(Фото) Тргна електричниот автобус на линијата со број 15


Во наредните шест месеци електричен автобус ќе сообраќа на линијата со број 15 од Карпош до Ново Лисиче. Станиците за полнење ќе бидат поставени на последните станици на оваа линија. Целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на […]

Димитров од Солун: Ја делиме истата судбина со ЕУ, но уште не сме на масата


Ја делиме истата судбина со ЕУ, но се уште не сме на масата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на третиот квадрилатерален министерски состанок на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, кој се одржува денеска во Солун. – Политички ние сме дел од ЕУ, географски веќе сме таму, ја делиме истата економска судбина во однос […]

СЈО влезе во „Македонски пошти“


Претставници од тимот на Специјалното јавно обвинителство вчера влегле на увид во ЈП „Македонска пошта“, каде била побарана документација поврзана со некоја од предистражните постапки, пренесе Макфакс. Исто така, постојат и индиции дека тимови на СЈО посетиле и други институции, од каде собирале информации за постапките кои ги водат. Официјална потврда за информациите на Макфакс […]

Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана. -Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа […]

Иванов тврди дека го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер


Со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, информираат од Кабинетот на […]

Во Солун нов обид на Димитров и Коѕијас да ги приближат ставовите за „најтешките прашања“


Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат нова билатерална средба во рамките на министерскиот состанок што се одржува во Солун. Средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Иако, формално, преговорите за името се одвиваат со посредство на медијаторот Метју […]

Both the cosmos and the whole universe are Greek


Erol Rizaov The statement by the Greek Foreign Minister Nikos Kotzias: “Even if there is no agreement, it will not be our fault, the whole universe knows that” caused shock in Macedonia. These words expressed in the most delicate phase of the negotiations between Greece and Macedonia on the conditions that need to be fulfilled […]

Се одбележуваат 115 години од загинувањето на Гоце Делчев


Во Македонија денеска се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По тој повод  делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот  Зоран Заев  ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на гробот на […]

Продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На минатото рочиште во судница беа прикажани видео снимки од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија и камерите од присутните […]

Ѕинго: Не трчаме да бидеме власт


Очекуваниот флерт на социјалистката Владанка Авировиќ и изненадувачкиот потег на нејзиниот партиски колега Љупчо Димовски, да им обезбедат кворум на пратениците од власта, ја разнишаа коалицијата „За подобра Македонија“. Помалку срамежливо, Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) се става на страната на владејачката коалиција и го расчистува 13-годишното сојузништво со ВМРО-ДПМНЕ. Во најголемата опозициска партија будно […]

Се одбележуваат 38 години од смртта на Тито


На денешен ден пред 38 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Тој […]

Македонските возачки дозволи и натаму непризнати во Германија


Иако на почеток на годината беше најавено од Владата дека ќе се потпише договор за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија, тоа сѐ уште се нема случено. Од страна на Министерството за внатрешни работи потенцираа дека од страна на германските колеги биле побарани технички корекции на самиот Закон за безбедност […]

Интервју со Оливер Ристовски: СЈО ќе добие траен мандат за гонење функционери


Кои се клучните новини во законите што се однесуваат на судската власт, а кои ги донесовте оваа седмица во консензус со опозицијата? – Се донесе вториот пакет измени во Законот за Судски совет и првиот пакет измени во Законот за судови. Тие две регулативи се поврзани, а главните измени се однесуваат на дисциплинската одговорност на […]

Ново рочиште за уривањето на „Космос“


На обвинителна клупа во Кривичниот суд денеска треба да седнат обвинетите во предметот „Т.Н.Т“, што се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски. Во „Т.Н.Т“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, […]

Шекеринска во Софија на средба со Каракачанов


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во Софија каде што ќе има средба со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ќе учествува на меѓународната конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“. Во фокусот на средбата со бугарскиот колега Каракачанов ќе бидат повеќе прашања од соработката меѓу двете земји како и […]

Со работна вечера почна Министерскиот состанок во Солун


По синоќешната работна вечера која, според грчките медиуми, поминала во топла и пријателска клима, шефовите на дипломатиите на Македонија Никола Димитров, на Грција Никос Коѕијас, на Бугарија Екатерина Захариева и на Албанија Дитмир Бушати, денеска во Солун го почнуваат формалниот дел од квадрилатералната министерска средба во чиј фокус се можностите за зајакнување на меѓусебната соработка. […]

Скандал: Македонскиот амбасадор Наумовски ја бојкотирал Шекеринска при нејзината посета на САД


Амбасадорот Васко Наумовски не се појавил на ниту една средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска при нејзината посета на САД, потврди таа во гостување на емисија Τоп Тема на ваша страна на ТВ Телма. „Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту […]

Шекеринска: Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања


Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања и се прават анализи, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во гостувањето во емисијата Топ тема на ТВ Телма. – Сакавме да се прошири и сакаме да се прошири и парламентарното мнозинство  бидејќи има одреден број партии кои сакаат да влезат во Владата, разговараме на повеќе фронтови, […]

Шекеринска: Вселената знае дека Македонија е заинтересирана да за реши името


Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала  одговорно тврдам дека потезите  што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска  вечерва во гостувањето во емисијата […]

Собраниска расправа за паралелниот увоз на лекови


Собранието вечерва го усвои Предлог законот за  измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање, со кои, според ресорниот министер Венко Филипче, ќе се обезбедат квалитетни лекови за граѓаните преку паралелен увоз. Според Предлогот, за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа  до Агенцијата за лекови  […]