Објавите на социјалните мрежи можат да се користат во судски постапки


Внимавајте со објавите на „фејсбук“, „твитер“ и другите социјални мрежи, бидејќи сликите и постовите можат да се користат во сите постапки пред судовите на Република Македонија. Сите докази што се прибавени на законски начин може да се изнесат во судска постапка и на нив да се темели одлуката на судот. Заканата упатена кон премиерот Зоран Заев, […]

Патните трошоци на пратениците меѓу најбараните информации од јавен карактер


Патните трошоци на пратениците, нивните плати и надоместоци, јавните набавки, деловнички работи, извештаи од комисии и од работата на Парламентот, се најбараните информации од јавен карактер во Собранието на Република Македонија. Најчесто, тие информации ги бараат новинари, невладини и граѓански организации. Барањата за трошоците и платите и надоместоците понекогаш се однесуваат за сите 120 пратеници, […]

Несовесен битолчанец предизвика пожар во Офицерскиот дом


Пред нецел час пожарникарска екипа успеала да го изгаси пожарот во Офицерскиот дом во Битола кој се претпоставува дека го предизвикал несовесен граѓанин. Очевидци од околните кафулиња, кои и ја повикале Противпожарната бригада, сведочат дека непознато лице вечерва запалило оган во внатрешноста на објектот, откако претходно влегло низ некој од скршените прозорци и запалил оган […]

Уапсен е близок соработник на министерот Спасовски


Под сомнение за злоупотреба на службена должност, попладнево од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Приведувањето е извршено по налог на Основното јавно обвинителство, под сомнение за сторено  кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој бил приведен попладнево во […]

Исчезнат е претседателот на Здружението на бранители од Куманово Предраг Петрушевски


Членови на семејството на претседателот на Здружението на бранители од Куманово Предраг Петрушевски Бинго бараат помош од граѓаните да го пронајдат нивниот татко и сопруг кој е пријавен за исчезнат. Ќерката на Петрушевски на својот фејсбук профил информира дека татко и, поранешен бранител, е исчезнат од вчера и дека му се губи секаква трага од […]

(ВИДЕО) Стевче Јакимовски: Украдената победа мора да има последици


Претседателот на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски гостуваше во емисијата „Само вистина“ на тема Следува ли прочистување на „политичкиот воздух“ во Македонија? Јакимовски говореше за судството, изборите, настаните од 27 април, законот за јазици, новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  можни предвремени избори… Целата емисија […]

Османи: За доброто на Македонија наредната недела ќе биде изгласан законот за јазици


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека следната недела ќе биде изгласан законот за јазиците. Тој во изјава за Телма ја отфрла можноста за менување на текстот, бидејќи, како што вели, тој е усогласен претходно со двете најголеми партии во македонскиот блок. – Наредната недела законот за јазиците повторно ќе се најде пред пратениците […]

Најголем дел од српското брашно ќе се контролира во Македонија


За увозот на 95 проценти од српското брашно во Македонија контролните маркички ќе се лепат кај нас, односно ќе се добиваат по добиената анализа од Агенцијата за храна и ветеринарство, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање колку ова брашно е безбедно и контролирано. Тој смета дека јавноста треба […]

Доброволците во АРМ дадоа свечена заклетва


Триесет и четвртата генерација војници на доброволно служење воен рок во Македонија денесКА во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес даде свечена заклетва. Командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковникот Арбен Јакупи, на свеченоста порача дека во наредниот период им претстои напорна работа во совладувањето на планираните содржини од обуката. Тој посочи дека со служење на […]

Пајтонот остана со еден коњ


Неколку дена низ Градски парк и низ центар пајтонот вози само со еден коњ. Другиот нигде го нема. Од Град Скопје немаат информација што се случува со другиот липицанер, а ништо повеќе не знаат ни од „ЛУНА“ дооел, кои се директно надлежни за реализација на проектот „Пајтон“. „Можеби се разболел. Можеби е поштеден од турите. […]

Асоцијација на архитекти: Поддршка за изградбата на нов Клинички центар


Асоцијацијата на архитекти на Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на Владата и Министерството за здравство со која, како што наведува, конечно се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар. – Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата, новиот клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што […]

Совет на Гевгелија: „Не“ за рудници на Кожуф


На денешната вонредна седница Советот на општина Гевгелија едногласно го одби барањето за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф од страна на фирмата „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје. Ова е вториот негативен одговор на гевгеличани по референдумското „НЕ“ за истражување на металични минерални суровини на локалитетот „с. Коњско“ на Кожуф планина, пренесе порталот Gevgelijanet.  На денешната […]

Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора ја поздравуваат одлуката за изградба на „Медицински град”


Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора на Македонија преку соопштение ја поздравија одлуката за изградба на „Медицински град” со Клинички центар, Медицински факултет, Истражувачки центар и Студентски кампус во близина на Скопје. Од Лекарската комора соопштија дека претседателите на овие професионални асоцијации доц. д-р Калина Гривчева-Старделова, проф. д-р Владимир Поповски и проф. д-р Бистра Ангеловска се […]

Регионалните новинарски здруженија со осуда за нападите упатени кон Насер Селмани


Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите ги осуди заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. – Заканите и нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинари претставува напад […]

Во Автокоманда поставена еко зоната на „Нула отпад“


Во населбата Автокоманда во општина Гази Баба денеска се постави еко зоната на „Нула отпад“. – Здравјето, односно здравата животна средина во која живееме сега ние, а во иднина и нашите поколенија е од суштинско значење. Со брзиот развој на технологијата доаѓа и до големи количини на електричен и електронски отпад кој иако навидум изгледа […]

Османи: Сакаме да ги почнеме преговорите со ЕУ за време на австриското претседателство


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, а во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од регионот. Средбата е […]

Разговорите од процесот „Жан Моне“ презакажани за мај


За мај се одложени разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Средбата, како што беше најавено, постоеше можност да се одржи од 15 до 17 март во Охрид и на неа освен пратеници од Собранието и тројцата европратеници се најавуваше присуство и […]

Адвокатите ќе штрајкуваат ако се усвојат измените на Законот за нотаријат


Реакциите на адвокатите се спонтани и оправдани и се резултат на Предлог законот за нотаријат во кои се отстрануваат адвокатите, изјави претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во врска со најавите за штрајк. Тој вели дека воопшто не би сакале да има потреба од штрајк. – Адвокатската комора се обрати до Владата со […]

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци


Новиот Клинички центар ќе се гради во скопско Бардовци, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција во Владата. Ваква одлука донела Владата, и по цена да плаќа пенали на Банката на Советот на Европа, кои би биле во висина од 5,5 милиони евра. – Сметам дека сега тоа што ни изгледа како најскапа […]

Со јапонски грант ќе се опремуваат пет болници и четири училишта


Пет јавни здравствени установи и четири основни училишта добија грантови од Јапонија во вкупен износ од 428.066 евра. Парите ќе се искористат за девет проекти, односно за просторни реконструкции, набавка на опрема и за медицински возила за транспорт. Доделени се преку програмата ГГП – Грант-помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност. Грантови добија […]