Проектот за водоснабдувањето во Гостивар бил завршен 98 отсто , но фалат 600 метри да биде функционален


Кризата со водоснабдувањето во Гостивар го отвори прашањето што станува со  реализацијата на проектот даден од Швајцарија токму за да се осигура безбедноста на водата во општината. Со соопштение реагираше и јавното претпријатие „Комуналец“ во кое порачаа дека 98 отсто од предвидените активности се завршени, но има делови од проектот што се уште  не се […]

Левица: Фекалии од сточарска фарма директно се испуштаат во Брегалница


До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на село Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен […]

Обвинителството ги истражува тендерите на Општина Гостивар


Финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор, распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, како и наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП „Комуналец“ се дел од документацијата ја побарало Основното јавно обвинителство во Гостивар во рамки на истрагата. Според неофицијални извори , дел од бараната документација сè уште се очекува, […]

Се запали куќа на 84-годишен скопјанец на булевар „Словенија“


Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во саботата во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го […]

Застој на македонско-грчката граница – штрајкуваат грчките цариници


Патниците кои утрово се упатија кон Грција треба да сметаат на подолго задржување на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани […]

Без вода селата Крушопек и Лака


 Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците од селата Крушопек и Лака во општина Сарај. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на работните активности.

Традиционална крводарителска акција по повод 26 јули во Скопје


Во Домот на АРМ – Скопје денеска од 09:00 до 18:00 часот ќе се одржи традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Акцијата ја организира Црвен крст на град […]

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 […]

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево


Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат  кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. […]

Општина Босилово: Заради заматување да не се пие водата од хидросистемот „Иловица“


Заради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, ги информираме корисниците на водоснабдителниот систем „Иловица“ дека водата не треба да се користи за пиење до понатамошно известување, соопштија од Општина Босилово. -ЈКПД „Огражден“ – Босилово од утре ќе врши испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем. Исто така, денес се земени примероци од […]

Преземените мерки на Македониумот имаат исклучиво превентивна заштитна функција, се брани „Завод и музеј-Прилеп“


Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација,  реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на […]

Полскиот урбанист Циборовски доби спомен-плоча за неговиот придонес во обновата на Скопје


Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија – истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи. Ѓорѓиевски  и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена […]

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е резултат на робусна, интензивна дипломатска активност, вели Мицкоски


По робусна, интензивна дипломатска активност, добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да се оцени што ќе испорачаме, а во 2031 година ќе биде конечниот извештај. Тоа е голем успех за сите добронамерници и за сите граѓани, со исклучок на опозицијата, […]

Мицкоски вели утре технички исправна вода во Гостивар . Кој да му верува?, се прашува СДСМ


Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ […]

ЦУК: Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола


 Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под […]

Скопје ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси, најави Мицкоски


По голготата што ја проживуваат Скопјани со ѓубрето кое се собира еднаш месечно во населбите, и со застарениот градски превоз кој ниеднаш не е исчистен во внатрешноста на автобусите, премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе […]

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година


Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.  -Пред седум […]

Пожар избувна во парк шумата Гази Баба – Скопската пожарна на терен


Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Огнот е многу блиску до населеното место. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен.          

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната Македонија


  Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната цела Македонија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Правејќи паралела со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, од СДСМ посочуваат дека тоа било природна катастрофа, а денес, како што велат во објавата од опозициската партија, државата се соочува со системска непогода. […]

Oблачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре


Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.  Метеоролозите најавуваат дека […]