Средба на Могерини со лидерите од регионот


Лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше речено на вечерашната средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во Брисел. […]

Груевски до Сијарто: Членови на ВМРО-ДПМНЕ неправедно се наоѓаат во притвор


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто се пожалил дека во Македонија се загрозени основните слободи и права и дека партиски членови и истакнати општествени личности кои не се истомисленици со актуелната власт, се мета на жесток политички притисок и прогон. Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека […]

Данев од Шутка: Судиите да ги ослободат нашите браќа и сестри што се на другата страна од оградата


ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше поради приведувањето за насилствата во Собранието на 27 април. Правда и човечност, побара Драган Данев во обраќањето пред  истражниот затвор во Шуто Оризари. – За седум дена нашите судии пак ќе одлучуваат за правдата, односно за слободата на нашите браќа и сестри кои сега се на другата страна од оваа ограда. […]

Средба Попоски-Сијарто: Местото на Македонија ѝ е во Европската Унија


Местото на Македонија е во европското семејство, за што неколкупати досега ја докажала својата улога како заслужен член на Унијата, оценија денеска претседателот на Советот за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија Никола Попоски и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Како што соопшти прес-службата на македонското Собрание, двајцата соговорници констатираа дека пред и […]

Извлечено возилото што попладнево излета во водите на Вардар


Извлечено е возилото што попладнево пловеше во водите на реката Вардар, потврдија од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Командирот на Територијалната противпожарна единица Звонко Томевски изјави дека возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила. Интервенцијата траела околу еден час. Како што дознава порталот „Сакам да кажам“, автомобилот бил во […]

Автомобилот што излета попладнево во Вардар бил на Весна Петрушевска


Како што претходно извести нашиот репортер од терен, автомобил околу 17:30 часот излета во реката Вардар во центарот на Скопје. Како што дознава порталот „Сакам да кажам“, автомобилот бил во сопственост на позната актерка Весна Петрушевска, која во тој момент била на проба во МНТ. „Јас сум шофер од 17 години, уредно го изгасив автомобилот, […]

САД ставија вето на резолуцијата во врска Ерусалим во Советот за безбедност


САД ставија вето врз нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се одбива неодамнешното признавање од страна на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим како главен град на Израел и неговите планови за преместување на американската Амбасада во градот. Ветото на САД беше најавено од американскиот амбасадор во ОН, Ники Хели, неколку часа […]

МОН: Дваесет дена за предлози по предлог-законот за високо образование


Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите засегнати страни во наредните 20 дена, до 6 јануари 2018 година, да дадат коментари и предлози по предложениот текст на законот за високо образование. Нацртот на новиот закон, како што соопшти, е подготвен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија  https://ener.gov.mk/, а коментарите и […]

Неколку идеи за решавање на проблемот со аерозагадувањето


Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла. Итно да се почне со гасификација на […]

Иванов ќе се обрати пред новото мнозинство на 26 декември


На 26 декември (вторник), претседателот Ѓорге Иванов ќе го реализира своето прво обраќање пред новиот парламентарен состав, кој беше конституиран на крајот на 2016 година. Ова ќе биде девето редовно обраќање на Иванов пред парламентот откако е избран на функцијата, а четврто во неговиот втор мандат. Сепак, ова е прво обраќање на шефот на државата […]

Иванов – Сијарто: Унгарија дава силна поддршка за Македонија кон ЕУ


Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов ја нагласи неопходноста од динамизирање на евроатлантските процеси на Република Македонија и ја повтори силната поддршка на Унгарија за земјава да го добие заслуженото место во НАТО и да ги почне пристапните преговори со ЕУ час поскоро. Иванов, како […]

Venko Filipce – new health minister


Neurosurgeon Venko Filipce, health care adviser at the Prime Minister’s Cabinet, is going to be the new health minister, government sources told MIA. The post has been vacant for two months as Arben Taravari from the Alliance of Albanians, who served as Health Minister, was meanwhile elected for Gostival Mayor at the recent local elections. […]

Венко Филипче – иден министер за здравство


Венко Филипче, според последните информации, е предлогот на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство. Со тоа, СДСМ, сепак, го презема Министерството за здравство од коалициските партнери „Алијансата за Албанците“. Министерското место во здравство е празно подолго од два месеци, откако Арбен Таравари се кандидираше за градоначалник на Гостивар. Според информациите, на „Алијансата за […]

Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ се монтирани


Експремиерот Никола Груевски денеска утврди дека Специјалното јавно обвинителство потврдило оти прислушуваните разговори се монтирани. Обвини дека против него се врши прогон, па неделно му се закажуваат и по четири судења, а тоа против Зоран Заев не може да почне две години. Изјавите ги даде пред Кривичниот суд во Скопје каде требаше да се одржат […]

ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија


ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје. Станува збор за две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за Република Македонија за 2017 година. […]

Димитров: По празниците ќе продолжат разговорите за името


Разговорите за прашањето за името ќе продолжат во периодот по празниците, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. – По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц. Договорена е следната да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот […]

Kathimerini: Nimetz upbeat on talks, but obstacles lurk


Negotiations on the name dispute between Athens and Skopje are being treated with a fair amount if optimism at the United Nations. Matthew Nimetz, the UN’s special representative on the matter, appears determined to intensify talks between the two sides. A deal could be struck by June 2018, Kathimerini daily reads. An EU summit in […]

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат


Договорот за решавање на спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година. Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“. Во Обединетите нации, пренесува […]

Нема да има поголема реконструкција на Владата, вели Бујар Османи


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски мести и оти нема да има поголема реконструкција на Владата. – Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации […]