Прилеп два дена без вода на 35 степени Целзиусови


Дел од Прилеп на 14 и 15 јули ќе има нарушено водоснабдување поради голем дефект на примарната водоводна линија на улицата „Леце Котески“. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ работат на санација, но поради обемот и сложеноста на интервенцијата, нормализирањето на снабдувањето не се очекува веднаш. Дефектот настанал во раните утрински часови во понеделникот, кога […]

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на претседателот на бугарскиот клуб во Битола. Останува условната казна


  Апелацискиот суд во Битола донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Ванчо  Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, откако Основниот суд му изрече условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години. Судењето против битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски го покрена Основното јавно обвинителство […]

Повеќе од 3.000.000 евра дала „Комунална хигиена“ за вработувања преку агенции, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа годишен план


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со […]

Се разубавува потегот од Зеленото пазарче до Собранието


„Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки […]

Во Битола започнува шестото издание на „Етно Македонија“, настапуваат млади музичари од целиот свет


Шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, почнува денеска, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог. Во периодот од 14 до 24 јули, нагласува организаторот, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, […]

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром


Од 08 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи. РЦУК, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, соопштува дека прекинот на струја ќе биде до 15 часот.

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“


Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите.

Сончево со температури до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во […]

Македонската и албанската полиција ќе спроведуваат заеднички патроли за превенција од шумски пожари


 Полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ остварија работна средба со колегите од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Албанија, со цел унапредување на прекуграничната соработка во превенцијата од шумски пожари. На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за […]

Роберт Милошески именуван за в.д. градоначалник на Општина Брвеница по смртта на Јовица Илиевски


Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за […]

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите


Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при […]

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за намалените плати


Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои […]

Данела повторно прашува до каде е предметот со дивоградбите во Чаир


Поранешната градоначалничка Данела Арсовска повторно бара од  Јавното обвинителство да и даде информации околу случајот со дивоградбите на екс градоначалникот Висар Ганиу , за кој никој не зборува во јавноста.  „Со поднесеното барање побарав информации дали е оформен јавнообвинителски предмет, кој јавен обвинител постапува, кои процесни дејствија се преземени, дали се обезбедени доказите и оригиналната […]

Жените во Пелагонискиот регион за прв пат добиваат можност за медикаментозен абортус близу местото на живеење


ХЕРА и Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола го отворија првото Советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје, проширувајќи го пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во Северна Македонија. Ова Советувалиште, покрај тоа во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Северна Македонија. Со тоа, за […]

Ни еден детал во „Пулс“ не бил во насока на заштита на посетителите, сведочи професорот Марковски


Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува […]

Запален автомобилот на Ѓоко Ристов, судијата обвинет за заѕиданите пари


Автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, обвинет за заѕиданите пари во куќата на неговите родители, бил запален ноќеска околу 2:50 часот во скопската населба Карпош, а во пожарот биле оштетени уште три возила и еден деловен објект. Според неофицијални информации, возилото било паркирано пред зградата во која живее судијата, непосредно под неговиот балкон. Се разгледуваат повеќе […]

Дигитализацијата не е доволна да се спречат трагедии – треба инспекции, предупредува Институтот за демократија


Дигитализацијата не е доволна за да се спречат нови трагедии, а системот за контрола на угостителските објекти сè уште има сериозни слабости, предупредува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Во нова анализа се бараат посуштински реформи, построг надзор и поголема одговорност на институциите. Петнаесет месеци по трагедијата во Кочани, измените на Законот за угостителска […]

За два месеца изречени 30 казни за граѓани што оставале кабаст отпад по Карпош


Општина Карпош објави дека во рамки на акцијата за двосменски инспекциски дежурства за контрола на непрописно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби во текот на месеците мај и јуни, изрекле околу 30 прекршочни санкции за граѓани.   „Акцијата се реализира согласно заклучоците од координативниот состанок помеѓу Град Скопје и […]

Меџити: Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе создаде нова културна традиција во Скопје


Општина Чаир годинава по првпат го организира Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, чија цел е да воспостави нова уметничка традиција и дополнително да го афирмира Скопје како значаен културен центар во регионот, истакна градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. На денешната прес-конференцијата Меџити нагласи дека културата и вредностите се еден од клучните столбови што го одржуваат и развиваат […]

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба, како што информираат од Министерството, […]