Приказни за животните, музички хепенинг… Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина


Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ […]

Лажни дојави за бомби го паузираа неделниот шопинг во Ист гејт и Дајмонд мол (фото)


Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје.  По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР.  […]

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума


Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи. -Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција – изјави команирот на […]

Мицкоски лично ќе гарантирал дека рудникот за антимон нема да загадува


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека лично ќе гарантира дека рудникот за антимон нема да ја загрози животната околина. Коментирајќи ги забелешките на СДСМ и нивното барање за референдум, тој рече дека распишувањето референдум што го побара СДСМ, за рудникот за антимон во Кривопаланечко не може да се оспори бидејќи е уставно загарантирано, но истовремено […]

Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег


Министерството за здравство денеска соопшти дека се извршени трансплантација на црн дроб кај 67-годишен пациент и бубрег кај 51- годишна жена откако семејство на починато лице донело одлука да ги донира неговите органи.   Во соопштението се посочува дека во најтешкиот момент, едно семејство донело одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е […]

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес – осум степени


Најниска температура изутринава е измерена во Берово минус еден степен, а највисока во Скопје – Зајчев Рид и Велес, осум степени Целзиусови. Според информациите на УХМР изутринава се измерени минус еден степен во Берово, нула во Лазарополе, еден во Mаврови Анови и Попова Шапка, два во Крива Паланка, четири во Тетово и Битола, пет во […]

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има


Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска маршираа низ Штип. Од градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порачаа дека денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата.  -Во рацете ги носиме […]

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани


Диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП-зоната и координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, денеска беа дел од симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, која беше реализирана на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вежбата ја организираше Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во […]

Следната недела од поројни дождови до 0 степени Целзиусови


Пред нас е работна недела која ќе донесе чести промени на временските прилики, со постепен пад на температурите и најава за локални врнежи од дожд. Почетокот на неделата ќе го одбележи променливо облачно време, а веќе во вторник метеоролозите предвидуваат зголемена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северозападен правец. Ваквиот бран […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што информираат од јавното градско претпријатие, започнува во понеделник на 20 април и ќе трае до 5 јуни годинава. -Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да […]

Ново законско решение за медицински средства се повикува стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес


Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство.   Станува збор за ново законско решение со кое областа на медицинските […]

Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот


Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион.   Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата. […]

Отворени спортските терени на кејот во Маџир Маало


Денеска пуштени се во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.      –Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации.  Реконструирани се терените […]

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски […]

Жичницата на Водно и денес вон функција


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се […]

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош


 Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје.  Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните […]

Топлото време ги измами влекачите – внимавајте кога одите на Водно


Со порастот на температурите, се зголемува и активноста на влекачите, особено на планинските и шумските подрачја. Попладнево, на социјалните мрежи беше споделена објава за забележана змија на Водно, за која според коментарите станува збор за поскок. Според објавата, змијата била забележана на патеката од ресторанот „Два Елена“, во близина на капијата кај претседателската вила. „Личи […]

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (видео)


Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник  при […]