Изложба на Кирил Гегоски во македонскиот КИЦ во Тирана


Во македонскиот Културно-информативениот центар во Тирана вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот Кирил Гегоски.  – Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата. Уметничкиот израз е исполиран до последниот детаљ, што […]

Турско-македонски културен мост преку кинематографијата – нови можности за соработка и зближување


Турската кинематографија беше во фокусот на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава му ја додели специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на еден од најистакнатите турски режисери, сценаристи и продуценти – Семи Капланоглу. Авторот на познатата „Трилогија за Јусуф“ (Јајце, Млеко, Мед), награден со „Златна мечка“ […]

Наградата „Прозарт“ врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на 13.„ПРО-ЗА Балкан“


На затворањето на 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, наградата „Прозарт“ му беше врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар кој, во обраќање по повод признанието, зборуваше за значењето на квалитетната литература и за улогата на книгата во време кога  „светот се дави во премногу зборови и премногу книги“.  -Книгата може да биде опасна и во […]

Врачување на поетската награда „Даница Ручигај“ на Александра Јуруковска за збирката „Ткажалки“


Наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга денеска во Друштвото на писателите на Македонија ќе и биде врачена на Александра Јуруковска за збирката „Ткажалки“. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, ДПМ првпат наградува необјавен поетски ракопис. Наградата се состои од плакета и од објавување на ракописот. На овогодишниот конкурс, кој за членовите на ДПМ […]

Промоција на „Воин на бессони ноќи“ од Стојанов во кочанската Библиотека „Искра“


Во ЈОУ Библиотека „Искра“ денеска ќе се одржи  промоција на поетската збирка „Воин во бессони ноќи“ од Далибор Стојанов, роднокраен автор, член на Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани. Улогата на промотор ќе ја има, Славица Цветкова, исто така роднокраен автор, а  модератот ќе биде Марина Гоцевска. Промоцијата на збирката од поезија на Далибор Стојанов е […]

Ансамблот „Танец“ на голема балканска турнеја, ќе го промовира македонското културно наследство


Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер ќе настапи во Културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“ во градот Валпово во Хрватска, со што ќе ја почне големата балканска турнеја насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, која е уште еден чекор во мисијата за негување и промоција на нашето културно наследство. Од Националната установа-ансамбл за народни […]

Националната опера и балет ја отвора сезоната со „Реквием“ од Моцарт


Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт на 3 октомври со почеток во 20 часот. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на […]

На „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“


 Интернационалниот фестивал  на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“ кој синоќа го отвори најновото издание на фестивалот на кинематограферите. Филмот е баран насекаде и тоа е големо задоволство за тимот, истакна Лабина Митевска, која настапи во филмот „Мајка“. -Фантастично е чувството да се има филм што […]

Ленуар: Секој што бил на ИФФК „Браќа Манаки“ од Битола се враќа со сјај во очите


Секој што бил на ИФФК „Браќа Манаки“ потоа од Битола се враќа со сјај од очите, истакна Денис Ленуар, претседател на меѓународното жири задолжено за оценување и доделување на главните фестивалски награди. На прес – конференција во фестивалскиот прес центар, Ленуар посочи дека добрата страна на фестивалот е што станува збор за голем собир на […]

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“


Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, […]

Силјановска Давкова: ИФФК „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи


Фестивалот „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во видео обраќање пред аудиториумот во Битола. Како прокровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, претседателката Силјановска Давкова посочи дека камерата за браќата Манаки беше повеќе од објектив. -Годинава фестивалот се одржува под […]

Се истражува милениумскиот културен континуитет во пет македонски манастири


 Со најсовремена опрема се скенира и се истражува тлото во и околу пет познати манастирски комплекси во Македонија за да се утврди милениумскиот континуитет на културното наследство. Се истражуваат манастирите: Трескавец, Зрзе, Манастир Мариово, Свети Димитрие-Чебрен, Плаошник, Свети Ѓорѓи во Крубиново. Ова е дел од двегодишниот проект на Институтот за старословенска култура од Прилеп во […]

Комеморација за Илинденка Петрушева: Извонреден познавач на филмот, пред сè извонреден човек


Извонреден познавач на филмот чии филмски рецензии се учебник за концизна и прецизна филмска критика, пред сè извонреден човек и голем другар. Со овие зборови се простија блиските соработници од Илинденка Петрушева (4 август 1944 – 5 септември 2025) на комеморацијата што во нејзина чест ја организираше нејзината матична установа – НУ Кинотека на Македонија. […]

„Манаки“ ѝ дава посебен живот на Битола во седумте денови филмска магија


БИТОЛА – Започнува ИФФК „Браќа Манаки“ која дава посебен шарм во секојдневието на Битола. Едноставно, градот во седумте филмски фестивалски денови ја живее магијата на големото платно. Во Битола се слават кинематограферите, а публиката ужива во визуелната естетика. Низ градот е развижено, со многу странски гости, со еден збор кажано, градот живнува  и културно и во […]

Театарот за деца и младинци – Скопје со „Роња, ќерката на ограбувачот“ на фестивал во Мостар


Театарот за деца и младинци – Скопје на 22 септември 2025 година (понеделник) во 19:30 часот ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, Босна и Херцеговина, во рамките на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар (ФЛУМ 2025), што ќе се одржи од 21 до 26 […]

МНТ: Стоечки овации за македонските актери и „Ничија земја“ на фестивалот „Театар без граници“ во Ќустендил


Македонскиот народен театар синоќа ја отворил првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија. МНТ соопшти дека претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, била одиграна пред преполна сала со 700 гледачи, „кои ја наградија маестралната актерска игра со громогласни стоечки овации и […]

Промоција на стихозбирката „Совршен поет“ во чест на Игор Исаковски


Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави стихозбирката „Совршен поет“ – книга со собрана поезија на Игор Исаковски (1970-2014) по повод 55 години од неговото раѓање, и ќе ја промовира вечер во кафе-книжарницата Буква од 20 часот.  -Во слава на поетот Игор Исаковски,  на 55-годишнината од неговото раѓање. Книгата има 700 страници собрана поезија на еден од […]

Комеморација за Илинденка Петрушева во Кинотеката на Македонија


НУ Кинотека на Македонија денеска од 13 часот организира комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“. Како што соопшти Кинотеката, Илинденка Петрушева е една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија, а комеморацијата ќе […]

Грчки танго маратон во Скопје


Во ексклузивен настан посветен на понатамошно поттикнување на културните врски и соработката меѓу Грција и Северна Македонија, „Центар 213“, во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија, го организираше вториот танго маратон „Emotions” – Грчко издание, кој се одржа во хотелот Limak Skopje Luxury од 12 до 14 септември 2025 година. 150 учесници од […]

Балканска средба на писатели


Во Културниот центар „Феникс“ денеска ќе се одржи поетска средба со српските писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ. Масловариќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија, а Даниловиќ е координатор за словенските земји на Светската академија за поезија под патронат на УНЕСКО со седиште во Верона (Италија). Поетите Масловариќ и Даниловиќ се годинашни добитници […]