Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска


По неколкуте успешни гостувања на  одлични солисти и  ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет  под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист […]

Австриска вечер на „Охридско лето“


Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи  на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. […]

„Оскаровската одисеја“ на Кристофер Нолан: Можат ли Мет Дејмон, чудовиштата и митологијата да му донесат уште една статуетка за најдобар филм?


Лос Анџелес – Последниот пат кога епот со мечеви и сандали навистина ги освои Оскарите, Расел Кроу стоеше во Колосеумот и праша: „Не сте ли забавувани?“ Блокбастерот на Ридли Скот од 2001 година „Гладијатор“ ја освои наградата за најдобар филм таа сезона, накратко потсетувајќи го Холивуд дека спектаклот од античкиот свет сè уште може да […]

Сара Климовска во жирито на 32. Сараево филм фестивал


Во трка за „Срцето на Сараево“ на 32-от Филмски фестивал во Сараево кој ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година, се натпреваруваат 51 филм, додека еден филм ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата. Во четирите натпреварувачки селекции – долгометражен игран филм, долгометражен и краток документарен филм, долгометражен краток филм и студентски краток […]

Средба на министерот за култура Сулејмани со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД


Новиот министер за култура Седат Сулејмани оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.   „Задоволство да остварам средба со вршителката на должноста шеф на Мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н. Е. г-ѓа Никол Вернс.     Разговаравме за одличната соработка меѓу нашите две земји […]

„Нема да ви се верува што се случи претходно“ со светска премиера на фестивалот во Олденбург


Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened […]

„Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на Сараевскиот фестивал


Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Во периодот додека беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм, Манчевски со свои средства го финансираше овој […]

„Одисеја“ е фаворитот : „Варајати“ ги објави првите предвидувања за Оскар 2027


Лос Анџелес -Проектирани лидери во номинациите (филмови): „Одисеја“ (14); „Дина: Трет дел“ (12); „Деби“ (9); „Див коњ Девет“ (8) Проектирани лидери во номинациите (студија): Ворнер Брос. (16); Универзал Пикчерс (14); А24 (11); Нетфликс (10). „Варајати“ го објави списокот со предвидувања за можните номинации и добитници на Оскар 2027, со напомена дека списокот е далеку од […]

Новиот роман на Јелена Бачиќ Алимпиќ веќе на македонски: „Матица“ го објави „Синот на кројачот“


Само неколку недели по регионалната премиера, најновиот роман на една од најчитаните авторки на овие простори, Јелена Бачиќ Алимпиќ, веќе е достапен и на македонски јазик. „Синот на кројачот“, долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, е објавен во издание на „Матица македонска“ и може да се најде во книжарниците на издавачката куќа и преку нејзината онлајн-продавница. […]

Словачка вечер на „Охридско лето“: Врвна интерпретација на Моцартовиот гудачки квартет бр.15


Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на  годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира -Уметноста е љубов“. Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката […]

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на НОБ


Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“.  Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на […]

Со проекција на документарни филмови во шест населени места заврши 17-тото Патувачко кино на „МакеДокс“


Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат […]

Одисеј на Нолан не е Бетмен


Во мноштвото осврти за најновиот блокбастер на Кристофер Нолан „Одисеја“  околу кој се кршат копја не само во филмските сцени туку и во текстовите на врвната филмска критика, и на сеирџиската домашна критика, го споделуваме ФБ постот на новинарот од Бања Лука, Александар Трифуновиќ. Еве што тој  напиша за екранизацијата на епопејата на Хомер кој […]

Битолскиот театар во Верона со светска премиера на претставата „Кориолан“


Ансамблот на НУ Народен театар Битола синоќа во Верона премиерно ја изведе преставата „Кориолан“ од Вилјам Шекспир во режија на Џон Блондел. Битолските актери на Шекспир фестивалот во Верона, град домаќин на бројни уметници од светот и театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија, на македонски начин ја презентираа безвременската трагедија на Шекспир, […]

Oперски ѕвезди пееја за 60. јубилеј на ФМУ на „Охридско лето“


Со импресивен настап на единаесетмина истакнати уметници на „Охридско лето“ , во „Св. Софија“,  синоќа беа одбележани  јубилејни шеесет години од постоењето на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Некогашните студенти на овој реномиран факултет, сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, флејтистката Катерина Бачевска, […]

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“ за љубителите на врвниот балет


„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“  од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, […]

Словачка вечер на „Охридско лето“


Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“  ќе одржи концерт  во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат  Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО […]

Почина Оливера Катарина, ѕвездата на југословенскиот филм


Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која пленеше со својата убавина, почина на 87-годишна возраст во Белград, објави нејзиното семејство. Оливера Катарина беше една од најпопуларните актерки и пејачки во Југославија на почетокот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Родена како Оливера Петровиќ во Белград во 1940 година, по дипломирањето на Правниот факултет, […]

На „Охридско лето“ вечерва концерт по повод 60 години ФМУ


Во рамки на музичката програма на годинешното 66. Фестивалското издание, вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи „Алумни“ концерт, со што ќе бидат одбележани 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во прекрасната акустика на катедралната црква  „Света Софија“ ќе настапат уметниците Kатерина Костадиновска – […]

Безвременската „Одисеја“ и извонредниот препев на Михаил Д. Петрушевски 


„Илијада“ и “Одисеја“ се класика што секоја генерација повторно ја открива, а со блокбастерот „Одисеја“ на Кристофер Нолан кој ги полни кината ширум светот и предизвикува реакции, контраверзи и бес во академските и политичките средини, повторно го актуелизира епот што го обликува светот со векови, за патувањата, мудроста и човековата истрајност. Прашањата што ги поставува […]