На преминот Богородица запленети 130 килограми марихуана


Царинските службеници од граничниот премин Богородица при контрола на товарно моторно возило со албански регистарски ознаки открија 130 килограми  марихуана, соопшти Царинската управа. Во средата во 3 часот наутро, на граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија, се појавило товарно моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од С.Р. (37) државјанин на Република Албанија. […]

Општина Дојран должи 150.000 евра на ЕК за нереализиран проект


Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, кој во Брисел учествува на заеднички состанок на македонските општини со европскиот Комитет на Региони, најави дека на следната владина седница ќе бара помош за долгот што го има општина Дојран кон Европската комисија. – Локалните единици во Македонија се соочуваат со неколку предизвици во процесот на евроинтеграција, меѓу […]

СДСМ: Законот за високо образование е во интерес на професорите и студентите


Пред да се впуштат во неговото коментирање, во ВМРО-ДПМНЕ  треба внимателно да го прочитаат Законот за високото образование. Партијата којашто со 11-годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образованиот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието,се вели во соопштението на СДСМ. „Јавноста не заборава дека за време на […]

Пронајдено телото на еден од двајцата исчезнати косовски полицајци во Лепепнец


По петдневна потрага, попладнево нешто по 16 часот, во водите на Лепенец е пронајдено телото на еден од двајцата косовски полицајци, кои се водеа како исчезнати откако возилото во кое се наоѓаа заврши во реката. – Телото е пронајдено на пет километри од местото на несреќата. Телото се уште не е идентификувано, соопшти портпаролот на регионалниот […]

В сабота акција за чистење во сите општини


Во сабота, 5 мај, на иницијатива на градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, ќе се спроведе голема акција за средување, чистење и разубавување на животната средина во општините во Република Македонија. -Ги повикувам општините да организираат конкретни акции заедно со локалните заедници, да ги информираат граѓаните за акциите и да овозможат […]

Јанева: За сите отворени предмети има материјални докази и сведоци


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева презентирајќи го шестмесечниот извештај на СЈО пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека прислушуваните разговори кои се предмет на ова Обвинителство се само индиција врз основа на која е остварена предистражната постапка и дека за сите отворени предмети има материјални докази и сведоци. […]

Рочиштето за „Шамарите од Цeнтaр“ против Димче Крстев одложен за 15 јуни


Одвоената постапка за предметот на СЈО „Шамарите од Цeнтaр“ против Димче Крстев се одложи за 15 јуни. По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои […]

СДСМ: Кого лаже Мицкоски себе или своите?


Не постои поголемо погазување на медиумските слободи од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најмалку повикана да зборува за слободата на медиуми. ВМРО-ДПМНЕ може да зборува само за медиумскиот мрак што го создаде, се вели во соопштението на СДСМ. „11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по апсењата, казните […]

Нов лек за пациентите со хронична миелоидна леукемија


Пациентите со хроничната миелоидна леукемија првпат добија можност за лекување со нов специфичен, посупериорен лек, второ-генерацискиот препарат Нилотиниб, соопштија од Универзитетската клиника за Хематологија. Со овој препарат, како што се наведува, е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот „Иматиниб“. -На Клиниката […]

Заев: Демократијата на едно општество зависи од слободата на медиумите


Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја, во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура, […]

По труењето на свадбарите: Запленети 300 килограми небезбедна храна во Кочани


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство. Спроведената истрага утврди дека небезбедните пирошки кои предизвикаа дополнителни труења […]

Богов: НБРМ не смее да се остави без гувернер


Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов смета дека институцијата не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ. – НБРМ има многу значајни функции во економијата, […]

Кривични пријави против две лица за злоупотреба на службената положба


Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица за злоупотреба на службена положба и противправно стекнување имотна корист. Кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени против Л.П., претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители и С.М. во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на Интернационална стопанска комора во […]

Јавна расправа во Уставн суд за повреда на слободата на членови на „Левица“


На одбележувањето на Меѓународниот ден на слободата на печатот денеска во Уставниот суд се одржува јавна расправа по иницијативата поднесена од политичката партија „Левица“, која се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и дискриминација по основ на политичка припадност. Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир и дека […]

МВР и Цивил договорија соработка за борба против радикализмот и насилниот екстремизам


Борбата против радикализмот и насилниот екстремизам, различните аспекти на контролата на оружјето, но и соработката во доменот на спречување изборни нерегуларности, се областите во кои ќе соработуваат Министерството за внатрешни работи и Граѓанската организација Центар за слобода – Цивил. – Согласно законските обврски и надлежности на МВР, факт е дека делокругот на полицијата тангира многу […]

Поповски: Професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава


Професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава. Оваа Влада останува посветена да го слуша гласот на граѓаните и на својот врв на приоритети е концептот на отвореност, транспарентност и пристапност. Ова денеска го изјави министерот за транспарентност, отчетност и комуникации Роберт Поповски по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на […]

Новинарот Наум Стоилковски нов портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Двајца нови портаполи се назначени на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Долгогодишниот новинар Наум Стоилковски и Димче Арсовски ќе ја преземат одговорноста за односи со јавноста на најголемата опозициска политичка партија. Иво Котевски останува директор на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа на 2 мај беа разгледани повеќе […]

Филипче најави контроли во сите бањи


Во сите бањи ќе има контроли. Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или […]

Џафери сè уште не го испратил Законот за јазиците до Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште не го испратил Законот за употреба на јазиците за објавување во Службен весник и не прецизира кога тоа ќе го направи. – Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето […]

Бојкот на наставата во ОУ „Васил Главинов“: Првачиња за една година смениле три учителки


Учениците од прво одделение од ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир веќе две недели ја бојкотираат наставата, во знак на револт затоа што раководството на училиштето пред крајот на учебна година им наметне нова наставничка. За овој  проблем родителите поднеле жалба до градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Од општина Чаир за „Независен Весник“ велат дека […]