Струмичкиот карневал е зимска европска атракција


Во магазинот „Во воздух“ на словенечкиот авиопревозник „Адриа“ Струмичкиот карневал е понуден како возбудлива зимска дестинација од вкупно седум такви во Европа. И во печатеното и во електронското издание на магазинот, токму на македонскиот карневал му е посветено големо внимание со многу корисни информации како да се стаса до Струмица во времето на одржување на […]

„Егзит“ вторпат најдобар во Европа


Фестивалот „Егзит“ е официјално најдобар фестивал во Европа, објавено е синоќа на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија. „Егзит“ победи во главната категорија во конкуренција со вртоглави 350 фестивали од повеќе од 35 земји, со повеќе од еден милион гласа од публиката и мислењето на стручното жири составено од најеминентните луѓе од светската музичка […]

Интервју со Стефанија Гаштарска, балерина: Со „Бољшој“ ми се оствари сонот


Македонската балерина Стефанија Гаштарска (16) си го оствари својот сон со студирањето на престижната балетска академија „Бољшој“ од Москва. Иако толку млада, зад себе има неколку меѓународни признанија и награди, а од неодамна е и амбасадор на балетскиот светски бренд „Гришко“. Македонската публика ќе има можност да ја види во главната улога во детската балетска […]

Скршена спомен-плочата на поетот Ацо Шопов


Скршена е спомен-плочата на поетот Ацо Шопов која се наоѓа кај неговата родна куќа во штипската населба „Горно маало“. Според претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Штип, Трендафил Атанасовски, се работи за невиден вандалски чин, кој во изминатите денови е забележан од страна на граѓанин што живее во тој дел од градот. […]

Фестивалот Егзит прогласен за најдобар европски фестивал


Фестивалот Егзит, кој се одржува во српскиот град Нови Сад, беше прогласен за најдобриот европски фестивал, на традиционалното доделување на фестивалските награди во Гронинген, Холандија. Жирито разгледало 350 музички фестивали кои се одржуваат во 35 европски држави, и заклучило дека Егзит е најдобрит голем европски фестивал и најдобро организиран фестивал. Егзит ја добил и наградата […]

Концерт на чудото од дете, Даниел Харитонов


Македонската филхармонија вечерва со почеток во 20 часот го почнува првиот концерт од серијата најавени за годинава. Првиот настан е насловен како „Лауреати“ и ќе настапи чудото од дете, младиот виртуоз на пијано Даниел Харитонов, под диригентство на маестро Даниел Рајскин од Русија. Роден во рускиот град Јужно-Сахалинск, Харитонов се прослави како еден од најсјајните […]

Филмски маратон во кино „Милениум“


Девет филмови ќе бидат прикажани утре од 12 часот до петок наутро во кино „Милениум“, во рамки на филмскиот маратон кој Младинскиот културен центар го органиизра по повод Роденденот на уметноста. Маратонот ќе почне напладне со „Help, I shrunk my teacher“, а потоа ќе следуваат проекции на филмовите: „Center of my world“ (14.30); „Dark fortune“ […]

Изложба во ателјето на Мирослав Масин по повод Роденденот на уметноста


Асоцијацијата за култура ИКОН и уметникот Мирослав Масин вторпат со изложба ќе го обележат Роденденот на уметноста кој во светот се прославува на 17 јануари. Во ателјето на Масин ќе биде отворена изложбата „Во слава на уметноста“ на која покрај негови ќе бидат претставени и дела на уметниците: Денис Боувен, Владимир Георгиевски, Никола Иванов – […]

Конкурсите за субвенции на домашна музика ќе бидат поништени


Примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција и опциите за разрешување на состојбата биле тема на состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио телевизија. Како што информираат во заедничкото соопштение, на вчерашниот состанок во Министерството за култура било констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува […]

„Исцелител“ премиерно во Норвешка: Филмот продолжува да ја освојува светската публика


Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран да се прикажува на интернационалниот филмски фестивал во Тромсо, кој е најголем во Норвешка. Премиерното прикажување ќе биде денеска, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот. – „Исцелител“ ќе биде прикажан во престижната програма „Хоризонти“ во која се избрани филмови од различни жанрови […]

