Овации за концертот на Филхармонија за Денот на вљубените: Вечер на култни балади


Баладите на кои растевме, созревавме, се вљубувавме, синоќа беа на репертоарот на традиционалниот концерт на Македонска филхармонија, со симфониски призвук. Урбаната публика уживаше два часа во евергрините , во кои љубовта и темнината се испреплетуваат – на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Вејтс, Џони Кеш и Ненси Синатра, во маестрална изведба на Тања Царовска, незаборавниот […]

Вечер на еминентни личности во Македонија


Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите организира „Вечер посветена на еминентни личности во Македонија“ –  поети, писатели, уметници, научници, академци. Програмата ќе биде во чест на Луан Старова, Ферид Мухиќ, Влада Урошевиќ и Лидија Кумбараџи Богојевиќ, кои ќе имаат и обраќања. Според најавата на организаторот, настанот […]

Почна Меѓународниот филмски фестивал во Берлин


Германија – Сo премиера на новиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, „Островот на кучињата”, синоќа започна 68. Меѓународен филмски фестивал во Берлин. На програмата се вклучени 19 филмови, а претседател на жирито е германскиот режисер Том Тиквер. Меѓу поканетите гости на годинешната манифестација се актерите Роберт Патинсон, Гаел Гарсија Бернал, Џеф Даниелс, Тилда Свинтон, […]

Филмскиот циклус „Уредник со причина“ ќе го почне гитарската легенда Влатко Стефановски


Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор ќе биде гитарската легенда Влатко Стефановски. – Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и […]

Министерство за култура: Ќе се ревидираат одлуките за најрелевантите забелешки


Сметаме дека комисиите си ја завршија добро нивната работа во процесот на одлучување, со оглед на сите ограничувачки околности, но ги прифаќаме забелешките на јавноста. Комисиите ќе ги ревидираат нивните одлуки во однос на најрелевантите укажувања. Техничките пропусти ќе бидат коригирани веднаш, а дел од другите приговори преку жалбената постапка, соопшти Министерството за култура за […]

(ВИДЕО) ФХ3Х работеше на Марвеловиот „Црн пантер“


Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на најновиот член на Марвеловиот Универзум „Црниот Пантер“. Филмот од 15 февруари ќе се прикажува на редовниот репертоар на киното „Синеплекс“. „Црниот Пантер„ е филм за суперхерои, продолжение на „Одмаздниците: ерата на Ултрон“ и „Капетанот Америка: Цивилната Војна“, со кој Марвел […]

Екс-директорот на Драмски театар бара поништување на програмата за култура


Поранешниот директор на Драмски театар од ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Вељаноски реагира на резултатите објавени во Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во областа на култура. тој смета дека таа е безидејна, неправична, популистичка и не поддржува рамноправен културен развој во Македонија. Според него, истата треба да биде повлечена, конкурсот да биде поништен и […]

Македонската филхармонија со приговор до Министерството за култура


Македонската филхармонија соопшти дека на денешната вонредна седница на која присуствувале Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески одлучиле да испратат приговор до Министерството за култура за настанатиот пропуст околу годишната програма. „Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, […]

Концерт за Денот на вљубените: Македонска филхармонија со балади од Леонард Коен, Ник Кејв, Џони Кеш и Ненси Синатра


Со евергрините на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Вејтс, Џони Кеш и Ненси Синатра  на концертот насловен „Murder Ballads“ Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе го одбележи денот на лозарите и вљубените – 14 февруари. Публиката ќе ја има уникатната можност да ужива во аранжманите на овие балади прилагодени за симфониски оркестар кои ги […]

Здруженија добија повеќе пари отколку национални установи


Новото раководство на Министерството за култура најавува децентрализција на културата, но се погласни се реакциите токму од внатрешноста на земјата. Први се огласија актерите од кумановскиот театар, бидејќи за македонска драма повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1 600 000 денари. -Оваа смешна сума треба да се смета за покривање на […]

Охрид останува под заштита на УНЕСКО


Опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО е отстранета по преземените мерки и активности кои се наведени во Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Комитетот за светско наследство. Извештајот, како што соопшти владината прес-служба, е усвеон на денешната седница. Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО, е задолжено […]

„Бернајс пропаганда“ без апликација добиле пари, Филхармонија вели дека е технички пропуст


Во годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес во делот за музичка и музичко-сценска дејност во табелата на резултати за поднесени апликации од националните установи, доделени се 276.000 денари за концерт на алтернативниот бенд „Бернајс пропаганда“ кој треба да се одржи на 27 април во Македонската филхармонија. Менаџерот и основач на […]

Фивр Реј и Севдализа доаѓаат на фестивалот Егзит


Долгата арт-поп листа на уметници кои уште од основањето доаѓаат секоја година на Егзит, ова лето на најдобар начин ќе ја продолжат две сензационални авторки кои на Петроварадинската тврдина ќе го донесат исклучително современиот уметнички израз. Првата е апсолутната икона на музичката сцена на 21-иот век Карин Дриер позната и како Фивр Реј. Карин на […]

СОНК: Дел од одобрените проекти за култура се сомнителни


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска реагира за расределбата на средствата од буџетот на Република Македонија, преку Министерството за култура на име за проекти, на кои конкурираат организации од граѓанскиот сектор. Исто така синдикалците бараат и продолжување на преговорите за потпишување на Колективниот договор. Во соопштението, СОНК реагира на, […]

НГМ го чествува големиот уметник Борко Лазески


Одбележувањето на 70 годишнината на Националната галерија на Македонија започна во месец февруари, кој е посветен на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески. Чествувањето започна со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“ кое се случи на 08.02.2018 год. во Македонската академија на науките и уметностите. Одбележувањето продолжува со отворањето […]

Ретроспективна програма од филмскиот фестивал „Киненова“


Со проекција на шпанскиот дебитантски филм „Лето 1993“ на Карла Симон, вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше отворена ретроспективна програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Костарика и Холандија. Филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ во 2017 година. Вечер […]

За џезерите одвоени 185 илјади евра за пет месеци


Македонија станува џез-нација. За период од пет месеци, одвоени се вкупно 185.217 евра буџетски пари за џез-концерти, работилници и гостувања. Сумата е пресметана врз основа на последните резултати од годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, на поддржаните проекти од областа на културата од Град Скопје и на резултатите од „Новиот културен бран“. […]

МСУ договара соработка со солунските музеи


Музејот на современа уметност-Скопје и Државниот музеј на современа уметност во Солун се заинтересирани оваа година да остварат соработка во размена на современата уметничка сцена и гостувачки изложби инспирирани од колекциите што ги поседуваат. Тоа бил заклучок на директорките на двете институции, Мира Гаќина и Марија Цацаноглу, за време на неколкудневната работна посета на кураторскиот […]

Калиопи ја компонираше музиката на претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во режија на Ненад Витанов


На 21 февруари на малата сцена во МНТ, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Госпоѓиците од Авињон“. Оваа праизведба е работена по драмскиот текст на Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов. Со праизведбата на овој текст, Македонскиот народен театар чествува еден голем јубилеј: сто и десет години откако Пикасовата „Госпоѓиците од […]

Кумановските актери незадоволни од распределените средства за татарот за 2018 година


Кумановските актери од македонската драма изразија незадоволство од начинот на кој Министертвото за култура ги распредели средствата за 2018 година, кој според групата актери од Куманово, театарот повторно е обесправен. -Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, според која, […]