Босанско-македонскиот проект “Буре барут” со премиера на 27 септември


Претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, големиот копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар, Босанскиот народен театар во Зеница и продуцентската куќа Скопје Филм-студио, својата премиера ќе ја има на 27 септември во Зеница, а набргу потоа и во Скопје. Од Босанскиот театар посочуваат дека првата фаза од проектот, кој е резултат на Програмата за културна […]

Објавена новата поетска книга „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска


Деновиве излезе од печат најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска, „Пеперутка од пепел“, како самостојно издание. Книгата е поддржана на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура на РМ. „Пеперутка од пепел“ е петта стихозбирка на авторката. Рецензентот на книгата Владимир Мартиновски истакнува дека поетското писмо на Спасовска е неразделно […]

Промоција на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне


По повод 25-годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Франција денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА ќе се одржи промоција на специјално издание на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне. Пригодни обраќања на промоцијата се најавени од ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, од францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, кој е и […]

Оскаровската академија покани рекордни 928 нови членови


САД– Академијата за филмска уметност и науки продолжува да ги исполнува своите ветувања дека ќе стане поразновидна, поканувајќи рекордни 928 нови членови кои ќе претставуваат 59 земји за да ѝ се приклучат, вклучувајќи ги актерите Тифани Хадиш, Џада Пинкет-Смит, раперот Кедрик ламар, Тимоти Шаламет, Џина Родригез, Кира Седвик… 49 отсто од поканетите се жени, а […]

МОБ ќе гостува на „Башчаршиски ноќи“ во Сараево


Македонската опера и балет на покана на Сарaевската Филхармонија ќе гостува на Меѓународниот фестивал на културата во Сараево, Р. Босна и Херцеговина  „ Башчаршиски ноќи“. “Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата, во Сараево, Босна и Херцеговина. Фестивалот се одржува секоја година од 01-31 јули,  а оваа година честа да го […]

Скопско лето: Изложба на британскиот уметник Данкан Хигинс


Дирекцијата за култура и уметност-Скопје во соработка со ЗГ Доминиум Културно јадро, вечер во Музеј на Град Скопје во рамки на „Скопско лето“ организира изложба „Долу на фармата“ од британскиот уметник Данкан Хигинс. – Проектот тргнува каде што очите никогаш не гледаат. Тоа е дел од автобиографија, дел од одговор на културата и дел собрани […]

Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа


Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот Spotted by locals. На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и […]

Изложба во „Мала станица“: Плакатот во Националната галерија на Македонија


Вечерва во 20 часот во објектот Мала Станица ќе се отвори изложбата „Плакатот во Националната галерија на Македонија“. -Во текот на седумдецениското постоење на оваа Национална установа, во годината кога го прославуваме овој значен јубилеј, горди сме што за првпат ги изложуваме плакатите кои биле дизајнирани по повод сите изложби низ повеќе децении, поточно опфаќаат […]

Скопјанките Ана Манова и Маја Стојковска на меѓународен натпревар во Кина: Учењето кинески јазик – егзотика и перспектива


„Секој ден донеси по една кошница земја и ќе изградиш цела планина“. Оваа мисла за упорноста и волјата која во 5 век п.н.е. ја кажал мудриот Конфуциј, ја потврдуваат Ана Манова и Маја Стојковска од Скопје. По само две односно четири години изучување на прилично тешкиот кинески јазик, но со многу труд и посветеност, тие […]

Македонска делегација на првиот Европски самит за културно наследство во Берлин: Споделени вредности на меѓународно ниво


Од 18 до 24 јуни 2018 год., во Берлин, Германија, во организација на Европа Ностра, Пруската фондација за културно наследство и Германскиот комитет за културно наследство, се одржа првиот Европски самит за културно наследство под мотото ,,Споделено наследство – споделени вредности“, како еден од клучните настани во рамките на Европската година на културното наследство 2018. […]

Вечерва на „Скопско лето“ Драмски театар со „Партија реми“


На програмата на „Скопско лето” вечер е претставата „Партија реми” на Драмски театар-Скопје која премиерно беше изведена пред два месеца. Режисер е Виолета Џолева, а улогите ги играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ-Пановска. Прашањето што го поставува „Партија реми“ е дали е животот среќа или стратегија, а делењето карти е метафора за шансите што ги […]

