Васо Ристов е нов директор на Македонска опера и балет


Професорот и продекан на ФМУ Скопје, м-р Васо Ристов е избран за генерален директор на Националната установа Македонска опера и балет – Скопје.Истакнат уметник  и културен работник, добро познат на домашната и меѓународната музичка јавност, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. М-р Ристов дипломирал на факултетот за музичка уметност, Скопје, Универзитет Св. Кирил […]

Габриела Бабник: Добитничката на наградата за литература на ЕУ доаѓа во Скопје


Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, во август словенечката писателка Габриела Бабник ќе оствари резиденцијален престој во Скопје. Во рамки на својот престој, таа ќе работи на својата нова книга, а ќе има можност да се запознае со дел од македонските писатели, преведувачи, издавачи и воопшто со македонската книжевна и култура сцена. Габриела Бабник […]

„Охрид колинг“: Вечер за диџеј Армин ван Бјурен се очекуваат 15 илјади посетители


За настапот на диџеј Армин ван Бјурен, вечер, на завршницата од „Охрид колинг“, во организација на „Авалон продукција“ во Охрид се очекуваат 15 илјади посетители колку што досега сме ја виделе единствено на настапите на Лени Кравиц и Дејвид Гета. Изминативе два дена, на фестивалот настапија светските диџеи Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез […]

Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“


Програмата за вечерашниот концерт е внимателно избрана за да соодветстува на еден толку важен датум и на уште поважна институција каква што е „Охридско лето“, истакнаа на прес-конференција членовите на етногрупата  „Синтезис“, која вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе одржи концерт за 58-от роденден на нашата најголема музичко-сценска манифестација. – Чест […]

Аплаузи и солзи: Мал Балкан на концертот на Влатко Стефановски во Охрид


Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски не развесели и не растажи на концертот во Античкиот театар во Охрид, во средата вечер, во организација на „Баги комуникации“. На почетокот, сам, на сцената ја отсвири „Абер дојде Донке“, а потоа во наредните два и пол часа, со гостите од Бугарија, Грција и Србија: Теодосиј Спасов, Танос Ставридис и Билјана […]

Научна и уметничка визита во Куќата на Уранија-МАНУ од 7. до 27 август


Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе почне во вторник, 7 август, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата на 27 август ќе има уште шест настани. Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на […]

Рускиот пијанист Лугански вечерва на „Охридско лето“


Во катедралната црква „Света Софија“ вечер во 21 часот, во рамките на „Охридско лето“ соло ќе настапи рускиот пијанист Николај Лугански. Критичарите го опишуваат Лугански како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и […]

Концерт на Симон Трпчески во Калифорнија


По распродадените концерти, полните сали, овациите од публиката, но и од критиката на настапите од турнејата низ Австралија и Нов Зеланд во текот на минатиот месец, нашиот пијанист Симон Трпчески ја продолжува соработка со македонскиот композитор што живее и работи во Велика Британија, Панде Шахов. По импресивниот прием на проектот „Македонисимо“ ширум светот, овој победнички […]

Пијанистот Александар Маџар вечерва на „Охридско лето“


Познатиот белгиско-српски пијанист Александар Маџар вечерва ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот, а на репертоарот се дела од Јозеф Хајдн, Петар Илич Чајковски, Јоханес Брамс и  Фредерик Шопен. Александар Маџар е српски пијанист, кој со пијаното се запознава уште на шестгодишна […]

Вечер завршува 39. Скопско лето: 60 настани и илјада учесници


Со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (Сули ан, 20.30), „Скопско лето“ го завршува 39-тото издание. Од 21 јуни, кога фестивалот во главниот град традиционално се отвора празнувајќи ги истовремено почетокот на летото и светскиот ден на музиката, до денеска имаше 60-ина настани со речиси илјада домашни и странски учесници. Според […]

ДПМ со комеморација за академик Милан Ѓурчинов


Друштвото на писатели на Македонија денеска од 11 часот ќе одржи комеморација за книжевниот научник, критичар и есеист, академик Милан Ѓурчинов, кој почина на 24 јуни.  Милан Ѓурчинов (1928-2018) беше член на писателската асоцијација од 1956 година, а во еден период и нејзин претседател. – Како еден од најкомпетентните проследувачи на македонската книжевност, со својот […]

„Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ во Битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Но(е)ва Македонија“ за чија режија беше ангажиран гостинот од Србија, режисерот Кокан Младеновиќ. Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ претставува ангажирана општествена сатира која има за цел да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските […]

Камерниот оркестар на МММ вечерва на „Охридско лето“


Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“  во 21 часот, концерт ќе одржи Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија  „Саша Николовски-Ѓумар“ На програмата се композиции од Антонио Вивалди, Антон Аренски, Бела Барток, Астор Пјацола, Елен Блази и Едвард Григ.  Солисти на вечерта ќе бидат виолинистите Ева Богоевска и […]

Во МСУ предавање на тема „Рефлексивен музеј“ на Кејт Фаул


Предавање на тема „Рефлексивен музеј“ ќе одржи вечер во Музејот на современата уметност – Скопје, Кејт Фаул, водечка  кураторка во Гараж Музејот на современа уметност во Москва и директор на Асоцијацијата на независни куратори (ИЦИ). Основан во 2008 година, Гараж Музејот за современа уметност е еден од новите институции формирани на почетокот на новиот милениум […]

Трио „Џентлемен“ на „Скопско лето“


Во рамките на „Скопско лето“, вечерва, во 21 часот ќе се одржи концерт „One Night Only“ на Trio Gentlemen , на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Триото го сочинуваат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон, Дарко Нешовски – тенор. Билети ќе може да се купат на самиот влез на Сули ан, […]

„Вечер на ЕУ“ на „Охридско лето“ со концерт на австрискиот пијанист Роберт Лербаумер


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со традиционалниот концерт „Вечер на ЕУ“, на која ќе настапи австрискиот пијанист Роберт Лербаумер. Лербаумер кариерата ја започнува на само деветгодишна возраст кога се појавува на музичките сцени во Австрија, Германија и Швајцарија. Оттогаш неговите настапи (најпрвин како пијанист, а подоцна и како диригент и оргулист) стануваат сè […]

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпревар во Германија


Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу освои прво место на меѓународниот натпревар за млади пијанисти  „Уметност и мир“ (Kunst und Frieden), кој се одржа на 25-ти и 26 јули во германскот град Хамелбург. Оваа награда следува по освоеното прво место на натпреварот „eMuse” во Грција и солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица, настапите во Модан, Франција, […]

Откажана турската изложба „Град и деца“ на „Скопско лето“


Фотографската изложба „Град и деца“ од Турција која требаше да биде отворена утревечер во Културно-информативниот центар во рамки на „Скопско лето“ е откажана. Турскиот културен центар „Јунис Емре“-Скопје, со чија соработка се организира изложбата, ја известил Дирекцијата за култура и уметност-Скопје дека изложбата нема да се одржи од оправдани причини и ќе се реализира во […]

Филмски фестивал во Венеција: Ванеса Редгрејв со „Златен лав“ за животно дело


Италија– Оскаровката Ванеса Редгрејв ќе го добие престижниот „Златен лав“ за животно дело на годинашниот филмски фестивал во Венеција што ќе се одржи од 29 август до 8 септември. Во Венеција секоја година се доделуваат две филмски награди за животно дело, една за режисер, а друга за актер или актерка. Оваа година, покрај Редгрејв, награда […]

Лидија Димковска учествува на поетски фестивал во Франција


На меѓународниот поетски фестивал „Voix Vives“ кој се одржува од 20 до 28 јули во Сет во Франција, родниот град на францускиот поет Пол Валери, како претставник на Македонија учествува и поетесата Лидија Димковска. Со останатите учесници на фестивалот кој е посветен на поезијата од Средоземјето, Димковска учествува на десетина поетски читања и средби со […]