Лидија Танушевска добитничка на наградата „Драги“ за превод


Наградата за најдобар книжевен превод на македонски јазик „Драги“ за 2025 година ја доби Лидија Танушевска, за превод од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, претставник од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Јана Михајловска, член од семејството […]

Редици за автограм од Ахмет Умит на „Букстар“ во Скопје: Откри зошто пишува крими-романи кои станаа бестселери


Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, се одржа синоќа во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар. Ахмет Умит (1960) е еден од најпознатите турски автори на детективскиот роман. Неговиот прв роман „Магла и ноќ“ (1996) се смета за ремек-дело на детективската […]

Во сабота ќе биде промовирана „Градина полна латици“ – храбра книга-сликовница за сите генерации


Во сабота (4 октомври), во 12 часот, во „Цреша бар“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на книгата-сликовница „Градина полна латици“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоторка на оваа по многу нешта храбра и уникатна книга ќе биде Билјана С. Црвенковска. Настанот ќе биде наменет и за оние […]

Доделување на наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска ќе биде  соопштена и доделена наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик. Финалисти за наградата се пет преведувачи: Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година; Јасминка Марковска за преводот од […]

Проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ во Кинотека


Специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“, снимен во 1967 година во режија на Трајче Попов, ќе се одржи вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“. -Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот […]

„Џифони Македонија“ е нешто различно од фестивалите како Кан, Берлин, Венеција


Што сработиле учесниците на 13. „Џифони Македонија“, публиката ќе може да види вечерва во 19 часот на затворањето на фестивалот во киното „Фросина“ во Скопје. Џифонци ќе ги прикажат нивните дела кои се резултат на изминатите шест дена на работилниците за кратки документарни филмови, за фотографија, видео во еден кадар, работилница за кратки филмови, за […]

„Приказаната за Силјан“ на Тамара Котевска откупен од „Нешнл џиографик документари филмс“


Македонија повторно испиша историја во светската кинематографија. „Приказната за Силјан“ на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и […]

Диригентката Дијана Имери Илкоска била дискриминирана од поранешниот в.д. директор на Филхармонија


Диригентката Дијана Имери Илкоска била дискриминирана од страна на поранешниот в.д. директор Александар Котевски. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација. Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на РСМ. Имено, нејзиниот работен однос не […]

Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2025


Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцент промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста , соопшти Министерството за култура. Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и […]

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска селектиран на Интернационалниот филмски фестивал во Токио


Филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска е селектиран во  официјалната натпреварувачка програма на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио (TIFF), што ќе се одржува од 27 октомври до 5 ноември годинава.  Ова беше соопштено на денешната прес-конференција, а селекцијата е дел од програмската работа на д-р Андријана Цветковиќ, филмски режисер, професор и поранешен […]

„Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од денеска во киносалите


Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од денеска ќе ја има и својата кинопремиера. Во Скопје ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ со премиера во 20 часот, а исто така ќе игра и во 3Д киното при Центарот за култура во Битола, од истиот термин. Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската […]

Разговор со мајсторот на криминалистичкиот роман Ахмет Умит вечерва на „Букстар“


Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе се одржи вечерва во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар во 19:19 часот. Модератор на настанот ќе биде Јордан Коцевски. Умит ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година. Како што информираат организаторите на манифестацијата, на почетокот на вечерта присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично […]

Промовирана книгата „30 современи грчки автори“ во Скопје и во Атина


Книгата „30 современи грчки автори“ деновиве доживеа промоции во Скопје и во Атина. Книгата, која содржи препев на 30 песни од автори од Грција, во Скопје беше свечено промовирана во соработка со Амбасадата на Грција во земјава. На настанот лично присуствуваа четворица од авторите: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, […]

Објавени конкурсите за државните награди „Мето Јовановски“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2025


Министерството за култура и туризам соопшти дека се објавени конкурсите за доделување на државните награди „Мето Јовановски“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2025 година.  Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на […]

Со настапот во „Музикферајн“ во Виена, Филхармонија испишува историја, вели директорот Имери


Директорот на Македонската филхармонија Мустафа Имери на денешниот прес по повод новата концертна сезона 2025-2026, насловена „#Без филтер“  што стартува на 2 октомври,  со концертот на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, го најави и гостувањето во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена , […]

Премиера на младинската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци


Во Театарот за деца и младинци утре во 20 часот ќе се изведе премиерата на новата младинска претстава „Челинџ“, авторско и режисерско дело на Јане Спасиќ. Претставата трае 78 минути и е наменета за публика на возраст од над 12 години и раскажува за викенд-екскурзија на која кога еден од учениците исчезнува без трага, групата е […]

Проекција на „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ на „Џифони Македонија“


Краткиот филм „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ (101% – Who controls your choices?), авторско дело на Роберта Манцо, Винченцо Капоне и Иленија Лука, претставници на Италијанската државна полиција, ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Фросина“, во рамките на програмата Creative You(th) Talks. Проекцијата е од отворен тип, а по […]

НОБ ја почнува сезоната на 3 октомври со „Реквием“ од Моцарт


Остануваат уште неколку дена до свеченото отворање на сезоната 2025/2026 во Националната опера и балет со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и […]

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски


Наградата за најактуелна книга меѓу двете изданија на фестивалот „Букстар“ синоќа му беше врачена на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“ („Антолог“, 2025), за време на свеченото отворање на единаесетотто издание на фестивалот на европска литература во преполната сала на Културно-информативниот центар во Скопје. – Секоја награда е признание за добитникот, а сите […]