За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над рекордни 778 илјади патници


 Во првите шест месеци од годинава,  историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар. – На овој премин, во периодот јануари – јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, […]

Ресенчанец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново


Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била […]

Околу 1.200 граѓани побарале медицинска помош во Гостивар поради стомачни тегоби


Голем број граѓани од Гостивар во изминатите неколку дена побарале лекарска помош поради симптоми кои се поврзуваат со проблемот со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“, во установата биле пријавени околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми како повраќање, дијареја, болки во желудникот, покачена температура и општа слабост. „Во […]

Полицијата ги проверува наводите за загадување на водата во гостиварскиот водовод


По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар полицијата спроведува истражни мерки. Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот. – Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 […]

СДСМ: Животниот стандард е урнисан, платите се најниски во Европа


СДСМ ја нападна власта оценувајќи дека за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан, а 73% од граѓаните имаат плата под просекот. -Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под […]

За викендот сончево и многу топло до 40 степени


До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите […]

Сиљановска вели дека дијаспората гласа на локални избори. Не е во право, затоа што таа гласа дома


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа направи еден гаф или погрешно тврдење кога зборувајќи за начинот на гласањето на дијаспората рече дека „е чудно што кај нас на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен“. Ова тврдење на Сиљановска што го изнесе во интервју за Канал 5 не е точно, а уште повеќе тоа не […]

Во Битола отворена изложба на стари фотографии „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар“


Државниот Архив – одделение во Битола и НУ Центар за култура, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, синоќа во битолскиот безистен промовираа изложба на стари фотографии „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар“, кои потсетуваат на некогашните големи пазари во овој град Ат Пазар, Житни Пазар, Мас Пазар, Ленски Пазар, Пекмез Пазар и Дрвен Пазар. Во […]

Делови од Горно Соње и Бардовци без струја


Без електрична енергија денеска од 07.00 до 16.00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Оод 09.00 до 13.30 часотструја ќе немаат и дел од корисниците околу црквата во населбата Бардовци.

Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода


Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и […]

Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во […]

Македонија почнува со изградба на Национален дата центар


Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме […]

Речиси во цела држава дожд и грмежи


Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи […]

Новиот министер за култура дочекува гости со албанско знаме


Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска го пречекал амбасадорот на Австрија, Мартин Памер со албанско знаме на маса. Според законот за употреба на македонското знаме во централните институции и министерствата во Република Северна Македонија не се истакнуваат знамиња на етничките заедници така што истакнувањето на знамето на Албанија може да ги збуни соговорниците каде […]

Охрид на чекор да биде прогласен за загрозено културно наследство


  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Конечната одлука ќе биде донесена на 22 јули. На седницата Комитетот изрази голема загриженост бидејќи оценува дека целокупниот напредок во справувањето со тековната деградација на Регионот е ограничен и […]

Новиот закон овозможува државни и приватни дата-центри, вели Николоски


Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата-центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата-центар со цел заштита на институциите и зголемување на кибербезбедноста – посочи министерот за транспорт […]

Николоски: Имаме решение за патот за „Теферич“. Владата ќе го води проектот


Санацијата на свлечиштето на патот за „Tеферич“ во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за  санација и стабилизација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.    „Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, […]

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси


Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата – информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски.  – Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот.  Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите […]

УХМР предупредува: Влажното време создава услови за штетници и растителни болести


Дождот што изминатите денови зафати делови од земјава ќе придонесе за зголемување на влагата во почвата, но истовремено создава услови за појава на растителни болести и штетници. Агрометеоролозите апелираат земјоделците редовно да ги контролираат посевите и навреме да преземат мерки за заштита. Според УХМР, топлото и суво време во изминатиот период им одговараше на земјоделците […]

Обвинителот се откажа од обвинението, пропадна и случајот „Тотал“ за новинарот Латас


  Пропадна и случајот ,,Тотал” во кој беше обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас, бидејќи обвинителот целосно се откажа од обвинението во завршниот збор поради застареност и недостиг на докази за кривично дело. Предметот „Тотал“ беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство за даночно затајување против Латас и три правни лица, Основниот кривичен суд Скопје информира оти […]