„О“ на Рунар Рунарсон е прогласен за најдобар филм на 9. издание на „Дрим шорт“ во Струга


Филмот „О“ на Рунар Рунарсон е прогласен за најдобар на деветтото издание на Фестивалот за краток филм „Drim Short 2025“ што од 7 до 10 август се одржа во Струга. За најдобар филм во студентската програма е прогласен „Невидлива сестра“ на Нели Рајала, а „Треба да зборуваме за Дилан“ на Умут Шилан Огурлу во регионалната […]

„Охридско лето“ со звуците на кастањетите и харфата не однесе од срцето на Балканот во Шпанија


Звуците од кастењетите на  прекрасната уметница Луцеро Тена и на харфата од Гзавије де Местре вчеравечер создадоа вистинска магија во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“ на Шпанската вечер што се организира традиционално, секоја година на фестивалот „Охридско лето“. Шпанската вечер на отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.С.Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој рече дека […]

Драмски со премиера на копродукциската претстава „Плејбои…“ во Будва, во чест на Душан Јовановиќ


Синоќа, на летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ во Будва,Црна Гора, се играше премиера на  претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  […]

„Охридско лето“ пулсираше во духот на афробит ритамот: Настап на Националниот џез оркестар и Шеон Кути


Сцената „Долни Сарај“  синоќа беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“  кој го одржаа  Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Кути, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика, е најмладиот син на пионерот на […]

Македонската современа уметност во Софија проговори со моќен глас


Во време кога светот се распаѓа во фрагменти на брзина, загуба на смисла и гласна безначајност, македонската современа уметност во Софија проговори со еден моќен глас, како сведоштво од длабочините на колективната меморија и визијата на новото време. И со такво длабоко возвишено чувство на почит, уметничка гордост и инспирација, на 7-ми август 2025 година, […]

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила


Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе ја доживее својата азиска премиера на крајот на месецов, на 11. издание на Bakunawa Film Festival во Манила, Филипини. Фестивалот го носи името на „Бакунава“ – митска морска змија од филипинскиот фолклор за која се верува дека предизвикува затемнувања на месечината, и е […]

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со харфистот Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети


Во рамки на Шпанската вечер на „Охридско лето“ вљубениците во класичната музике вечерва ќе можат да го проследат концертот на францускиот харфист Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети. Гзавије де Местр е еден од водечките харфисти на денешницата и исклучително надарен и креативен музичар. Како виртуоз на харфата придонесува кон збогатување на репертоарот […]

Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран отворен со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Лазар Ристовски


Во амфитеатарот во Дојран синоќа свечено беше отворен четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ и на српскиот актер Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот. Како што информира организаторот на фестивалот, во преполниот амфитеатар беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, […]

Светски познатиот виртуоз на пијано Плетњов одржа концерт за паметење на Охридско лето


Музичката програма на „Охридско лето“ синоќа продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Плетњов изведе избрани дела на Бах, Шуман и Григ. Неговото маестрално музицирање, брилјантната техника и нагласениот музички сенс беа наградени со долготраен аплауз и стоечки овации. Плетњов на годинешново […]

Во Охрид одржана церемонија во чест на Светлана Мојсов, годинешна добитничка на Светската награда на хуманизмот


На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија на МАНУ беше врачена наградата за хуманизам за 2025 на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Мојсов не присуствуваше на денешната церемонија на која требаше да и биде врачена […]

Ликовна колонија „Галичник 2025“ од 12 до 18 август


„Постмеморија – Одек на тишината“ е темата на годинашната Ликовна колонија „Галичник“ која по 36-ти пат ќе се одржи од 12 до 18 август во Галичник.  Како што наведува организаторот, темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, „кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако […]

Солистички концерт на светски познатиот пијанист Михаил Плетњов на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Пијанистот, диригент и композитор Михаил Плетњов е една од најзначајните музички фигури на нашата ера. Неговиот исклучителен пијанистички талент е високо признаен уште од 1978 година кога на 21 година ја освојува првата награда на престижниот натпревар […]

На истакнатиот научник Светлана Мојсов денес во Охрид ќе ѝ биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025


Денес напладне, во Куќата на Уранија на МАНУ, на свечена церемонија, на Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, ќе и биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани.Таа ќе […]

Овации за ангелските гласови од српскиот хор  „Свети Серафим Саровски“ на „Охридско лето“


Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин  синоќа беше посебно доживување за публиката  на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот. Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален  ансамбл, совршено се вклопи  во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни […]

Театар под ѕвездите: „Ноќта кога ја убив месечината“ на 2218 метри надморска височина


На 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена. Јавната установа Национален […]

Дијана Петрова е добитничката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2025 година


Дијана Петрова е авторка на расказот „Мизенабим”, избран за најдобар на годинешниот конкурс што го носи името на познатиот македонски и охридски писател и раскажувач, Живко Чинго. Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевност при филолошкиот […]

Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ во Музеј галерија во Кавадарци


Изложба на слики од уметницата Дивна Пешиќ, ќе биде отворена вечерва во Музеј галерија во Кавадарци.   – Како уметница, сликајќи масло на платно, Дивна има 33 години активна кариера со околу 50 самостојни и групни изложби ширум светот. Нејзината уметност доби глобално признание — прогласена е за најдобар апстрактен експресионист во светот од страна […]

Заврши 14. издание на Битолино: Гран-при за претставата од Грузија


Синоќа со претставата на Театарот за деца и млади „Колибри“ од Унгарија заврши официјалната програма на ИДТФ „Битолино“ а во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. Фестивалот традиционално доделува единствена награда Гран-при за најдобра претстава во целина а за која оваа година одлучуваше жири во состав од: бугарската актерка […]

„Калиграфи на филмското писмо“ – промоција на книга од Влатко Галевски во Кинотека


На 9 август (сабота) во Кинотека на Македонија, во рамките на програмата на шестото издание на „Флипбук филм фестивал“ (7-10 август во 19 часот ќе се одржи промоцијата на новата книга на Влатко Галевски, со наслов „Калиграфи на филмското писмо“. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков. Филмофилското издание […]

Расказот „Мизенабим“ најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“


Расказот со наслов „Мизенабим” на авторот под шифра „Кибела”е избран за најдобар на годинашниот конкурс распишан во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго. На конкурсот што секоја година го распишува Општина Охрид биле доставени вкупно 69 раскази. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Бранко Цветкоски и Зоран Јаќимоски за победничкиот расказ „Мизенабим“ истакнува дека […]