И покрај најавите: Театарот во Скупи ќе се конзервира, но нема да се реконструира


Античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, почнувајќи од идната недела, во траење од два и пол месеца, ќе се конзервира, но нема да се реконструира како што беше предвидено и најавувано со години. Ова беше соопштено на прес-конференција во Скупи, од Елеонора Петрова-Митевска, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и од Роберт Алаѓозовски, […]

Премиера на „Подигни ме“ на театарот Пи во Радовиш


Претставата „Подигне ме“ утре вечер премиерно ќе биде изведена во 20 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески. Станува збор за копродукција меѓу „Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи“ и Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш. – Текстот е филозофски, отворен, чесен, брутален, […]

Свечено отварање на 58. издание на фестивалот „Охридско лето“


Голема чест за нас претставува укажаната доверба ние да го отвориме фестивалот „Охридско лето“. Максимално ќе се вложиме, ќе дадеме сè од себе на публиката да ѝ донесеме незаборавно искуство и концерт за паметење. Тоа вчера од Охрид го порачаа ѕвездите за вечерашниот концерт на отворањето на 58. издание на „Охридско лето“, сопранистката Елена Мошуц, […]

(ФОТО) Архитектура од Македонија дел од изложба во МоМА во Њујорк


Во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк вчеравечер се отвори изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“, истражувачки проект кој пред очите на светската публика го претстави исклучителното модернистичко наследство од територијата на поранешна Југославија. „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ воедно е и првото обемно претставување на оваа архитектонска […]

Субјективно и импровизирано се создавал Музејот на ВМРО


Законски неправилности од стартот па сѐ до реализацијата на музејот познат како Музеј на ВМРО, констатирала шестчлената работна група која беше формирана во март годинава од страна на Министерството за култура. Работната група за преиспитување и оправданост на постоењето на овој музеј ја сочинуваат: историчарот Александар Литовски како претседател и членовите Донка Барџиева-Трајковска, Елеонора Петрова, […]

Ин мемориам: Збогување со поетесата Олга Арбуљевска


Македонската книжевна сцена остана посиромашна за уште еден плоден автор. Поетесата Олга Арбулјевска, по кратко боледување,ја загуби последната животна битка. Таа својот работен и креативен век го мина како новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка и сликарка. „Оља остави трага и како уредничка и како новинарка низ многу емисии од културата на телевизијата Телма, магазините ’Везилка’ и […]

„Физика на тагата“ го враќа во живот Кумановскиот театар


Премиера и уште три последователни распродадени репризи на претставата „Физика на тагата“ во Кумановскиот театар, според романот на Георги Господинов во режија на Милош Б. Андоновски и драматизација на Ивана Нелковска. Претставата го врати Кумановскиот театар на голема врата, а интересот за неа сè повеќе се зголемува. Романот на Господинов важи за еден од најдобрите […]

Локалитет Скупи: Презентација на реализирани конзерваторско-реставраторски работи


Управата за заштита на културното наследство денеска на археолошкиот локалитет Скупи ќе ги презентира досегашните реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар и планираните идни активности кои се под нејзина надлежност. Реализираните и идните активности ќе ги презентира директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова-Митевска. Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа во западниот дел […]

Македонската филхармонија новата сезона ќе ја почне под мотото „Високи вибрации“


Македонската филхармонија најави богата програма за концертната сезона 2018/2019, која ќе почне на 27 септември со концертот „Ново утро“ и настапот на славниот француски пијанист Лука Дебарг. Диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. Дебарг е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“ и еден од најбараните пијанисти на класичната музичка сцена. Тој ќе го изведе […]

„Охридско лето“: Денес во Скопје пристига оперската дива Елена Мошуц


Без какви било посебни побарувања околу нејзиното сместување и настапот на фестивалот „Охридско лето“ големата оперска певица  Елена Мошуц денеска ќе пристигне на скопскиот аеродром, по што ќе биде сместена во апартман во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид. Романско-швајцарската сопранистка Мошуц која има репутација на еден од најразновидните и најекспресивните сопрани во светот, доаѓа првпат […]

Во прво лице од Дојран: Ангажиран и општествено одговорен „Д фестивал“


Зад нас е осмото издание на најголемиот македонски фестивал кој се одржува под отворено небо во топлиот Дојран. „Д фестивал“ низ трите дена од викендот помина во знак на дружење, забава, едукација, културно исцелување, спортување и сето тоа зачинето со музика за сечиј вкус. Распослан на четири сцени: „Главна“, „Лејк авејк“, „Москито“ и „Чрџ стејџ“ […]

„Англискиот пациент“ ја доби „Златната Букерова награда“


Англија– Романот „Англискиот пациент“ (English Patient) од Мајкл Ондачи е прогласен за најдобра книга што била добитник на Букеровата награда во последниве 50 години, според гласовите на публиката. „Златна Букерова награда“ беше организирана за да се одбележи 50-годишнината од постоење на наградата, која се смета за најреномирана во областа на книжевноста. Стручно жири најпрвин ги […]

Португалскиот роман „Просечен индекс на среќата“ преведен на македонски


Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Просечен индекс на среќата“ од португалскиот писател Давид Машадо, добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. – Романот е потрага по она што е навистина важно за да се биде среќен, но и обид да се сфати колку едно срце може да биде големо. Ни […]

Сè е подготвено за 40-те фестивалски денови: Повеќе од 800 уметници на 58. „Охридско лето“


Градот Охрид и Националната установа „Охридско лето“ ги завршуваат последните подготовки за претстојното 58. по ред издание на најголемата и најреномирана музичко-сценска манифестација во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Сè е подготвено за претстојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и […]

Петко ќе пее на „Здраво млади“


Oваа година во рамките на „Јуниор програмата“ на фестивалот „Здраво млади“, концерт ќе одржат „5+Бенд“. Групата ја сочинуваат омилените детски ликови Петко, Цветко, Лина, Комшо од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, која веќе 10. година е во македонскиот етер. Песните што се наоѓаат на репертоарот на „5+ Бенд“ се внимателно одбрани, со цел да […]

Се бара чаре за расипништвото од девет милиони евра


Новиот министер за култура Асаф Адеми по еден месец откако ја презеде функцијата излезе со резиме за она што го работел во периодот од овие триесетина дена. Посочи дека културата сè уште се соочува со проблеми, но најави дека сите негативни појави ќе ги елиминира и дека конечно Министерството за култура ќе биде институција достапна […]

Тања Лепческа и Златко Димовски младоженци на Галичка свадба 2018


Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Александар Костиќ, претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека се горди што Галичката […]

Адеми: Во културата нема да има веќе негативна селекција


Како министер ќе се трудам за култура подеднаква за сите, без предности и негативна селекција. Сите коментари и информации што ги слушаме ќе се потрудам да ги анулираме и секој етникум да го чувствува Министерството за култура како свое. Во таа насока ќе бидат и моите сугестии до членовите на комсиите при изборот на проекти […]

Интервју со Милош Б. Андоновски, режисер: Театарот може да нè научи на емпатија


На сцената на Кумановскиот театар се поставува претставата „Физика на тагата“ од бугарскиот писател Георги Господинов, а во драматизација на Ивана Нелковска и во режија на младиот режисер Милош Б. Андоновски. Премиерната изведба е на 6 јули, а поради големиот интерес кај јавноста, претставата ќе се игра и на 7,8 и 9 јули со почеток […]

Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан


Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Охрид, Музејот на Град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одбележат јубилејот „Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан“. Во куќата на Уранија во Охрид ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, академик Газанфер Бајрам од […]