Облачно со дожд, на повисоките места и снег


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 2 април 2026 година, 92-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  273 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот. Денов трае 12 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Државниот архив одбележа 75 години: Посветени сме на дигитализација и обука на ИТ-кадар


 „Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Република Северна Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би […]

Енергетската криза удира кај што е најтенко – поскапуваат лебот и белите печива


  Три до пет денари – за толку се зголемува цената на лебот – основниот прехрранбен производ за најголемиот дел од македонската популација, за која новите цени ќе претставуваат значаен удар за животниот стандард. Иако во номинален износ поскапувањето не делува многу, тоа сепак е околу десет отсто во однос на досегашните цени кои се […]

Матичните лекари ќе можат да пропишуваат никотински фластери и гуми за џвакање за одвикнување од пушење, како и контрацепција


По повеќе од десет години Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат стави лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства. Координаторот на работната група која ја ажурираше есенцијалната листа на лекови, професорот Зоран Стерјев, кажа дека е зголемен и бројот на антиинфективни лекови и ажурираната листа има значително […]

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но […]

Жичницата на Водно, од денеска, работи еден час подолго


Жичницата од денес, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. „Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен […]

ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе биде исфрлена фирмата на бизнисменот Давидовиќ од енергетскиот план


  Откако денеска СДСМ повторно прдупреди дека хирмата на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака е дел од енергетскиот план на Македонија за 2026, ВМРО-ДПМНЕ објави оти таа ќе биде исфрлена од него. Давидовиќ од 2023 се наоѓа на црната листа на САД, а фирмата поврзана со него „Хронос сум“ е наведена во планот […]

„Кој си ти да пријавуваш?“ вака го избркале Саздов кога сакал да пријави насилство врз Ивана


Кој си ти да пријавуваш – го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочеше Мартин Саздов на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. – Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања […]

Почина академик Илбер Ортајли, историчар од Турција, член на МАНУ надвор од работниот состав


Во 79. година од животот почина  академик Илбер Ортајли (1947 – 2026), историчар од Турција и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 27 мај 2009 година, наведува МАНУ во соопштение. Акад. Илбер Ортајли е еден од најистакнатите турски историчари и интелектуалци. Роден е во 1947 во Брегенц, Австрија, […]

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка


Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на […]

Тим од македонската редакција на Радио Слободна Европа го формираше „Колегиум.мк“


  Ден по официјалното затворање на македонската редакција на Радио Слободна Европа во македонскиот јавен простор се појави нов медиум „Колегиум.мк“ кој е составен од новинари на згаснатиот сервис. Во најавата за лансирањето на новиот медиум редакцијата вели дека „Колегиум“ е место на дијалог, на аргументи и на различни мислења. „Редакциски простор во кој новинарството […]

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто


Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба. „Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното […]

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час


Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините […]

Итно предупредување од УХМР: Реките се пред излевање


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно соопштение во кое предупредува на сериозна опасност од излевање на реките низ државата. Според најновиот „Хидро аларм“ за периодот од 1-ви до 2-ри април 2026 година, постои голема веројатност за нагло зголемување на водостојот на речните корита, што може да доведе до локални поплави. Надлежните апелираат на […]

Сиљановска и Милатовиќ на Правниот факултет, а за професорите тој е забранета зона, тврди СДСМ


  Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Поради овој настан за прфесорите што предаваат таму факултетот стана забранета зона, тврди СДСМ. „На македонските професори од Правниот факултет во Скопје МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им […]

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“


 Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи. Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со […]

Саздов: Се обидов да ѝ помогнам на Ивана – не успеав


  Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи процесот каде обвинет за наведување на самоубиство е Стојанче Јовановски, сопруг и татко на Ивана и Катја кои починаа на 2 март по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе. Сведокот Мартин Саздов, пријател на Стојанче, кој бил со него и на денот на трагедијата, рече дека е […]

Водно во ново руво, а летоска ќе има спасители-волонтери од Црвен крст


Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието, смета градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски, па затоа, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди […]

Објавен конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование


 Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година. Со конкурсот се предвидени  над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Учениците ќе се пријавуваат […]