На „Ќафасан“ одбиен влез во Албанија за сопатник на двајца пратеници и функционер од Влен


По едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското Собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи од владејачката партија Влен, но и заменик-генералниот секретар во Владата, Хасим Муртезани, пренесе 360 Степени. По овој настан, координаторот на Влен, Ќоку […]

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија


Филозофскиот факултет Скопје ја известува академската и пошироката јавност дека почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, син  на основоположникот на Македонската филхармонија – композиторот Тодор Скаловски. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на […]

На Инфективна e хоспитализиран пациент заразен со маларија


На Инфективната клиника во Скопје е потврден случај на маларија. Станува збор за пациент кој патувал во Занзибар. Тој пројавил симптоми на висока температура и имал треска, по што веднаш се јавил на клиниката каде е задржан на болничко лекување. Директор на Клиниката за инфективни болести,  Фадил Цана вели дека кај пациентот потврдена е маларија. […]

Променливо облачно време со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Без вода и струја повеќе улици во Скопје


Без вода денес од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 9 јули 2026 година, 190-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  175 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 7 минути, а ќе зајде во 20 часот и 11 минути. Денов трае 15 часа и 4 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 16 […]

На две места во Аеродром и на „Рузвелтова“, казнети граѓани што вечерва исфрлале шут покрај зграда


Вечерва, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град. Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на утрешниот […]

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза


 Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на земјава, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба, соопшти МВР. На средбата се разговарало за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, […]

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос, министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицепремиерот Беким Сали денеска извршија увид во реконструкцијата на Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, проект што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, и меѓународни партнери. Кос истакна дека реконструкцијата на студентскиот дом е јасен показател за поддршката што […]

ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом


П „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието. Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, […]

Четири лица се обвинети за стечајот на Еуростандард банка


  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело […]

Надземниот премин „Влајко“ даден на користење на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа


Во рамки на 15-тата седница која се одржа во просториите на локалната самоуправа, Советот на Општина Карпош заседаваше и расправаше по 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во тој контекст, советниците го усвоија Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство […]

Лекот „Фостер“ останува на рецепт, без доплата


Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен  зa пациентите без доплата, во најскоро време, соопштија попладнево од таму.   Министерството за здравство и понатаму ќе спроведува активности со […]

Бугарска компанија ќе ja штити безбедноста на податоците на владата, пишува „Фактор“


  Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила договор вреден околу 157.000 евра за набавка на интегриран систем за сајбер безбедност и заштита на податоци. Договорот е доделен на Друштвото за професионални и консултантски услуги „Телелинк бизнис сервисис“ од Скопје, , фирма регистрирана во Македонија. Но, податоците од сопственичката структура покажуваат дека нејзин сопственик со 100 проценти […]

Уништени се подводните фонтани во Вардар – Градот бара решение


Двете фонтаните во реката Вардар, кои требаше да прават водоскоци покрај Камениот мост, високи и по 20 метри, и да бидат осветлени во боите на виножитото, одамна се надвор од функција, а од Град Скопје потврдуваат дека нивниот систем е сериозно нарушен. „Во однос на подводните фонтани во коритото на Вардар, сакаме да информираме дека […]

Еко-свест со Јавен повик за грантови до 70.000 евра за граѓански организации


Еко-свест ја објавува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Македонија се соочува со еколошка ранливост и институционална стагнација. Граѓанските организации имаат клучен потенцијал да бидат „чувари на јавниот интерес“ и партнери во имплементацијата на системски решенија, […]

Крива Паланка добива адреналински парк – речиси е готов


Во рамки на теренската посета, градоначалникот изврши увид во завршната фаза од изградбата на Адреналинскиот парк на туристичкиот локалитет Калин Камен, уредувањето на просторот кај поранешното училиште во село Градец, како и во тековните работи за уредување на кејот на Крива Река. Станува збор за проекти што ќе придонесат за поуреден јавен простор, нови туристички […]

Даниела Димовска нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје


Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја избра Даниела Димовска за нова претседателка на Основниот кривичен суд – Скопје. Таа доби и четири гласа „за“ при гласањето според Бадентеровиот принцип. Во текот на седницата, повеќе членови на Судскиот совет ја образложија поддршката за Димовска, посочувајќи дека нејзината програма за работа нуди визија за развој и […]

Со багер му срушиле дел од куќата во Штип, додека семејството спиело


Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил оштетен откако градежна механизација започнала со уривање додека тој и неговото семејство се наоѓале во објектот. Според неговото сведоштво, настанот се случил околу 4 часот наутро, кога багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати […]

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 15.00 часот, ќе останат дел од корисниците од ул. 8 во село Горно Соње место викано Коштан, а од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од бул. Македонско-косовска бригада лоцирани кај сервис Бутел, соопшти РЦУК Скопје. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат и […]