Ќе се реконструира Домот на АРМ, потребни се најмалку 10 милиони евра


Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“,  Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловки, кој денеска беше на увид во градежните работи во касарната „Ќојлија“. – Во „Ќојлија“ целосно се реконструира нов објект, […]

Германија финансира набавка на 50 илјади борбени дронови за Украина


Германија финансира набавка на 50 илјади офанзивни беспилотни летала за Украина, што претставува една од најголемите познати набавки на дронови за Киев спроведени досега од некоја западна држава. Нарачката се однесува на дроновите од типот „Shrike FPV“, произведени од украинската компанија „SkyFall“, со софтвер на американската одбранбено-технолошка компанија „Auterion“. Софтверот овозможува автономно следење и таргетирање […]

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени


Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови […]

Сончево време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена […]

Автомобилско шоу на Пониква – изложба на двесте автомобили


На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството […]

Пукнала голема цевка кај ОХИС, голем дел од Скопје е без вода


Неколку големи скопски населби, како и села во околината на главниот град вечерва немаат вода во домовите поради голем дефект, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Дефектот, според соопштението, се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС. „Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ […]

Силјановска заигра оро на Галичката свадба


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел […]

Идната недела температурите до 38 степени


Следната недела во Македонија ќе донесе типично летно време со високи температури, многу сончеви периоди и попладневна нестабилност во повеќе региони. Најтопло ќе биде во вторник, среда и четврток, кога температурата во делови од земјата ќе достигне до 38 степени. Според најновите синоптички прогнози, утрините ќе бидат пријатни, со температури од 12 до 20 степени, […]

ЦУК: Нема активни пожари на територија на државата


Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на територија на државата. Има еден пожар под контрола и два изгаснати. Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот на градската депонија во Штип, а изгаснати се пожарите кај селото Уларци во општина Чешиново – Облешево и меѓу селата Дедели и […]

Села ќе добие надомест од 7,8 милиони денари за претепувањето


Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и ја зголеми висината на надоместот што Македонија треба да му го исплати за нематеријална штета предизвикана од нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со одлуката, државата е задолжена да му исплати на Села вкупно 7,8 милиони денари […]

Николоски: Градскиот воз ќе стартува на први септември


Линиите Центар-Ѓорче Петров и Центар-Илинден се следниот чекор во развојот на скопскиот Градски воз, најави министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. Тој вели дека по пуштање на линијата Зелениково-Центар на 1 септември, од втората половина од годинава треба да почнат тендерските постапки за двете линии. Според министерот, железницата е еден од главните инфраструктурни приоритети […]

Уставниот суд ги осуди обидите за партизација и политизација на неговата работа


Уставниот суд соопшти дека остро ги осудува, како што наведува, обидите за груба партизација и политизација на неговата работа од страна на одредени политички партии, оценувајќи дека тие настојуваат да ја зголемат сопствената политичка видливост преку злоупотреба на одлуките и меѓународните активности на Судот. Во соопштението се наведува дека меѓународната соработка на Судот е ставена […]

Најден Романецот што залута на Матка


Романски државјанин кој се изгубил на подрачјето на кањонот Матка е успешно пронајден во координирана спасувачка акција што ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи. Потрагата започнала откако туристот пријавил дека се наоѓа на непристапен терен и не може самостојно да се врати на безбедно место. Поради темнината […]

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи


  Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а […]

Денес се одржува Галичка свадба – живо сведоштво за нашето културно наследство


Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за […]

„Тие станови не се мои“, негира Груевски


Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови. Тој вели  дека сето тоа е дел од монтиран политички судски процес мотивиран од поранешниот премиер Зоран Заев. „По којзнае кој пат истите медиуми објавуваат наслови и текстови дека наводни мои станови се запленети и […]

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во општината Чешиново – Облешево, нагласи дека со смената на министерот за земјоделство нема да се решат проблемите во земјоделството, а новиот министер за земјоделство треба прво да одговори дали има бугарски пасош и резервна татковина. „До пред неколку месеци жестоко го бранеа министерот за […]

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно


Платформата SkiMacedonia информираше дека на планината Водно е забележана мечка, по што е упатен апел до сите граѓани кои се движат во овој регион да бидат особено внимателни. Според објавата, дивото животно било забележано над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек. Информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва, каде што е наведено дека […]

Се реновира охридската гимназија


МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава […]

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат


Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот, информираат од ДЗС. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов […]