Готмелер: НАТО се надева на решение за името


„Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум“, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија Скај, јави дописникот на МИА од Атина. Во однос на членството на Македонија во Северно-атлантската алијанса, таа ја споменува неодамнешната посета на генералниот секретар […]

Пуштен во употреба Гео-информацискиот систем на Општина Аеродром  


  Општина Аеродром ја пушти во употреба веб – апликацијата на  Географскиот информациски систем (ГИС), што ги опфаќа сите важечки планови за територијата на општината. Општинарите појаснуваат дека преку овој систем, секој може бесплатно да изврши увид врз тоа како е испланиран просторот и каде се наоѓа неговиот дом, односно станбена зграда, куќа, деловен простор. […]

Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент. Групата „Пријатели на Република Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа. […]

Нема да се учи по „Кембриџ“


Учениците нема да учат по „Кембриџ“ програмата, одлучи Владата на вчерашната седница. Донесена е и одлука за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик. „Од областа на образованието, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на […]

По автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се вози од следниот месец


Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се извршени потребните техничките контроли на автопатската делница, каде е завршена електрификацијата и потребната […]

Чаирскиот „шериф“ не ја легализирал спорната дивоградба


Полицајката што минатата недела беше нападната од Бекир Асани, вчера беше повикана на распит во Основното јавно обвинителство, кое отвори истрага по допрен глас, иако Министерството за внатрешни работи одлучи да не поведува кривична постапка против високиот функционер на ДУИ. Неофицијално, таа останала на ставот дека блискиот соработник на Али Ахмети само вербално ја навредувал […]

Facing the demons


Ljupco Popovski In an unusually short time, Republic of Macedonia again faces its demons – the nationalist patriotism, the ethnic gap, the unfinished transition, the powerlessness of the institutions, the enormous expectations of the wrath and the most important: the name issue. Perhaps someone will notice that the solution to the name issue is not […]

Демонтажа на институциите наследени од „режимот“


Се води хајка против мене, не знам од кои причини, беше реакцијата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов, по јавните притисоци да си поднесе оставка. Советот на обвинители е една од двете институции, покрај Антикорупциската комисија, околу кои се развиваат скандали во последните денови. И додека во Антикорупциската комисија почнаа да се […]

Владимир Талески денеска на суд за „Транспортер“


Во Кривичниот суд за денеска закажано е судење за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. Минатото рочиште беше […]

Љајиќ во Скопје по решение за брашното


Решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија се очекува од најавената средба меѓу министерот за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ кој денеска треба да дојде во Скопје. Од кабинетот на српскиот министер соопштија дека доколку денеска не биде постигнато решение околу овој спор, Србија ќе воведе контрамерки […]

Стопирана е трансплантацијата на бубрези од починат донор


Две и пол години не е направена ниту една трансплантација на бубрег од кадавер (починат донор), иако на тоа чекаат околу 200 пациенти. Причината за застојот е во тоа што државата не воспостави систем кој ќе функционира, нема национален координатор за трансплантација ниту болнички координатори, односно нема востановен систем кој ќе се грижи за трансплантациите […]

Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија


Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата. Владината прес-служба соопшти дека ансамлот се основа „заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија“.

Катица Јанева дел од Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството


Владата на денешната седница формираше Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев. Во Советот ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, државниот јавен обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелациските судови […]

Запрена продажбата на блиндираниот „мерцедес“


Владата вечерва на седница одлучи да ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го набави претходнтата влада, со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ. За набавката на „мерцедесот“ СЈО отвори предмет „Тенк“ кој […]

Кафулето Боката со извинување за инцидентот, во иднина бараат навремено известување


По Фејсбук статусот на  писателката и новинар Јагода Михајловска – Георгиева за тоа дека таа и колпортерот не биле добредојдени во кафулето Bocata, во јавноста се појави извинување и објаснување околу недоразбирањето. „Во име на фирмата и персоналот на Боката им се извинуваме на луѓето вработени во списанието Лице в лице. Како сите граѓани така и ние немаме ништо […]

Штерјов: Во чие име Ристовски бара оставки?


Коле Штерјов, претседателот на Советот на обвинители, вели дека не знае во кое својство заменик-министерот за правда Оливер Ристовски бара оставки од него и од неговите колеги. „Недопустливо е заменик-министер да се меша во работата на Советот на обвинители. Ристовски вели дека тоа е негово лично мислење дека треба да поднесат оставки. Меѓутоа, јавна изјава […]

Телефонски разговор на Заев со Гутереш: поддршка за разговорите за името


Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев попладнево имал телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, соопштија од владиниот прес-центар. Гутереш ги поздравил реформите што ги прави македонската владата, вклучително и, како што е наведено, позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите. Позитивно бил оценет и Договорот со Бугарија, во […]

По цел ден натегање, Законот за јазици повторно одложен


Продолжението на 32.собраниска седница, на која требаше денеска прво да се расправа за Законот за употреба на јазиците во трето читање, е одложено на неодредено време, по цел ден натегање меѓу пратеничките групи околу тоа како ќе оди процедурата за над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. Од Собранието и официјално соопштија пред малку дека нема […]

Вицепремиерот Бујар Османи ќе ги координира иницијативите од Стратегијата за Западен Балкан


Владата на денешната седница го определи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за координатор на шесте носечки иницијативи од новата Стратегија на Европската комисија за Западен Балкан. – Иако Стратегијата се уште е во фаза на разгледување од страна на телата на Советот и земјите членки на ЕУ, Владата процени дека е важно подготвителните активности […]

Селмани – Џолев: Подобри услови за новинарите што известуваат од судски рочишта


За подобрување на условите на новинарите што известуваат од судски рочишта и на меѓусебната соработка разговараа денеска претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и претседателот на Кривичниот суд во Скопје Иван Џолев. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја поздравил новата пракса на претседателот Џолев за транспарентност на институцијата. – Сугериравме на институциите да […]