СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги осиромашуваше граѓаните и стана најбогата партија во Европа


ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани тонеа во долгови и сиромаштија, нема ниту минимален кредибилитет да зборува и да глуми загриженост за социјалната заштита. За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи на унапредување на социјалната заштита и системско извлекување […]

Заев: Каква било промена во Уставот не значи трајна гаранција за Грција


Каква било промена во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за барањата од Атина за промена на Уставот како гаранција за евентуалното решение на спорот за името. – Многу е важно да го […]

Вработените по Рамковен кои седеа дома ќе почнат да работат


Во наредните недели ќе започне процесот за прераспеделба на вработените по Рамковен договор кои беа распоредени на работни места, а седеа дома, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. – До крајот на овој месец доста ќе одминеме од оваа фаза. Правиме некакви пилотирања на распределбата што отприлика ќе ни ја даде […]

Рудникот Саса најави стабилност на работните места на 700 вработени


Пред претставници на Владата, Собранието, локалната управа, бизнисот, академската заедница и другите општествени сегменти во Македонија, членовите на Бордот на директори на Централ Азија Металс (Central Asia Metals, AIM: CALM), новиот сопственик на рудникот САСА ја претставија својата визија за идниот одржлив развој на најголемиот рударски комплекс во земјата. – Импресионирани сме од досегашните достигнувања […]

Во Кривичен суд примени 2.580 барања за амнестија


Од стапувањето во сила на Законот за амнестија, во Кривичниот суд примени се вкупно 2.580 барања за амнестија. Како што информираа од Судот на денешниот брифинг со новинарите, во Одделението за кривично-полнолетни примени се 1.951 барање, од кои уважени се 924, а 689 се одбиени или отфрлени. Во ова Оддление за 317 барања има одлука, […]

Азески: Новиот сет мерки за поддршка на бизнисот неопходен чекор за развој на економијата


Деблокирањето на Собранието и донесувањето на новиот сет владини мерки за поддршка на компаниите е последниот начин да фатиме чекор кој ќе не одведе на вистинскиот пат, но секако, во корелација со подобрувањето на инфраструктурата, рече денеска претседтелот на Стопанската комора Бранко Азески. Одговарајќи на новинарски прашања пред промоцијата на новиот погон на „Макпрогрес“ во […]

ГСОЛ: Фени индустри повторно произведува


Фени индустри повторно произведува, а враќањето во производство доаѓа по само еден месец откако компанијата потпиша договор со Еуроникел, нашето претставништво во Македонија, порачуваат од ГСОЛ. – Завршувањето на првиот производ на Фени индустри и враќањето во производство е доказ за нашата континуирана заложба за воспоставување на нова перспектива и иднина за „Фени“, нејзините вработени […]

Полицајката Јаначкова даде исказ во Обвинителството


Полицајката Јасмина Јаначкова која имаше инцидент со функционерот на ДУИ Беќир Асани денеска даде исказ ви Јавното обвинителство. По разговорот во Обвинителството, Јаначкова не даде изјава за медиумите. Таа имаше инцидент со Асани пред трговскиот центар „Мавровка“ откако повика пајак служба за неговото возило поради непрописно паркирање. Случајот предизвика интерес во јавноста бидејќи сведоци кои […]

Околу 14 отсто граѓани имаат оштетувања на бубрезите


Околу 14 отсто од населението во Македонија страда од хронична бубрежна болест,  рече д-р Оливера Стојчева Танева од Клиниката за нефрологија, на вчерашната конференција по повод Светскиот ден на бубрегот, кој се одбележува в четврток. Хронично бубрежната болест е светски проблем со несакан исход и предвремена смрт. Зафаќа околу 195 милиони жени и е 8-ма […]

Филип Стојановски: Единствена конкретна мерка е укинувањето на радиодифузната такса


Реформите во медиумите напредуваат со различна брзина и квалитет, тие се започнати, но не се исполнети во онаа мерка во која би овозможиле целосно исполнување на итните реформски приоритети, е генерална оценка на вториот периодичен извештај во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ на Фондацијата „Метаморфозис“, Агора и Платформата за истражувачко новинарство и анализи […]

Апелација ја одби жалбата на СЈО за судиите од Управен


Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди првостепеното решение со кое е одбиено обвинението против пет судии на Управниот суд. Специјалниото јавно обвинителство покрена обвинение против петтемина судии од Управниот суд за злоупотреба на службената положба, а во врска со серија изборни нерегуларности пред, за време и по локалните […]

Заев: За поздравување одлуките за оставки на членови на Aнтикорупциска


Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат оставки. – Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни меѓународни […]

Попова: СДСМ едно ветуваа пред избори, друго прават кога се на власт


СДСМ или свесно ги лажеа граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, додека граѓаните преживуваат. Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека социјалната помош веднаш по преземањето на власта ќе ја покачи на 12.000 денари. Зоран […]

Кривичен го одбил барањето за враќање на пасошот на Мијалков


Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за враќање на патната исправа. Како што појаснија од Кривичниот суд на денешниот брифинг со новинарите, одбраната на Мијалков на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост, односно да му се врати патната исправа. Одбраната, […]

Таксистите ќе возат и без англиски јазик


Такси превозниците ќе немаат обврска за задолжително познавање англиски јазик при добивање лиценца за работа. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од […]

(ВИДЕО) „Сам дома“ на битолски начин: Дете фрли кревет од тераса


Дете на возраст од десетина години во Битола фрли од тераса на повеќекатница стар кревет, кој паѓајќи на земја можеше да убие некого. Оваа лудорија некој ја снимил и ја објави вчера на Фејсбук. На снимката се гледа како дете на терасата влече кревет, го потпира на оградата, а потоа го фрла и се крие […]

Тумори од бели дробови ќе се вадат без операција


Без операција и без крварење на скопската Клиника за пулмологија ќе се вадат сите видови тумори и полипи кои растат во белите дробови. Целата интервенција трае околу една минута и ќе почне да се применува од април. Оваа интервенција на Клиниката за пуломологија и алергологија ќе ја работат пет доктори, кои веќе биле на обуки […]

Заев: Може да им купиме возила на сите пратеници или да им обезбедиме станови во Скопје


Патните трошоци на пратениците кои се пресметуваат според постојните закони претставуваат голема сума за граѓаните. Преку дебата треба да се најде прифателиво решение и за граѓаните и за пратениците. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање дали денеска пред пратениците ќе се најде некаков предлог за измени на овие закони. -Може да […]

Заев тврди дека е невин за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата. – Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе […]

Прочистувачи за воздух за уште две градинки во Карпош


Уште две градинки во Карпош целосно се опремени со прочистувачи за воздух. Градинката „Распеана младост“ во Карпош 1 и „Орце Николов“ во Карпош 4, добија прочистувачи од страна на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“.