Викендов влегуваме во жолта предупредувачка фаза поради високите температури


Во петок (17 јули), како и за време на викендот (сабота и недела 18/19 јули) во Македонија се очекува интензивирање на топлината, но и понатаму без изразен топлотен бран кој би условил екстремно високи температури на воздухот, според метереолозите. „Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и […]

Запрете ги постапките за нови геолошки концесии: Барање на 26 граѓански организации до владата


  Дваесет и шест граѓански организации, иницијативи и платформа побараа од владата итно да ги поништи или стави вон сила одлуките и јавните повици за доделување концесии за проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини. Барањето се однесува на Одлуката бр. 50-10567/13 од 23 декември 2025 година за просторот „Север–Североисток“, Одлуката бр. 57-4047/9 од 30 […]

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари


Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано […]

ДЗР: ЈП ПОЦ Скопје не уплатил 86 милиони денари комунална такса во буџетот на Општина Центар, натрупал 20 милиони застарени побарувања


Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година, поради што изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива. Ревизијата констатирала дека претпријатието несоодветно ја евидентирало опремата и градежните […]

Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, АХВ вели нема опасност за луѓето


Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов […]

Дел од Бардовци без вода поради дефект


Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.

Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница


Без електрична енергија денеска од 08:00 до 12:00, ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Вода од 08:30 до 15:00 часот ќе немаат и корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај.

Сончево и топло до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. […]

Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид, уверува Трајановски


Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази,  во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.  – На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада […]

Пожар во парк шумата „Гази Баба“


Пожар избувнал во парк шумата „Гази Баба“ меѓу населбите Железара и Автокоманда. Жители од Железара споделуваат фотографии од парк шумата од каде се гледа чад.  На терен се упатени екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци


  Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, се вели во партиското соопштение. Во соопштението на ГРОМ се наведува: „Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи […]

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски


  Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања и Панче“, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде повторно суден. Како што соопшти Апелацискиот суд, по одржаната […]

Скопје добива нова урбана дестинација: ТРИАНГЛА – хотел, современ шопинг парк и семејни содржини на едно место


Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани. Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на […]

СДСМ: Трагата за милионските договори на компанијата „Маратон“ води до Игор Јанушев


  Трагата за милионските договори на компанијата „Маратон“ и можностите кои ги носи води до врвот на ВМРО и до актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, рече дека наводно цветаат бизнисите на „Маратон“ блиска до власта. „Со доаѓањето на ВМРО на […]

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали


Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста […]

Решено убиството на д-р Ацо Трповски во Автокоманда пред две години – осомничени се сопружници


  Шеесет и пет годишен маж со нож го убил докторот Ацо Трповски пред две години во март, а во тоа му помогнала неговата 59-годишна сопруга, соопштија денеска во Јавното обвинителство. Осомничените сопружници се веќе во притвор. Како што информираат во Обвинителството, врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на […]

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје


Биста на Махатма ганди, кој се смета за татко на нацијата во индија, во догледно време ќе биде поставена во Скопје, а е донација од Амбасадата на Индија, соопшти денеска скопскиот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.    Тој вели дека денеска се сретнал со со делегација од Амбасадата на Република Индија, предводена од ополномоштениот амбасадор на Индија […]

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана


Двете најголеми партии (без поединци), изгласаа нацрт ДУП со кој на подрачје, кое е означено дека е под влијание на ерозија, се планира изградба на уште 25 големи објекти, од кои 24 се приватни куќи – хациенди, велат од „Шанса за Центар“ Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и градење е поважно […]

Со 6.000.000 евра се уредува 12 км од коритото на Сува Река во Сарај


 Со инвестиција од над шест милиони евра, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање, започна целосното уредување на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа 12 километри од селото Бојане до Глумово, каде што реката се влева во Треска, и ќе се реализира етапно до 2029 година со цел трајно решавање […]

Пожарот кај село Бајково на Огражден е ставен под контрола


Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково,во Општина Ново Село и се закануваше да се прошири и да ја зафати тамошната црква, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов. „Пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата „Св.Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат […]