Соларен саем во Кичево организира Центарот за климатски промени


Центарот за климатски промени денеска организира Соларен саем, што ќе се одржи од 10 до 13 часот на Градскиот плоштад во Кичево. Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење […]

Портокалова фаза, температури до 40 степени


Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до […]

Папата ќе ја посети Франција. Ќе се сретне со жртви на злоупотреба во Црквата


Папата Лав XIV ќе се сретне со жртви на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот во петокот, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француски бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Средба со жртви на […]

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата


Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата – изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.  Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар […]

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и […]

УХМР со метеоаларм за утре: Цела Македонија во портокалова фаза


Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза.  Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален […]

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.   Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат […]

Пожар избувна кај Момин Поток


Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека била добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин Поток во Скопје. Според информациите, во пожарот гори ниска вегетација. За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која треба да постапи на терен.            

Момче тешко повредено во Кушадаси со владиниот авион ќе биде транспортирано во Македонија


Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт. -Транспортот е одобрен и повреденото момче утре […]

Подната фонтана се покажа поголем залак – веќе месец и пол, а уште не е готова


Едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај, најавува денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој смета дека таа ќе стане симбол на градот. Денес, правиме темелно […]

Уште седум заразени од Западен Нил


Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ја „закопа“ храната под камен темелник


Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина, стои во реакцијата на […]

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште


Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија […]

ДУИ тврди дека власта го гради Коридорот 10 на штета на Коридорот 8


ДУИ обвинува дека коридорите 8 и 10-Д не се градат сразмерно зашто постои политичка наредба за патот Прилеп-Битола да биде завршен до следните избори. Оттаму тврдат дека во моментов се работи во сооднос речиси 4 спрема 1 во корист на Коридорот 10-Д. Иако се работи за ист проект, кој го спроведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и […]

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката


Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да […]

Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе се одржат на 18 октомври


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни […]

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер


 Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата […]

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак


Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко […]

Уставниот суд објави за првпат дека нивна одлука не била испочитувана од судија


Од Уставниит суд информираат дека судија од Граѓанскиот суд не почитувал и применил нивна одлука, поради што го алармирале Обвинителството и Судскиот совет. Ова е прв пат Уставниот суд да пријави судија, а се однесува за непримена на одлука на Уставен за предмет на новинарката Наташа Стојановска, поврзан со ,,27 април”. Во продолжение соопштението на […]

Лекот „фостер“ го има во аптеките само со партиципација


Министерството за здравство е известено од компанијата носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно […]