Мицкоски од Охрид најави завршување на Плаошник


Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Охрид, каде почна со изградба катна гаража, најави и завршување на проектот Плаошник, почнат пред повеќе години. „Следен проект што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е Плаошник. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време“, […]

(Галерија+видео) Работниците на протест зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“


Зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“, денеска во 11 часот, на 1 Мај, Денот на трудот, застанаа илјадници работници, кои маршираат од Синдикалниот дом до Владата. Во фокус на нивните барања е зголемување на минималната плата на 600 евра, што според ССМ е неопходен минимум за достоинствен живот. Претседателот на ССМ, […]

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа


Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји.  Застој на граничните премини […]

Кој ќе се бори ако не ние, кога ако не сега – вели Трендафилов во пресрет на протестот на ССМ


Во пресрет на работничкиот протест на Сојузот на синдикати на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо ги повика работниците да излезат на денешниот собир, порачувајќи им дека трудот што го вложуваат на своите работни места мора да биде соодветно платен, ценет и почитуван. Не е погрешно што многу работници ќе го искористат […]

Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај


  Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата на работниците и подвлече дека синдикалното организирање е многу важно. Во своите прашања наведени во честитката едно од најважните што ги поставува е „дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?“ Во […]

Минчев: Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со што, како што посочи министерот, директно придонесуваат за развојот на општеството. – Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман […]

Најстудено на Попова Шапка -5 степени, најтопло во Гевгелија и Куманово +6


Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во […]

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките […]

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе […]

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 мај 2026 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  244 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Крањ донираше камион за комуналното претпријатие во Кочани


Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена. Донацијата што се реализира во знак на децениското пријателство на двете […]

ДОМ обвини дека е донесен недемократски законот за минерални суровини


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на донесувањето на Законот за минерални суровини по скратена постапка без јавна расправа и без вклучување на стручната јавност и граѓаните. „Овој начин на носење закон не е техничко прашање – туку суштинско отстапување од демократските принципи. Кога се носат одлуки што директно влијаат врз природните ресурси, здравјето […]

Унгарска компанија го доби и тендерот за 150 автобуси


Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди […]

Грција бара начин да го почитува новиот режим за влез, a да не ја блокира границата


Новиот систем за биометриска контрола на патници (ЕЕС), кој е во целосна функција на сите 99 гранични пунктови во Грција од октомври минатата година, предизвика сериозни застои и редици, вклучително и на преминот Евзони-Богородица. Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, денеска потврди дека Атина ќе ги користи сите расположливи алатки од европската регулатива за да […]

Жичницата до Водно нема да работи ни за 1 Мај – автобусите по неделен возен ред


ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.   На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен […]

Правеле злоупотреба со издавање лиценци – кривична за експретседател на Стоматолошката комора и пет членови на нејзина комисија


Првопријавениот М. Д., пречекорувајќи ги своите службени овластувања, склучувал договори со непостојни здруженија за организирање настани за континуирано стручно усовршување, преку кои докторите по стоматологија стекнувале бодови потребни за обновување на лиценците. Во координација со другите пријавени, членовите на комисијата Л. Е., К. З., А. Д. и Г. Ќ. Ч., како што се вели во […]

Се затвора сендвичарницата „Седмица“ кај Грчка амбасада


По речиси четири децении работа, своите врати ги затвора првиот дуќан на една од најпрепознатливите сендвичарници во Скопје – „Седмица“, лоцирана кај Грчката амбасада. Веста се прошири преку социјалните мрежи, каде граѓани споделуваат спомени и емоции поврзани со местото кое со години беше симбол на скопската гастрономска сцена. „Седмица“ ќе остане запаметена по својот препознатлив […]

Продолжена грејната сезона во Скопје – уште два дена парно


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана […]