Без струја неколку улици во Кисела Вода


ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода.  Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1 , дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12.

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. […]

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата


Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на […]

Универзитетски саем „Study in Greece“ во Скопје


 Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетскиот саем „Study in Greece“, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти. На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми […]

Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h


Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 1 април 2026 година, 91-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  274 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 17 часот и 24 минути. Денов трае 11 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Одложен стартот на зонското во Реонски, ќе почне заедно со Ново Лисиче во мај


Според најновите информации од ЈП Градски паркинг Скопје воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар е времено одложено до создавањето на услови за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче.   Општина Аеродром и Град Скопје соочени со притисокот од граѓаните од Ново Лисиче се повлекоа од намерата да започнат со зонско паркирање во […]

Воjислав Димитровски е нов директор на „Лајка“


Град Скопје ја разреши директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, а на нејзино место го постави Војислав Димитровски. Новиот директор е ветеринарен доктор и голем поборник за хуман третман на животните. Тој и претходно беше дел од тимот на „Лајка“, односно веќе беше на директорската функција. Разрешената Пешева, поддржана од неколку здруженија, реагираше во јавноста […]

Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?


  Европската комисија денеска ги повика земјите-членки да се подготват навремено и координирано за да обезбедат безбедно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на гориво. Ова вклучување на алармот доаѓа откако  војната на Блискиот Исток трае веќе еден месец, без притоа да се гледа крајот на конфликтот […]

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините


Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во […]

Нов предлог закон – Со „Б“ категорија да се управува со мотоцикл до 125 кубици


Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија зафатнина на моторот […]

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава


Народниот правобранител, постапувајќи по предметни случаи на фемицид, констатира пропусти во институционалната реакција поради што е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско справување со семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми што овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава […]

Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше


Проектот за изградба на нова административно-деловна општинска зграда во Куманово започнат пред повеќе од една деценија, сè уште не е реализиран, соопшти секретарот на општината, Емилија Сларидис Јаневска. Советниците на последната седница изгласаа деталниот урбанистички план за дел од урбаната единица „Благој Стевковски Гојчо“ урбан Блок 43 В и 43 Г-Куманово да бидат предмет на […]

Дури 39 полицајци погрешно постапиле по пријавите за насилство против Стојанче Јовановски – утврди внатрешната контрола во МВР


Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) погрешно постапиле по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на почетокот на март годинава почина по пад од балкон со нивната шестгодишна ќерка Катја. Пропустите на полициските службеници се утврдени од страна на внатрешната […]

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала


Во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи […]

Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом


Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија.    – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни […]

Се поправаат пешачките патеки во Скопје – Ѓорѓиевски почна со 300 метри во Влае


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска започнале широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 метри квадратни. Оваа делница […]

Направени промените во Предлог-законот за високо образование – објавен е на ЕНЕР


Денеска, повторно, на ЕНЕР е ставен Предлог-законот за високо образование, во кој се вметнати промените кои ги бараа универзитетите, професорите и другите релевантни фактори. – Направивме прилично многу промени, за кои сметавме дека се коректно предложен и кои сметавме дека ќе го подобрат текстот на законот. Намалување на бројот на трудови за втор и трет […]

МЖСПП најави регистар на загадувачи – фирмите сами ќе ги попoлнуваат податоците


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска најави пакет засилени мерки со кои ќе се зајакне контролата врз индустриското загадување и ќе се подобри управувањето со природните ресурси, при што фокусот, како што беше нагласено, се префрла кон институциите и индустриските оператори. Така, најави воспоставување регистарот на загадувачи, нов систем кој ќе собира сигурни […]

Струга 18 години не ѝ плаќа на државата за користење на изворот Шум


Заматената вода за пиење, што тече од чешмите на стружани, разбистри многу недостатоци во целиот систем за водоснабдување на Струга. Покрај негрижата за заштита на изворот, со цел граѓаните да пијат и да користат квалитетна вода, ЈП „Водовод и канализација“ од Струга, е задолжено да плаќа за користење на водата на државата, а на тоа […]