Што стои зад бранот лажни бомби на Балканот?


Во момент кога безбедносните теми повторно доминираат во јавниот простор, на Западен Балкан е отворена сезоната на закани со бомби. Новиот бран на дојави за поставени бомби открива стара шема, но доволно предупредувачка за да предизвика сериозна институционална и јавна реакција. Последните случаи во Северна Македонија и во регионот отвораат прашање: дали станува збор за […]

Градилиштето во Кисела Вода, каде што загина работник, не било заштитено


  Со првата проверка на јамата, каде што се копаше за станбен објект во Кисела Вода во Скопје, беше јасно дека немало соодветна заштита од нагло лизгање на земјиштето. Таму вчера загина еден работник, а четворица беа повредени. Загинатиот има 34 години и е од Крива Паланка. Ваквата состојба ја утврдил Државниот трудов инспекторат. Во […]

Шестмина од тие што ставале лажни ботокси и филери одат во притвор


  На шест лица осомничени за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс им е определена мерка притвор, а на четворица куќен притвор. На останатите девет приведени лица им се определени мерки на претпазливост.  „Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи […]

„Буџовани“ со хациенди ја опструираат изградбата на автопатот Прилеп- Битола, тврди Николоски


  Има проблем во изградбата на автопатот Прилеп-Битола и тој проблем наводно бил во вилите што биле изградени од богати луѓе во близината на Прилеп. Тоа го тврдше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во разговор за „Курир“. „Имаме само една опструкција. Се работи за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со […]

„Идиоти“: Што кажал шефот на дипломатијата на Албанија за Албанците во Македонија?


  Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија во парламентот на Албанија, Газмент Барди, го обвини министерот за надворешни работи на земјата, Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на „Вотс ап“употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија, објавија албанските медиуми. Нарекувајќи ја неговата наводна изјава скандалозна и неприфатлива, Барди побара итна оставка од шефот […]

Доаѓаат убави и топли денови


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од север. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 23 степени. Според УХМР, за време на викендот […]

Одложено судењето за деветмината полицајци за случајот „Пулс“


Судењето за деветмината полициски службеници обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска е одложено за 1 јуни. Причина за одложувањето е потребата на одбраната да обезбеди и изврши увид во доказите неопходни за постапката. Со овој судски процес претседава судијката Ленка Давиткова, додека застапник на обвинението е обвинителката Спасенка Андонова. Пред почетокот […]

Приведени 14 лица од „ботокс мафијата“ во Скопје, Струмица и Битола


 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК спроведе полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.   Во рамките на акцијата, врз […]

Подготовките за државната матура се при крај – Јаневска апелира на помалку препишување


Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура во општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која одговараше на новинарски прашања во Штип по означувањето […]

Градоначалничката на Кисела Вода по трагедијата: Безбедноста на граѓаните и работниците не смее да биде предмет на политика


Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. – Во врска со трагичниот настан што се […]

Европска недела на имунизација – заштитуваме генерации, вакцините делуваат


Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата.   Во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања за  важноста на имунизацијата и […]

Советниците од СДСМ бараат вонредна седница и мораториум на градби по трагедијата на градилиштето во Кисела Вода


Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода. „Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите. Токму затоа, денес поднесовме барање […]

„The Skopje Project“ – дело посветено на архитектонската приказна како цел свет се мобилизирал да го реизгради Скопје по земјотресот


 Во рамки на Меѓународната конференција со која официјално започна проектот ,,Скопје – Европска престолнина на културата за 2028”, беше промовиранаа книгата ,,The Skopje Project“, на која како автор се потпишува проф. д-р Огнен Марина. Книгата го истражува Скопје не само како град кој бил обновен по голема трагедија, туку како исклучителен меѓународен проект, реализиран под […]

Божиновска во Делфи: Билатерални средби за засилена енергетска соработка


На маргините на Делфи економскиот форум (Delphi Economic Forum) што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската иднина на Македонија и нејзината позиција во регионот, соопштија од Министерството за енергетика. Божиновска оствари средби со високи претставници од […]

Андоновски: Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери. Во своето обраќање, истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку […]

Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата


На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со гастрономски понуди, музика и културни содржини инспирирани од европската традиција и современ живот. Настанот има […]

Лабораторија за претклинички вежби отворена на Стоматолошкиот факултет при УКИМ


Лабораторија за претклинички вежби за студентите по дентална патологија беше пуштена во употреба денеска на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вредноста на лабораторијата е 10 милиони денари, а средствата по половина ги обезбедија Министерството за образование и наука и УКИМ. Деканката на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Соња Апостолоска, изјави дека […]

Левица: Ја даваме рудата го губиме ќарот


Левица смета дека  ситуацијата што ја имаме со концесиите за мермер е јасен пример за „системски поставен модел кој работи на штета на државата и граѓаните“. Како потврда го дава фактот дека за четири години се наплатени само 1,7 милиони евра од 29 концесионери. „Станува збор за сума која е симболична во однос на реалните […]

Јаневска најавува многу покрупна неправилност на факултетите од магистрирање и докторирање без право за упис


Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи – изјави денеска […]

Ивица Коневски е инвеститор на зградата каде што загина работник


Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина Аеродром. Се работи за фирмата  „Нар инвестмент“ ДОЕЛ Скопје на која сопственик е Ивица Коневски, а управител на компанијата е Илија Конески. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност со едноличен […]