Симон Трпчески со самостоен рецитал во лондонски „Вигмор хол“


Македонскиот пијанист Симон Трпчески кој оваа сезона беше резидентен артист на лондонски „Вигмор хол“, синоќа во британската престолнина имаше самостоен рецитал. Изведбата на дела од Григ, Менделсон и Римски-Корсаков, уште еднаш ја разнежнија пребирливата лондонска публика, чии овации нашиот пијанист ги награди со три биса. – Го направив изборот од разновидна несекојдневна програма онака како […]

Осврт кон претставата „Јулие Цезар“ на Народен театар Битола: Памфлетот и „спектакуларната“ сегашност


Еден денар потрошен за билет во театар, генерира пет до седум денари за локалната економија. Тоа се парите кои се трошат за купување на материјал за костимите на актерите, за печатење, купувањето на реквизити, пари за штимање и поправка на инструменти и купување на резервни делови…сите занаети, производи и услуги кои се исцрпуваат за претставата […]

„Ничија земја“ на МНT го отвора МТФ „Војдан Чернодрински“


Од 8 до 15 јуни во Прилеп ќе се одржи 53-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а во конкуренцијата за награди се 12 претстави на македонските професионални театри, соопшти денеска претседателот на Советот на фестивалот и селектор Катарина Коцевска. Фестивалот на 8 јуни ќе го отвори претставата „Ничија Земја“ од Денис Тановиќ во […]

Галичка свадба меѓу најдобрите европски фестивали според „Њујорк тајмс“


„Њујорк тајмс“ ја вброи Галичката свадба меѓу деветте најдобри европски фестивали кои вредат да се посетат. На листата се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија, Македонија и два фестивали во Франција. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се […]

Филмот за џиновската круша синхронизиран на македонски и албански јазик


Дистрибутерската куќа „Катавеј“ втора година е дел од голем меѓународен проект во кој учествува и Република Македонија, а се состои од кинодистрибуција на данскиот анимиран филм за деца „Неверојатната приказна за џиновската круша“. Филмот од утре ќе се прикажува во повеќе од 20 киносали во Македонија и он-лајн на платформата www.cinesquare.net. Филмот синхронизиран на македонски […]

„Реквием“ на Моцарт повторно во Македонската филхармонија


Македонската филхармонија во петок,во 20 часот, по подолго време, повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика. Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за […]

„Еретички писма“, нов роман на Стефан Марковски


Неодамна од печат излезе новиот роман со наслов „Еретички писма“ на авторот Стефан Марковски. Со поднаслов „Наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“, последниот роман на Марковски ќе биде промовиран на годинешното издание на Саемот на книгата. „Еретички писма“ е втор негов роман по нецели десет години од објавувањето на неговата првообјавена книга „Еднонасочно“. Приказната е […]

Грандиозниот „Реквием“ на Моцарт повторно во Македонската филхармонија


Македонската филхармонија во петок, по подолго време, повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика. Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност […]

Македонија на Венециското биенале на архитектура


Република Македонија со проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) ќе се претстави на 16. Меѓународна архитектонска изложба-la Biennale di Venezia 2018, која ќе почне на 26 мај и ќе трае до крајот на ноември годинава.Претставувањето на Македонија на Венециското биенале е со поддршка на Министерството закултура, Музејот на современа уметност, Град Скопје и општина Центар. Министерот […]

Во Куманово концерт на „Филип Стевановски бенд“ по повод Светскиот ден на џезот


По повод Светскиот ден на џезот, и десетгодишниот јубилеј, вечерва во Занаетчискиот Дом во Куманово, концерт ќе одржи „Филип Стевановски бенд“. Кумановската публика ќе има можност да слушне афирмирање на авторска џез музика и етно џез музика со примеси на македонскиот фолклор и неговиот карактеристичен ритам, македонските евергрини, во сопствен аранжман. – Првиот дел ќе […]

Тамара Николиќ-Ѓериќ, етнолог и куратор од Хрватска: Креативните индустрии постојат со векови


Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2018“ и оваа година ќе ја оправда улогата на проект што нуди поинаква приказна, а освен што ги поддржува и промовира македонските креативци, на секое издание носи звучни имиња од странство од областа на креативните индустрии. Така, и овој пат на фестивалот од 11 до 13 мај во МКЦ […]

„Балкан брас квинтет“ гостува во КИЦ во Софија


„Балкан брас квинтет“ гостува со свој концерт на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на 27 Април (петок) од 18:30 часот. На концертот во Софија, квинтетот во состав Стојанче Косовски –труба, Гоце Цоневски – труба, Александар Гошев – Хорна, Јавор Костов – тромбон и Бајо Стаев – туба ќе изведе композиции од Владимир Џамбазов, […]

„Планински џинови“ во режија на Паоло Маџели на сцената на МНТ


Претставата „Планински џинови“ проект на пет малцински театри меѓу кои и Албанскиот театар во Скопје и театри од Италија, Романија, Хрватска и од Србија, во режија на маестро Паоло Маџели ќе биде изведена вечер на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. Режисерот Маџели, кого го врзуваат, вели убави спомени од гостувањата и работата во […]

Одбележани 70 години од првата стихозбирка на Конески и 25 години од неговата смрт


Научен собир по повод 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ и 25 години од неговата смрт се одржа денеска во Институтот за македонска литература во Скопје. Директорката на Институтот, Маја Јакимовска-Тошиќ во обраќањето рече дека Конески и дал јазик/јазичен израз на својата епоха, што се совпаѓа во неговиот животен […]

Недела на полски филмови во Кинотека на Македонија


Од 4 до 9 мај во Кинотека на Македонија ќе се прикажуваат шест полски филма, а во исто време ќе бидат изложени и полски постери. Првиот филм кој ќе биде прикажан е „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. Филмот е од 1959 година, црно-бел и во траење од 99 минути. Во втората прокеција следниот […]

(ФОТО) Детската претстава „Цветна улица“ со 100. изведба


Театарот за деца и младинци на 26-ти април ја слави јубилејната 100. изведба на претставата „Цветната улица“ во режија на Наташа Поплавска. Во таа чест претставата ќе се одигра два пати и тоа дневна изведба од 10 часот која е организирана за ученици од основни училишта, а вечерната изведба ќе се одигра од 19 часот […]

Милчо Манчевски во жири на филмски фестивал во Иран


Најтрофејниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски е во жирито на Меѓународниот филмски фестивал Фаџр, што е во тек во главниот град на Иран, Техеран. Ова е 36 издание на најголемиот ирански фестивал, а гости се над 300 режисери, сценаристи и професори од целиот свет, на чело со легендарнот американски режисер Оливер Стоун и италијанската легенда […]

Кристијан Даниловски: Изработивме 50 кадри за „Одмаздници: Војна на бесконечноста“


На 26ти април во киното „Синеплекс“ ќе биде премиерата на најисчекуваното продолжение на „Одмаздници“ од Марвеловиот универзум насловен како „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х. Филмот е во режија на Ентони и Џои Русо, и ги обединува суперхероите од Одмаздниците, Чуварите на Галаксијата […]

Балетскиот танчер Марко Мицов автор на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот


Меѓународната мрежа на ИТИ УНЕСКО, годинава слави јубилеј 70 години од своето постоење и делување (1948-2018). Танцовиот одбор на Македонскиот центар на ИТИ за оваа 2018 година, го избраа младиот и успешен Марко Мицов, балетски танчер кој живее и работи во САД, за автор на македонската театарска порака по повод 29 Април – Меѓународниот ден […]

(ФОТО) Слонот од изумрен вид од Неготинско имал 50 години и тежел 10 тони


Фосилни остатоци од изумрен слон од пред околу осум милиони години се откриени во близина на неготинско Долни Дисан. Според првичните согледувања, најверојатно станува збор за остатоци од околу 50-годишно животно, тешко околу 10 тони. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска го посети локалитетот и изјави дека се работи за голем палеонтолошки наод, што го […]