Манчевски: Предводници на новото време се иновациите во ИТ-сферата


Хакатон е најдобра алатка како да се стигне до многу иновативни и технолошко прогресни идеи за многу кратко време, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вечерва на отворањето на манифестацијата Биталон – прв хакатон организиран во Македонија. Пред 120 учесници Манчевски истакна дека можностите што ги нудат информатичките и технолошките иновации се […]

Одбележување на 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи


Со повеќе настани утре и задутре во Скопје, Битола и Штип ќе биде одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна. Организатори се Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а под покровителство на премиерот Зоран Заев. Како што информира владината прес-служба, дводневната комеморативна програма ќе […]

Димитров – Марфи: Се нуди одлична можност за полноправно членство во НАТО


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел имал средба со сенаторот Крис Марфи, копретседавач на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, на која учествувала и Сузан ДелБене од Претставничкиот дом на САД. – Димитров и Марфи разменија мислења за актуелните состојби во Република Македонија и регионот, заеднички констатирајќи ги […]

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ беше загрижено за граѓаните досега ќе изградеа Клинички центар


СДСМ велат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеа за потребите на граѓаните, досега за време на нивното владеење ќе го изградеа Клиничкиот центар. „За разлика од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ која за 11 години не успеа да изгради Клинички центар, Владата предводена од СДСМ со изборот на новата локација гради целосно нов Клинички центар којшто ќе […]

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР


Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство. Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, […]

Зијадин Села реизбран за претседател на Алијансата за Албанците


Зијадин Села денеска повторно е избран за претседател на Алијансата на Албанците. На конгресот во Тетово, од присутните 607 делегати, 606 гласаа за Села, а само еден гласаше против. На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот […]

Детали за приведениот од МВР: Предупредил лице кое е под истражна постапка дека го следи агент


Советникот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вчера беше уапсен, кажал на лицето за кое се водело истражна постапка дека се следат нејзините телефонски разговори, ја предупредил да биде внимателна и дека ќе ја следи прикриен агент, соопшти МВР. Како што соопштуваат од МВР пријавениот Д.С. во текот на февруари 2018, како државен […]

ВМРО-ДПМНЕ: МВР стана дувло за заштита на криминалот


Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Вината за нападите врз полициските службеници се префрла врз пајаците, а најблиските соработници на министерот Оливер Спасовски собираат поткуп по државата. Јавноста ја интересираат одговорите од кого и […]

Спасовски: Нула толеранција за секој кој работел незаконски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната пресконференција рече дека нема да се толерира никакво злоупотреба на законите. Тој ова го истакна во врска со случајот кадешто вработен во неговиот кабинет е приведен под сомнение за злоупотреба на службената положба. – Очекувам многу скоро во законска утврдена постапка сомнежот да биде потврден или отфрлен. […]

Асани: Достапен сум за Обвинителството 24 часа


Бекир Асани од ДУИ сѐ уште не дал исказ во јавното обвинителство за инцидентот со полицајката кај трговскиот центар „Мавровка“, но не се откриваат причини зошто тој сѐ уште не е повикан, пренесе ТВ 24. Асани изјави за теливизијата дека е достапен на обвинителите „24 часа и ако добие покана ќе се појави“. Притоа, Асани им […]

Привршува реконструкцијата на коловозот кај „Симпо“


По налог на Град Скопје, денеска на булевар „Партизански одреди“ на потегот меѓу „Рузвелтова“ и „8-ми Септември“ се изведуваат завршни работи за реконструкција на коловозот и приодите. Од Градот велат дека наскоро потоплите температури ќе дозволат поставување и на завршниот слој на асфалтот.

Борисов ќе дојде на одбележувањето 75. години од депортацијата на македонските Евреи


Во рамки на одбележувањето на 75. години од Холокаустот на македонските Евреи, в понеделник во Скопје ќе присуствува и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Домаќинот, премиерот Зоран Заев заедно со Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи, по што се најавени нивни обраќања. Пред присутните ќе се обрати и претседателката на Еврејската заедница […]

Заев за приведениот од МВР: Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства


Во врска со приведувањето на вработениот функционер во МВР, пред малку на „фејсбук“ се огласи и премиерот Зоран Заев. „Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место […]

Поштар искасан од куче, супервизор на ТАВ скршил ребра


Поштар вчера бил искасан од куче додека разнесувал пратки, а супервизор на ТАВ скршил ребра симнувајќи се по елеватор на скопскиот аеродром. МВР соопшти дека поштарот Н.У.(41) од Скопје вчера пријавил дека околу 10, 30 часот на улица „1″ во село Трубарево бил каснат од куче во пределот на левата потколеница додека извршувал работни задачи […]

Се трага по малолетничка од „11 Октомври“, три месеци ја нема во домот


Седумнаесетгодишно девојче исчезнало од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје. Случајот во полиција синоќа во 21,15 минути го пријавил вработен во Центарот за социјална работа од Скопје, кој бил нејзин старател по службена должност. Како што информира денеска МВР, било пријавено дека девојчето не се појавило во Домот 11-ти Октомври“ од 21 […]

Во јануари во Гостивар не е издадена ниту една градежна дозвола


Во Гостивар во првиот месец од годинава не е издадено ниту едно одобрение за градба, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според нив, ланскиот јануари, Општината издала 37 дозволи за градба. Значително намалување е забележано и на државно ниво. Македонските општини во јануари издале одобренија за градење на 233 станови, со вкупна корисна површина […]

Полскиот шеф на дипломатијата задутре во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, задутре ќе престојува во работна посета на Македонија, во тек на која ќе има средба со македонскиот колега Никола Димитров. „На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон […]

Во Кавадарци уапсен газда на фирма што илегално продавал ракија


Во Кавадарци е уапсен управител на фирма што илегално продавал тони алкохол. Алкохолот бил пронајден при вчерашната акција на Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со Министерството за внатрешни работи. Најдени биле над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар, кои немаат маркица за акцизи. „Акцијата продолжува и во […]

Се чека Обвинителство да каже дали уапсениот советник на Спасовски зел мито


Дали земање мито е причина за вчерашното приведување на висок функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., се очекува да се знае во текот на денешниот ден. Основното јавно обвинителство работи на случајот и детали се најавени за попладнево. Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за приведувањето на нивниот функционер […]

Денеска пролет, од понеделник повторно дожд и поладно време


Денеска времето низ целата држава ќе биде како среде пролет, стабилно, претежно сончево и релативно топло. Температурата наместа ќе достигне и до 20 степени целзиусови. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. И во Скопје времето ќе биде слично, со температура до 19 степени. Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи […]