На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути


Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица,  каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Сончево со локална облачност, температурите до 35 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална […]

Судот во Улцињ одреди 30-дневен притвор за македонска државјанка која е осомничена дека намерно прегазила куче


Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според информациите од црногорската полиција, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот се […]

Пријави се денеска, трчај во октомври: вториот рок завршува на 31 јули


Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен […]

Водата во Маврово привремено не е за пиење


Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на […]

Поради неуплатени 16.588 денари општина Гостивар две години чекала дозвола за водоводот


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна […]

Угостителските објекти во Струга ќе работат до 2 односно до 3 часот по полноќ


Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Ваквата одлука ја донесе Советот на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до […]

И двајца стоматолози „паднаа“ во случајот „ботокс“ – примале мито за полагање испит


Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поведе истрага против двајца стоматолози, кои примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“. Едниот бил претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит, а другиот претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците. Уплатата била извршена на трансакциска сметка, но Обвинителството не објавува за колкава сума се работи. Доказите се […]

Пет нови случаи на западнонилска треска потврдени овој месец, вкупно осум годинава


 Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во […]

Крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје во чест на солидарноста по скопскиот земјотрес


Црвниот крст на град Скопје денеска спроведува традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но, како што истакнаа од таму, исто така и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Александра Валкановска, стручен соработник во Црвниот крст на […]

Гостивар доби техничка вода – за пиење и натаму ќе се доставува флаширана


  Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак […]

Нема дозвола за решетките на Македониумот. Инспектори ќе одат во Крушево


  Инспектори од Управата за заштита на културното наследство утре ќе одат во Крушево да видат што се случува со Македониумот и какви решетки се поставуваат на галериите со витражи. Во изјава за порталот „Сдк“ директорката на Управата, Весела Честоева, вели дека нејзината институција не дала дозвола да се поставуват решетките. Честоева вели дека во […]

За речиси 6 отсто поскапо парно за скопјани од 1 август


Граѓаните на Скопје ги очекуваат повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги пресече новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ […]

Пожарникарите сѐ уште се справуваат со пожарот над Прилеп, засега Трескавец не е во опасност


Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано Заград кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, […]

Во Скопје ќе се прска против комарци на 30 и на 31 јули


Градот Скопје ја известува јавноста дека, согласно Годишната програма за спроведување на мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, продолжува со реализација на следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци. Во текот на изминатиот период […]

СДСМ бара Владата да објави според каква анализа водата во Гостивар е технички безбедна


  Владата веднаш јавно да ги објави параметрите според кои одлучи да ја прогласи за технички исправна водата во Гостивар, бараат од опозициската партија СДСМ. Во соопштението од партијата се проблематизира тоа што Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а не здравствените институции, ја соопштил одлуката, и тоа без граѓаните да ги имаат резултатите од […]

УХМР попладнево најавува невремиња


Попладнево во повеќе делови од Македонија се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи. Локално облачните процеси може да прераснат во краткотрајно невреме со ветер посилен од 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 27 до 35 […]

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата


Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, […]

Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани


Во текот на вчерашниот ден порасна бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар. Како што информира Министерството за здравство, во неделата евидентирани се 127 нови случаи. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се прегледани се 91 […]

СДСМ бара кривична одговорност за министерот Сашо Клековски


  Бројките се намалуваат, но се многу големи: До вчера 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии, а само во неделата се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. „Министерот за здравство, Сашо Клековски, самиот призна дека ‘црвените светла’ во Гостивар се запалиле со […]