Започна асфалтирањето на пристапниот пат кон гробиштата Камник


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека започнало асфалтирањето на пристапниот пат кон гробиштата Камник, проект за кој вели дека предолго се чекало, но конечно станува реалност. „Ова не е обична градежна активност — ова е исполнување на децениско барање на граѓаните! Во првата фаза инвестираме 8.164.884 денари, средства обезбедени преку Владата. Продолжуваме […]

Почна судењето на екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска, седна на обвинителна клупа во Основниот суд во Битола каде ѝ се суди за злоупотреба на службата и други кривични дела, процес поттикнат од истражувачката новинарска сторија на Анета Блажевска од Битола. Спасеновска, меѓу другото, се товари за неосновани исплати на пензионерот Менде Петровски, […]

Технолошко-металуршкиот факултет на УКИМ доби нова лабораторија за органска хемија


На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска беше отворена новата Лабораторија за органска хемија. Инвестицијата за едукативно-научната лабораторија е во вредност од 2 милиони денари и е обезбедена со поддршка од УКИМ, Министерството за образование и наука и со сопствени средства на факултетот.  Лабораторија има современа опрема и ќе овозможи […]

Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија


Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија. На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и за следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. – Во изминатиот период го […]

Судијата Ристов сам ги заѕидал парите, му нашле ДНК и отпечатоци


  Апелацискиот судија Ѓоко Ристов ги заѕидал сам нАјдените 350 илјади евра во домот на неговите родители во Неготино, а во вештачењето билe најдени негови отпечатоци, негова ДНК на алуминиумската фолија со којашто беа завиткани парите. На нив беа обележани рачно испишани износи, скриени во шуплините на циглите. Обвинителството за гонење на организиран криминал и […]

Филков ги убедувал амбасадорите на ЕУ дека работи на новиот Кривичен закон


Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврдил цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакнал Филков. Тој […]

Гори објект во Шуто Оризари


Голем пожар утринава изби во објект во населбата Шуто Оризари. Според објава на „Рома прес“, најверојатна причина за пожарот е стара електрична инсталација.

Градоначалникот на Крива Паланка не вели „не“ за рудникот за антимон, но ќе инсистира на стандарди и заштита


Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, реагираше со соопштение на најавите за отворање рудник на антимон во атарот на оваа општина. Тој не ја отфрла инвестицијата, но бара вклучување на експертската заедница, гаранции за почитување на стандардите и контрола и заштита на производството кое, според него, треба да се одвива во затворен систем – без […]

МОН не ги прифатиле забелешките на НАкС за законот за високо образование


Независниот академски синдикат (НАкС) ја информира јавноста дека на 17 април (петок) оствари средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), во просториите на Министерството. Средбата беше одржана по иницијатива на НАкС, врз основа на претходно доставено барање за отворање институционален дијалог во врска […]

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, но забавата не беше прекината


Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки […]

Поголема група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на Влада


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва. Тој истакна дека една поголема група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада од пред неколку недели. – Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сè […]

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово


Екипите на „Чистота и зеленило“ со механизација и денеска се на терен на депонијата Краста на пожарот кој избувна вчера околу 20 часот. Пожарот бил забележан стражарската служба. Од претпријатието велат дека денеска се работи со механизација. – Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во […]

Жичницата на Водно нема да работи до 24 април


Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21 до 24 април поради редовна техничка контрола, информираат од ЈСП Скопје. Како што соопштуваат од претпријатието, контролата ќе ја вршат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“, која е производител на системот. Од ЈСП посочуваат дека од 25 април, односно сабота, жичницата ќе продолжи […]

„Комунална хигиена“ го потрупа истеченото масло на коловозот по сообраќајката во Ѓорче Петров


Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата […]

Свечено отворање на новата Лабораторија за органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ


Нова Лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов. Како што се […]

ФЕИТ домаќин на RoboMac 2026: Над 80 млади иноватори и експерти во натпревари по роботика


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април ќе биде домаќин на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026, на кои ќе учествуваат студенти, ученици и експерти од земјата и од странство. Како што информираат од ФЕИТ, на 14. издание на RoboMac ќе учествуваат […]

Дел од општина Карпош и неколку скопски села денеска без струја


Корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка денеска од 8:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Рузвелтова“ со број 11 и 13 во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, […]

Враќањето на ДДВ за дизел-горивата на 18 проценти дополнително ќе ги погоди граѓаните, вели Филипче


Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Христијан Мицкоски, а последиците се чувствуваат со празни џебови и празни фрижидери, оцени денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција, посочувајќи дека СДСМ уште пред два месеца предупредувала и барала конкретни мерки, веднаш по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Како особено проблематично го посочи […]

Нова планинарска патека на Пелистер


Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари.  Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на […]