „Антолог“ од страна на градот, но од службите појаснија дека за да се случи такво нешто, […]

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското Езеро


 Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија – јави дописничката на МИА од Атина. Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои […]

Домаќинствата можат да аплицираат до 30.000 денари за приклучок или за котел на гас


Граѓаните добиваат дополнително време да обезбедат финансиска поддршка за поекономично и поефикасно греење. Државата ќе покрие до 70 проценти од инвестицијата, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“. Аплицирањето е отворено до крајот на октомври. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка […]

Словенија создава повеќе отпад од нас, сепак македонското „малку ѓубре“ е голем проблем


Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле […]