Доделени наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“


Награди за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2025 – април 2026 година, додели денеска Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Добитникот на првата награда е Михаил Милошевски за сторијата „Како Македонија ќе го напушти јагленот без да ја загуби енергетската стабилност“, објавена на […]

На 5 мај ќе се изрече пресуда за тројца полицајци за пожарот во „Пулс“ Кочани


Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, […]

Излетниците и демонстрантите за 1 Мај може да здивнат: Нема да врне, но ќе биде студено


Утре, на 1 Мај, традиционално, поголем дел од работниците ќе излезат на скопските улици со барања за повисоки плати и подобри услови за работа. Дел од граѓаните пак, исто така, традиционални, едвај чекаат да ги распалат скарите на некое излетничко место.  Освен што ќе треба да се погрижат потопло да се облешат, од Управата за […]

„Призма“: Врховниот суд реши дека Камчев нема право на оштета во „Рекет“


Петмина врховни судии пресекле дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара милион и пол евра како надомест за штета во предметот „Рекет“ во граѓанска постапка., пишува  денес „Призма“ пренесувајќи ја одлуката на судиите. Според медиумот, Камчев, преку неговиот адвокат Александар Михајловски, ги обжалил одлуките на пониските судови кои му ја одбија тужбата и поднесе барање […]

Кому ги носел парите уапсениот директор на инспекторатот за земјоделство. Дали на министерот, праша пратеничката Петровска


  На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ извади фотографии, според кои директорот на Државниот инспекторат, Васе Анакиев, бил уапсен со пари на подземниот паркинг во зградите Џевахир, каде стан според неа, имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. „Локацијата на апсењето на директорот е во подземна гаража од каде се […]

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ се доставуваат во училиштата низ земјата


Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар денес беа доставени прирачниците за справување со врсничкото насилство, изработени како дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Крени глас против врсничко насилство“. Како дел од соработката со Министерството за образование и наука, компанијата почна да ги доставува прирачниците до основните училишта низ земјата, со цел […]

Лансирана веб-платформата „Регион без отпад“


  Во рамки на Регионалниот форум за управување со отпад кој се одржа вчера, 29 април, во Скопје, беше промовирана новата веб платформа „Регион без отпад“ (https://regionalenotpad-pjz.mk/), која претставува централизирана дигитална алатка за поддршка на управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.   Платформата ги обединува сите 18 општини и обезбедува пристап до релевантни […]

ЛДП е згрозена од прес-конференцијата на министерот за правда: злоупотреба за партиски цели


  Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда и тврди дека Игор Филков наместо да се информира јавноста за реформите и законските решенија, ја злоупотребил говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициската СДСМ затоа што не присуствуваше на состанок на работната група за Изборниот законик. Претставникот на ЛДП […]

(Фото+видео) Вандал уништи инвентар во штипско основно училиште – наставата е во прекин


Смарт табли, класични табли, компјутери и друг инвентар, уништени се во основно училиште во Штип, а на ѕидовите и на училишниот мебел со спреј се испишани недолични пораки, поради што денеска наставата е во прекин.  Според директорот, вандалскиот чин го извршило едно лице, што, додава, е утврдено од безбедносните камери во училиштето. Најголемиот дел од […]

РКЕ со препорака до компаниите да продолжат со греење поради ниските температури во следните два дена


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана […]

Ивица Коневски е и адвокат на Општина Кисела Вода и градежен инвеститор таму, велат од СДСМ


  Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот, изјави денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој објасни дека има мрежа на интереси на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски (кој порано беше прв човек на Кисела Вода) и поранешниот градоначалник на Аеродром, […]

Со мотор „хонда“ загина 19-годишно момче во Прилеп


Млад 19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп.  – На 30.04.2026 во  06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски”  во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо […]

ДКСК објави какви подароци добивале избрани и именувани лица: Меч, книга, сувенири, вазни


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор, го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година. Во делот на поднесоци за подароци од јавни лица има вкупно 55 ставки. Најмногу подароци пријавиле главниот државен ревизор Максим Ацевски и […]

ДУИ бара истрага против директорот на МЕПСО по загубениот спор со „Енергоинвест“


  Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО по загубениот спор со босанската компанија „Енергоинвест“ за изградбата на далноводот за поврзување со Албанија. ДУИ тврди дека Латифи е прв братучед на Изет Меџити и дека поради него и меѓународната одлука Македонија треба  да плати 6 милиони евра штета […]

Политички смешки со слободата на медиумите: Филипче е виновен, тврди ВМРО-ДПМНЕ


  Очекувано, партиите веднаш го искористија падот на Македонија на Индексот на слободата на медиумите на „Репортери без граници“ втора година по ред, а сега за три места. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на Икс напиша: „Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на ‘Репортери без граници’. Сега сме […]

Новитет при регистрација на возилата


Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, со цел да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, информираше Министерството за внатрешни работи. „При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот […]

Се работи на финализација на мостот што ги поврзува улиците „Љубљанска“ и „Скупи“


Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски утрово информираше дека продолжуваат активностите за финализација на мостот што ја поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ – значаен инфраструктурен проект за овој дел од градот. Со неговото ставање во функција, Лукровски вели дека се очекува подобра поврзаност меѓу населбите Злокуќани и Бардовци, како и олеснет пристап кон индустриската зона и […]

Најстудено на Попова Шапка – два степена, најтопло во Струмица – 12 степени


Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а највисоката во Струмица 12 степени. Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, […]

Македонија не може да се изначуди, а Општина Битола го правда трансформаторот на улицата


  БИТОЛА – Трафостаница од витално значење за неколку големи објекти во Битола и Градското шеталиште стана дел од новата сообраќајница која ја поврзува улицата „Партизанска“ во Битола и населбата „Златен рид“ во старата касарна. Трафостаницата предизвика внимание во јавноста и отвори простор и за сериозни прашања за изведбата на проектот, но и за сеир […]

Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улица „Ловќенска“ во општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа.  Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 14:00 часот и тоа за дел од корисниците од „Ловќенска“ бр. 27, 29, 31, 33, 35 и 37.