Османи: Советот за реформи во правосудството работи добро


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека Советот за реформи во правосудството досега завршил добра работа и оти како резултат на тоа е донесена Стратегијата за реформи во правосудството и Акционен план врз основа на кој треба да бидат донесени 30-тина закони. – Советот реално направи одлична работа. Стратегијата која на почетокот беше оценета […]

Невреме во Хрватска исфрли на плажа кит долг пет метри (Фото/Видео)


Во хрватскиот град Оребиќ морето исфрли леш на голем морски цицач, за кој корисниците на социјалните мрежи тврдат дека станува збор за кит што морето го исфрлило по последното силно невреме што го зафати јужниот дел на Хрватска. Корисниците на социјалните мрежи велат дека цицачот е долг околу пет метри и тежок повеќе од сто […]

„Алијансата за Албанците“ сепак со празни раце?


Зијадин Села од САД, каде што неофицијално се лекува од последиците од тепањето, побара да престанат подлите игри во Владата. Претседателот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, со нови пораки од САД до првиот човек на Владата на Македонија и негов моментален коалициски партнер, Зоран Заев. Села како противодговор дека е можно да го загуби […]

ОТА на местото на УБК


Управата за безбедност и контраразузнавање, Царинската управа, Финансиската полиција, Агенцијата за разузнавање за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана ја губат привилегијата да ги прислушуваат граѓаните преку мобилните оператори. Таа можност ексклузивно ќе ѝ припадне на новата оперативно-техничка агенција (ОТА), која ќе се формира со договор меѓу политичките партии во земјава. Ова е […]

Бронхиолитот може сериозно да го загрози животот на бебињата


Бронхиолит е воспаление на малите дишни патишта (бронхиолите) и се јавува кај доенчиња со старост од два месеца до две годишни деца. Воспалението е често кај малите деца, особено во зима, и може да заврши сериозно доколку навреме не се побара лекарска помош. Д-р Татјана Јаќовска од Одделот за доенчиња при Клиниката за детски болести […]

Каде ќе биде новото Пржино?


По конгресот во Валандово за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, се најавува оживување на политичкиот дијалог во земјава – во насока на реализација на реформите што треба да ги подготви новата влада и на забрзување на евроатлантскиот процес. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, овој пат со освежено раководство, како што се најавува, би седнале повторно на […]

Бурна недела во Кривичниот суд за предметите од СЈО


Девет рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство се закажани неделава во Кривичниот суд. За денеска и за во среда закажани се рочишта за предметот „Насилство во Центар“, во кој се обвинети 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. На претходните рочишта вина за […]

Заев со премиерите од Западен Балкан на неформален состанок кај Могерини


Премиерот Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан вечер во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини. На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во […]

Реформистите без кандидат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


Нема да предложиме кандидат за претседател на Конгресот на 23 декември, информира Централниот штаб на Внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска во Скопје одржа состанок во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ земјава. Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира […]

СЈО нема да го замрзне имотот на ВМРО


Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе 24 Вести. Минатата недела со поднесок до Врховниот суд СЈО го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое бараа Врховен да ја преиспита основаноста на одлуките на Кривичниот суд со кои беше одбиено барањето на Катица Јанева за замрзнување на […]

Намалена видливост на патиштата кај Стража и Крушево


Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража и до 30 метри во Крушево. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Дебар и на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП […]

Дедо Душко го нема една недела, семејството бара помош за да го пронајдат


Исчезнат е Душан Трајковски од скопската населба Карпош 1. Го нема веќе една недела и членови на неговотo семејство апелираат до сите граѓани да им помогнат да го пронајдат. „Излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на […]

(ФОТО) Отровот убива, но не бира кого: Труењето на животни да престане веднаш


Активисти и љубители на животни денеска преку протест во центарот на Скопје побараа надлежните институции да преземат мерки со кои, како што велат, ќе престане нехуманиот третман на животните. Неопходен е, како што порачаа, хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој што предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни. Бараат […]

Петровски бара да престанат притисоците за Мицковски


Околу Конгресот отприлика вака стојат работите: Членството е многу револтирано. Доколку не престанат притисоците ќе мора да реагирам порадикално“, напиша Филип Петровски на својата страница на „Фејсбук“, под која е закачена фотографија со обвинување од сопартиец кој тврди дека „врвот на партијата дека врши притисок до делегатите за подршка на Хрстијан Мицковски“ за наследник на […]

Министерство за животна средина предлага бесплатен јавен превоз


Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до институциите да бидат подготвени во случај на надминување на прагот на дозволени гранични вредности на ПМ честитки во воздухот, иако, наведуваат, според информацијата на Управата за хидрометеоролошки работи временската прогноза овие денови ќе биде поволна. Како што стои во соопштението од Министерството, се бара единиците на […]

Стоп за насилството врз сексуалните работници: Марш на црвените чадори во Скопје


Денес по 10. пат во Скопје се одржа  „Маршот на црвените чадори“, на кој сексуалните работнички заедно со нивните поддржувачи маршираа низ улица „Македонија“ во Скопје. Од вчера во главниот град почна одбележувањето на Меѓународниот ден против насилство врз сексуалните работници.     Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто утре во Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, предвидено е министерот Сијарто да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието Талат […]

Бошковски си оди од „енергетика“, доаѓа Панче Орцев


Собранието, на седницата на 25 декември, треба да гласа за предлогот на Владата за разрешување на Дејан Бошковски од член на Регулаторната комисија за енергетика. Паралелно, парламентот треба да се произнесе и за владиниот предлог за нов член на Регулаторната комисија да биде избран Панче Орцев, поранешен пратеник на СДСМ од Струмица. Поради истекување на […]

Собранието ќе избира нови уставни судии на 25 декември


На седницата закажана за 25 декември, пратениците треба да се изјаснат за предлозите на претседателот Ѓорге Иванов за комплетирање на Уставниот суд, кој подолго време е во нецелосен состав, односно функционира без една третина од членовите. За нови членови на Уставниот суд Иванов ги предложи советникот во неговиот кабинет Дарко Костадиновски и универзитетскиот професор Осман […]

Оптимизам по првата рунда преговори за името


По тригодишен застој во вторникот во Брисел се одржаа разговори меѓу медијаторот на ОН Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, во обид да се најде решение за прашањето за името на Македонија. Нимиц по разговорите излезе со став дека прашањето треба да се реши во 2018 година, […]