Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар


Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно […]

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод, под контрола пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско Паталишта


До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село  Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска […]

Делови од Гази Баба и Бутел без електрична енергија


– Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а […]

Без вода селото Моране и корисници од неколку улици во Скопско


Поради дефект, без вода за пиење денеска ќе остане селото Моране во Студеничани, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот со водоснабдување ќе биде од осум часот и ќе трае до отстранување на дефектот. Поради уличен дефект на водоводна цевка […]

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 7 август 2026 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 45 минути. Денов трае 14 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска


Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите. ​- Најголем […]

Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба


Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.  – […]

Без вода утре дел од скопско


ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Студеничани. Оттаму информираат дека поради дефект на затворач од ф-100 милиметри на улицата „1“ во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување […]

Се санираат повеќе детски игралишта, спортски терени и урбана опрема низ Кисела Вода


Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Од Општина Кисела Вода информираат дека општинските служби интервенираат на повеќе локации, следејќи ја реалната […]

ЦУК: Регистрирани се осум пожари на отворено до 13 часот


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати. Активни пожари има на територијата на Општина Македонски Брод кај селото Грешница, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и […]

Моторички парк на Водно никнува од паднатите дрвја во невремето


Градот Скопје продолжува со активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните, тврдат од таму. Наместо здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето да завршат како отпад, тие добиваат нова намена. […]

Истекува рокот за куќниот притвор на Артан Груби, обвинение се уште нема


До 22 август е максималниот рок за притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ и доколку не се подигне обвинение против него, можно е тој да биде пуштен од куќен притвор,објави СДК. –Ако нема обвинение, куќниот притвор на осомничениот му се укинува и Основниот кривичен суд Скопје по службена должност одредува мерка за обезбедување […]

Полицајците добија откази, а Обвителството ја отфрли кривичната пријава од Тошковски за наводни злоупотреби


Случајот со наводното селективно и незаконско давање дозволи за поседување оружје, кој министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го најавуваше на телевизиските гостувања, доби правна разрешница. И покрај тоа што 15 полициски службеници добија откази, а министерот зборуваше за големи злоупотреби, односно дека се давале дозволи за поседување оружје на луѓе кои немале законско право […]

Дури 4.900 првачиња помалку годинава од лани


Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале […]

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката од Струмица – заклучоци нема


Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана.   Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а […]

Што гледаат жителите на Аеродром – што пробува Митески?


„Колку време треба да помине за конечно некој да излезе на терен и да го расчисти хаосот по невремето?“, прашува една жителка на Општина Аеродром, на Фејсбук групата „Општина Аеродром – пријави проблем“, а во прилог додала десетина фотографии од попадната дрвја, исечени на трупци, околу градинката „Срничка“, како и паднати канделабри.        […]

Ќе го смири ли казната од 250 евра врсничкото насилство во училиштата


Булингот, врсничкото насилство, онлајн или во живо, го подигна алармот за преземање мерки од страна на државата, а не како досега, со повремени кампањи, често финансирани од општествено одговорни компании или меѓународни организации. Случаите на физичко насилство, кога поголеми ученички тепаа и малтретираа помали од нив, терајќи ги да ги молат или да јадат измет, […]

Пациентите со рак протестираа пред МЗ на 40 степени – терапија е обезбедена


Пациентите на онкологија денеска одржаа протест пред Министерството за здравство, барајќи решенија за континуираниот недостиг на терапија на Клиниката за онкологија, а беа примени од заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски. Во моментот проблемот со терапијата во Клиниката за онкологија е надминат, информираа од  „Пеперутки“, затоа што дел од терапијата веќе е пристигнат, а остатокот се […]

Во тек е исплатата за јули на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]