Изложба за актерите на МНТ од првата сезона, по повод 73 години постоење на театарот
Актерот е голем и во најмалата улога, и тогаш кога влегува во ликови кои не се први на листата на учесници – е пораката од фотографската изложба „Моќта на актерот“ која денеска беше отворена во фоајето на Македонскиот народен театар по повод неговиот 73-ти роденден. Изложбата прикажува 130 оригинални фотографии на триесет и двајца актери […]