„Бикини Мун“ на Манчевски со азиска премиера во Шангај


Новиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски „Бикини Мун” имаше азиска премиера на Филмскиот фестивал во Шангај, Кина, еден од најголемите фестивали во Азија. Премиерата беше изминатиот викенд во селекцијата Ново од авторите. Режисерот Манчевски беше присутен во Шангај за премиерата по која имаше разговор со публиката. Како специјален гостин, на затварањето на фестивалот […]

(Видео) Александар Поповски, режисер: Да престанат поделбите и да преовлада разумот!


Да престанат поделбите во земјава и да преовлада разумот, вели во интервју за Телма, режисерот Александар Поповски, по повод гостувањето на Скопско лето со претставата „ Ричард Трети“, во продукција на театарот Гавела од Загреб, која вечерва ќе се игра и во Битола, на фестивалот посветен на Шекспировото творештво. Во интервјуто, Поповски ја најавува оставката […]

Почина пијанистката Елена Мисиркова


Почина пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која е родена во Скопје и живееше во Виена. Таа е потомок на основоположникот на македонската лингвистика Крсте Петков Мисирков и имаше богата интернационална кариера. Од 1987 до 1989 година Мисиркова била професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1997 до 2002 година работела како асистент по пијано на Факултетот […]

Годинава нема МНТ-фест


Досега веќе требаше да биде најавена програмата за МНТ-фест, па и да почне реализацијата. Четири години по ред фестивалот се случуваше во овој период од годината, кога Македонскиот народен театар ја завршува сезоната. Годинава, петтото издание на МНТ-фест нема да се одржи, туку планираните гостувања на меѓународни театри ќе се реализираат како посебни гостувања. За […]

По 16 години на „Скопско лето“: Овации за Поповски и гостите од „Гавела“ од Загреб


Македонскиот театарски режисер Александар Поповски по пауза од 16 години, повторно гостуваше на „Скопско лето“, овојпат со мајсторската претстава „Крал Рикард Трети“ продукција на театарот „Гавела“ од Загреб. Последен пат Поповски беше гостин на „Скопско лето“ со спектаклот „Дракула“ во изведба на Словенечкиот народен театар од Марибор. Ова не е првпат Поповски вака суверено да […]

(ФОТО) Илјадници посетители во Градски парк: Со љубов под отворено небо


Македонскиот долгометражен документарен филм „Со љубов“ (Avec l’amour) на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев завчера беше прикажан под отворено небо на Школка во Градскиот парк во Скопје. Овој филм е втор во низата што се прикажуваат на отворено, а целата идеја е иницирана и реализирана од Град Скопје, Младинскиот културен центар и Македонската […]

Бруклинците „Цигаретс афтер секс“ со концерт во Скопје


Младинскиот културен центар најави тројца нови изведувачи што ќе ја дополнат сцената на осмото издание на фестивалот за нова музика „Здраво, млади“, кој ќе се одржи на 1 септември годинава. „Во МКЦ ќе настапат членовите на добро познатите соседи ‘Репетитор’, кои во моментот се на турнеја со легендарните Канаѓани од групата ‘Аркејд фајр’, експерименталниот музичар […]

Викендов ќе се снима филмот „Љубовникот“ на Игор Иванов-Изи


На локации во Карпош 2 во близина на Факултетот за драмски уметности утре и задутре ќе се снима краткометражниог игран филм „Љубовникот“ по сценарио и режија на Игор Иванов-Изи. – Филмот е во манир на старите, неми, црно-бели филмови од почетокот на 20 век, снимен со 18 квадрати во секунда. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, […]

Ретроспективна изложба од 40 години творештво на Лидија Саздовска


Во Музеј на Град Скопје до 24 јуни е отворена ретроспективна изложба на авторката Лидија Саздовска, на која е претставен пресек од нејзиното четиридецениско сликарско творештво. Изложени се дела од сите творечки периоди на авторката, насловени: „Меланхолија”, „Летно попладне “ , „Медитации”, „Записи“ и „Ликови“. Централен мотив во нејзиниот опус е жената како своевидна глорификација, носител […]