Утре бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја во центарот на Скопје


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката […]

Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се и доктори


Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полицијата спроведува обемна и координирана акција на повеќе локации низ државата. Од Обвинителството информираат дека акцијата ја реализира Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, […]

На ФЕИТ се одржа ROBOMAC JUNIOR 2026


На Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во Скопје, од 20 април до 25 април, се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главни организатори беа ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE. На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од […]

Загина еден од затрупаните работници на градилиштето во Кисела Вода, тројца се тешко повредени


  Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, […]

„Чекор назад и за профит на поединци“: ДОМ за измените во законот за минерални суровини 


  ДОМ остро реагира на предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои наместо да ја зајакнат заштитата на јавниот интерес, животната средина и природните ресурси, отвораат сериозен ризик од нивно слабеење. Оттаму сметаат дека секоја измена мора да значи повисоки еколошки стандарди, поголема транспарентност и посилна заштита […]

Д-р Поцева Пановска и д-р Димковски во костец со Алцхајмеровата болест: Наместо една молекула за една цел, создадовме една молекула за повеќе цели


Развивме нова генерација хибридни молекули, односно 21 ново соединение, кои може да се применуваат во третман на нарушувања и болести поврзани со дефицит на ацетилхолин, вклучително и подобрување на когнитивните функции кај Алцхајмеровата болест и други состојби со дебаланс на ацетилхолинот во централниот нервен систем, велат проф. д-р Ана Поцева-Пановска и доц. д-р Александар Димковски од […]

Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда


Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се […]

Без струја делови од Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – […]

Саемска промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска


На штандот на книгоиздателството „Сакам книги“ денеска во 18.30 часот ќе биде претставен романот со наслов „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска.  Според издавачот „Луција“ е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга.  Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, […]

Сончево и потопло време, температури до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Без вода скопската улица „Мавровска“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Мавровска“ бр.15 во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Мавровска“ бр.15.

Уапсени лекари и сопственици на дерматолошки ординации од Скопје, Струмица и од Битола


Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска е разбиена организирана криминална група осомничена за извршување повеќе кривични дела. Акцијата се реализира по наредби издадени од Основен кривичен суд, при што се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Според првичните […]

Ниеден амандман не е прифатен во расправата за техничката влада


  Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево ја одржа амандманската расправа за изменување на Законот за Владата, по скратена постапка. Министерот за јавна администрација Горан Минчев не прифати ниту еден од амандманите кои беа поднесени од пратениците на „Европскиот фронт“. Пратениците од опозицијата го оспоруваа укинувањето на Пржинската влада, а тие […]

СДСМ: Новиот директор на МТВ е личен пријател на Мицкоски


  Опозициската СДСМ вели дека изборот на Зоран Ристоски за директор на МТВ е уште една партизација на јавниот сервис. СДСМ вели дека Ристоски со прекар Ѓузa, кој е и почесен конзул на Гвинеја, е личен пријател на Христијан Мицкоски и на тоа место е поставен од самиот премиер. „Единствена квалификација на Ристоски е личната […]

Реконструкција на позната „Алхамбра“ во Битола се одвива според проектот, велат надлежните


  БИТОЛА – Реконструкцијата и ревитализацијата на објектот познат како „Алхамбра“ на Широк Сокак во Битола не отстапува од проектот, велат од Управата за заштита на културното наследство на Македонија за „Независен“. Ова подразбира дека и лифтовската куќарка која се издигна над објектот за која реагираат битолчани не отстапува од проктната документација. Според информацијата од […]

Полагале испити од наредната година, а не ја завршиле претходната


Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. […]

Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето


Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита од пушење. – Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските […]

Во недела пренасочување на сообраќајот во Аеродром: Ќе има трка


Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка, информираа од полицијата. – Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на […]

Лекар ќе може да евидентира во систем пациент што претрпел насилство


Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот – изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите […]

Зелен Хуман Град против „рудникот на смртта“ во Крива Паланка


Зелен Хуман Град покрена кампања против отворањето на рудник за антимон во Крива Паланка нарекувајќи го прокетот „рудници на смртта“.    -Зошто рудниците се многу опасни и не смееме да дозволиме да се отвараат нови?Во мај 2014, за време на големите поплави во Србија пукнала браната за јаловина на рудникот за антимон (Sb) „Столице“. Се […]