Доцни изградбата на новиот театар во Струмица


Спуштената завеса на старо-новиот театар во Струмица, со која е покриена надворешноста на објектот во изградба, асоцира на големата желба на актерите од Народниот театар „Антон Панов“ да се вратат на извориштето на театарската уметност во градот под Царевите Кули. Но, за нивна (не)среќа завесата никако да се крене. Стариот театар во осумдесеттите години на […]

Се полни Петроварадинската тврдина: Синот на Боб Марли доаѓа на фестивалот „Егзит“


Осумкратниот добитник на наградата „Греми“, Зиги Марли, кој важи на јамајски реге-крал доаѓа на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија. Тој е наследник на најголемата икона во реге-музиката Боб Марли, и иако неговата големина е недопирлива, Зиги во континуитет го докажува талентот. Неговото вистинско име е Дејвид Неста, а неговото уметничко име Зиги го позајмил […]

И министерот Алаѓозовски во Давос


Министерот Роберт Алаѓозовски ќе учествува на конференција на министрите за култура од земјите потписнички на Европската културна конвенција и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, која од 20-ти до 23 јануари ќе се одржува во Давос, Швајцарија, во рамки на Светскиот економски форум. Како што објави Министерството за култура, конференцијата е посветена на заштитата […]

„Ромео и Јулија“ на Пројковски, најдобра претстава во Турција


Претставата „Ромео и Јулија“ во продукција на Националниот театар од Истанбул и во режија на Дејан Пројковски е прогласена за најдобра во 2017 година во Турција. Наградата ја доделува турското списание за театарска уметност „TIYATRO” кое секоја година организира доделување анадолиски театарски награди. На синоќешното доделување на наградите во „Гранд Пера“ во Истанбул присуствувале голем […]

Охрид прогласен за претстoлнина на светскиот хуманизам


Светската организација за социјална интеграција на своето ревијално интернет издание објави ексклузивна презентација на Охрид и Македонија како светска престолнина на хуманизмот, во чест на Св. Климент Охридски кој како ученик на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, ја формирал првата средновековна европска школа на хуманизмот. Претседателот на Светската организација за социјална […]

Тајната соба на Микеланџело: Славниот уметник два месеца се криел во подземна соба


Микеланџело Буонароти во 1530 година поминал два месеца криејќи се во соба од моќното семејство Медичи. Собата се наоѓа под базиликата на св. Лоренс во Фиренца. Микеланџело стравувал од спротивставените ставови на Медичи, затоа се повлекол и почнал да креира од внатрешноста на ѕидовите на оваа просторија. Собата е откриена 1975 година, кога кустосот на […]

(ФОТО) Патните трошоци, тепачката во Собранието меѓу маските на Вевчанскиот карневал


Луцидните вевчанци и оваа година преку маски и со духовити пораки успеаја да ги исмејат и иронизираат актуелните општествени текови и пред се политичките случувања што ја одбележаа минатата година. Тие на традиционалниот карневал под маски, тн. театар на отворено стар повеќе од илјада години, низ хумор и сатира денеска го прикажаа се она што […]

Почнува Вевчанскиот карневал


Вевчани викендов ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Вевчанскиот карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, почнува денеска. Во 13 часот е дефилето на маски, а вечер, во пресрет на Василица и пречекот на […]

Министерство за култура: Одлуките на МРТ за субвенционирање на македонската музика создаваат дополнителни долгови врз буџетот


Во врска со објавените резултати и одлуки на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, Министерството за култура ја информира јавноста дека минатата година беа извршени јавни консултации со повеќе засегнати страни од кои произлезе заклучок дека Законот треба да се укине. Министерството за култура подготви предлог –закон за престанување […]

Уметничка измама: На изложба од Модилјани прикажани биле фалсификат слики


Околку 20 до 21 слика кои биле изложени во Џенова биле фалсификати, тврди експерт кој ги проучил делата. Изложбата била најавувана како ексклузивна изложба на која ќе бидат прикажани слики од славниот Амедео Модилјани. Експертот бил ангажиран од судот во Џенова и заклучил дека сликите се фалсификати, пренесува АНСА. Адвокатот Фурио Тручи, чија специјалност е заштита […]