Сашко Коцев годинава ја напиша пораката за Светскиот ден на театарот


Македонскиот актер Сашко Коцев годинава ја напиша македонската порака за Светскиот ден на театарот (27 март). По повод денот на театарот во МНТ ќе има бесплатен влез за сите оние кои сакаат да ја проследат изведбата на претставата „Силјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Непосредно пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската […]

Канскиот филмски фестивал забранува селфи на црвениот килим


Франција– Меѓународниот филмски фестивал во Кан најави дека на годинешниот фестивал ќе бидат забранети слики со мобилен телефон, и дека ќе има специјални проекции за новинарите. Тиери Фремо, директорот на фестивалот,  објасни дека селфи фотографии ќе се забрани на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, поради тоа што го “ремети” протокол на доаѓањето на гостите. […]

Танцовиот театар во Љубљана: Рисима Рисимкин кореографка на новата премиера „Орландина“


Викендов во Танцовиот театар на Љубљана (Плесни театар Љубљана) се одржа премиерата на соло претставата „Орландина“, која нашата позната кореографка Рисима Рисимкин ја подготви за една од најдобрите словенечки современи танчерки  Росана Хрибар. „Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрибар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата „Орландина“ така насловена од кореографката, […]

Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски во Музеј на град Скопје


Концерт „Приватна музика“ на Кокан Димушевски ќе се одржи вечерва во Музеј на град Скопје, во рамки на 41-вите Денови на македонската музика. На концертот Кокан Димушевски ќе се претстави со своите најнови остварувања на полето на електроакустичната музика, меѓу кои се и композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура […]

Интервју со Мирко Попов: Не сум играч со ситни и коруптивни амбиции


Верувам дека музиката е главниот фактор за одржување на духот и битот на овој народ, од праискона, па сѐ до денеска кога имаме историска можност самите себе политички да се менаџираме во сопствена држава. За жал, свеста за генетската релевантност на музиката за Македонецот (најшироко сфатено) не е ниту на приближно ниво од она што […]

Васо Ристов и Александар Поповски, нови селектори на музичката односно драмската програма на „Охридско лето“


Васо Ристов и Александар Поповски се новите селектори на музичката односно драмската програма на најреномираната и најзначајната музичко-сценска манифестација во земјата Фестивалот „Охридско лето“. На денешната седница на Управниот одбор на „Охридско лето“ е донесена одлука да се раскине договорот со досегашниот музички селектор Ѓорѓи Цуцковски, со образложение дека истата е од причина заради неисполнување […]

Бесплатен влез на „Силјан штркот шанца“ во МНТ на Светскиот ден на театарот


Во вторник, на Светскиот ден на театарот 27 Март, во Македонскиот народен театар од 21 часот бесплатно за посетителите ќе биде изведена претставата „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. „За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да […]

„Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски преведена на српски јазик


Книгата со детски пиеси „Чаробни компас“ (Волшебниот компас) од Сашо Огненовски неодмана излезе од печат, издадена од издавачката куќа „Алма“ од Белград. Во книгата се поместени пет детски пиеси, „Новогодишни забуни“, „Новогодишна вртелешка“, „Обична бајка“, „Новогодишен споменар“ и „Волшебниот компас“. Пиесите беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. […]

Културен информатор: Препорака за претстави и концерти до крај на неделата


22 март – четврток Кино Милениум „Бикини Мун“ – ПРЕМИЕРА Режија: Милчо Манчевски 20:00 Македонска филхармонија Денови на македонска музика Свечено отворање диригент: Борјан Цанев 20:00 Театар за деца и младинци Лакомата меца режија: Дарин Петков 19:00 Театар Комедија Дони Дарк режија: Роберт ристов 20:00 МНТ Разговори во четири очи режија: Нина Николиќ 20:00 Драмски […]

Алаѓозовски: Шпекулација е дека се отстранува Воинот на коњ


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. – Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев – Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме […]

Изложба со дела од современи хрватски автори во Куманово


Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена – Ликовен круг „Похижек“. Изложбата се реализира во организација и соработка на Домот на култура „Кочо Рацин “ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. […]

Режисерот Лордан Зафрановиќ ќе гостува во Кинотеката на Македонија


Познатиот чешко-хрватски режисер Лордан Зафрановиќ ќе гостува во Кинотеката на Македонија во рамките на филмскиот циклус „Уредник со причина“, кој годинава почна да се практикува. Овој пат презентацијата на филмовите на Зафрановиќ и неговото гостување се насловени како „Гостин со причина“. Од 3 до 5 април ќе бидат прикажани четири негови филма, а по завршувањето […]

Концертна вечер во МКЦ: „Фолтин за франкофонијата“


Утревечер, во 20 часот, во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), концерт ќе одржи македонската група „Фолтин“ со наслов „Фолтин за Франкофонијата“. Концертот се организира во рамките на одбележувањето на Франкофонијата во Македонија, во организација на Францускиот институт во Скопје. Веќе 20 години, „Фолтин“ е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти […]

Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златниот венец“ на СВП


Едно од најпознатите поетски имиња од Полска, Адан Загајевски е добитник на Златен венец на 57. Струшки вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес конфренција. – Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со она на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во […]

Следниот „Уредник со причина“ во Кинотека е Игор Иванов – Изи


Во филмскиот циклус „Уредник со причина“ што Кинотека на Македонија го започна годинава, за месец април ќе биде режисерот Игор Иванов – Изи. Преку „Уредник со причина“ се прикажуваат филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор беше гитарската легенда Влатко Стефановски, а по него беше и музичарот Васко Атанасовски. […]

Претставата „Пијани“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски гостува во Кичево


Театарската претсатава „Пијани“ од Иван Вирипаев, во режија на Марјан Ѓорѓиевски од Народен театар- Битола ќе се одигра во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 21 март, среда, во 20 часот. Станува збор за претстава што комуницира со денешното време и менталитет. Текстот на овој современ автор од 2012 година досега е поставуван […]

Ринго Стар стана Витез!


Тапанарот на популарните „Битлси“ доби орден и назив витес од војводата во Единбург на церемонијата во Бакингамската палата. Ринго Стар (77), чие вистинско име е Ричард Сторки, рече дека е презадоволен што конечно го доби овој орден. – Многу ми значи, и ова потврдува дека сите работи кои што сум ги направил се препознатливи и […]

„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски премиерно на 22 март во кино Милениум


Македонија е прва земја во која американскиот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе има редовна дистрибуција. Филмот премиерно ќе биде прикажан задутревечер од 20 часот во „Милениум“ и ќе остане на репертоарот на киното со по две проекции, од 20 и од 22 часот. – Инсистирав прво тука да почне, другите имаат малку посложен […]

Паоло Маџели по 30 години ќе режира повторно во МНТ


Паоло Маџели почна да ја подготвува комичната претстава „Еден месец на село“ според делото на Тургењев во Македонскиот народен театар, кој по 30 години повторно соработува со овој познат италијански режисер. МНТ соопшти дека оваа соработка е од исклучителна важност и еден од најзначајните проекти за македонскиот театар воопшто. – Претставата „Еден месец на село“ […]

Награда за Биг-бендот на Здружението на џез-музичарите и слободните уметници


Биг-бендот на Здружението на џез-музичарите и слободните уметници ја доби годинашната награда „Георги Божиков“ на Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ за најуспешна изведба на македонско дело во 2017 година. Оваа награда СОКОМ им ја доделува на музички уметници и ансамбли кои имале најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година. […]