Струшките вечери на поезијата со третина помал буџет


Со буџет помал за триесет отсто од минатите изданија, фестивалот Струшки вечери на поезијата годинава одвај ќе го одржува нивото што веќе го има постигнато, а помалку добиените средства веројатно ќе се одразат на помала издавачка продукција или во прашање ќе биде организирањето на зимскиот поетски фестивал планиран за ноември. Претседателката на Управниот одбор Елизабета […]

Пет стихозбирки во трка за наградата на СВП „Браќа Миладиновци“


Пет поетски книги се избрани во потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка. Наградата ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија. Годинава во трка за наградата се: „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски; „Под дервишовото […]

Ердоан Максут: Ќе го вратам Турскиот театар на врвот


Театарскиот и филмски актер Ердоан Максут (59) е новиот директор на Турскиот театар во Скопје, со мандат од 4 години. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Владимир Милчин, а во 2001 година се здобил и со титулата магистер по театролошки науки. Член е на Турскиот театар од 1978 година до […]

Девет уметници ќе творат на 29. Меѓународна ликовна колонија во Галичник


Во Галичник денеска ќе почне 29. Меѓународна ликовна колонија на која ќе учествуваат девет уметници кои ќе творат до 22 август. Оваа година учествуваат шест странски уметници: Стеван Којиќ од Србија, Пиотр Пиаста од Полска, Џили Ависар од Ирска, Тошихиро Сакума од Јапонија, Ирена Сладоје од Босна и Херцеговина и Танасис Раптис од Грција, и […]

Бендот „The Mole Pack“ ќе ја промовира својата прва песна


Македонскиот блуз-рок бенд „The Mole Pack“ в недела со почеток во 20 часот во Скопје во кафе барот „Че“ ќе го промовира првиот албум насловен „Gamblin Man”. Основан од тесно поврзана група на пријатели, „The Mole Pack” е блуз-рок бенд кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 1960-тите. Дополнително влијание има од раната […]

Почина рускиот писател за деца Успенски


Русија– Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор на книгите како „Крокодилот Гена и неговите пријатели” и „Чичко Фјодор, кучето и мачорот”, почина во Москва на 80-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Ирина. Претходно, на Успенски му беше откриена малигна неоплазма. На 9 август писателот падналво несвест во својот дом во Москва при што веднаш била повикана […]

Оливер Стоун и Бенисио дел Торо повторно снимаат заедно


САД-Ѕвездата на филмот „Сикарио”, оскаровецот Бенисио дел Торо ќе игра главна улога во новиот филм на режисерот Оливер Стоун, „Невини лаги”. Трикратниот оскаровец Стоун го напиша сценариото за оваа драма чие дејство се одвива во Њујорк, која е жанровски прилично голем чекор напред во споредба со неговите претходни дела. Како што е соопштено од страна […]

Скопје танцовиот театар на „Battery Dance Festival“ во Њујорк


На 37-то издание на најстариот и воедно еден од најпрестижните фестивали во Њујорк, од 15-ти до 19-ти август на „Battery Dance Festival“, учество ќе земе Скопје танцовиот театар. Свеченото отворање на годинешниот фестивал ќе се одржи во паркот „Вагнер“, покрај реката Хадсон, додека пак затворањето ќе се игра во центaрот „Шимел“, двете локации се наоѓаат […]

Привршуваат подготовките за 57. Струшки вечери на поезијата


Привршуваат последните подготовки за 57. Струшки вечери на поезијата што ќе се одржат од 22 до 27 август во Струга. Деталите околу годинашното издание, Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти денеска на прес-конференција. Манифестацијата ќе почне наредната среда претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, […]

Базар на рачни изработки во недела во хотел Континентал


Поп-ап базар на ракотворби ќе се одржува на 19 август во хотел Континентал во соработка со Институт „Креативна Македонија“. Настанот ќе започне во 17 часот. – Ова е одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната […]

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови


Со прикажување на краткометражниот филм „Вај – Фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенборн во чешко, кубанска и шпанска копродукција и на долгометражниот филм „Кеди“ на режисерката Сејда Торун во американска копродукција на 16 август во Куршумли-ан ќе биде отворено деветтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. На него ќе бидат прикажани 70 […]

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов Изи


Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на пост-продукција. Од продукциската куќа соопштија дека филмот пред неполни два месеца беше снимен на локација во Скопје во населбата Карпош 2, каде што со […]

Со интеркултурната комуникација до прогресивно општество


Мултиетничките општества и средини бездруго изискуваат кохезија помеѓу населението на една држава со цел истото да биде прогресивно. Клучот на кохезијата на едно општество е интеркултурната комуникација и интеракција. Засегнатите страни во мултикултурните општества треба постајоно да работат на обезбедување нови можности за младите да бидат проактивни во напорите да ги разберат сличностите и разликите […]

„Во агонија“ од Крлежа на „Охридско лето“


Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечер, во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа. Улогата на Лаура Ленбахова ќе ја игра Нела Кочиш, Иван племенитиот Крижовец е Озрен Грабариќ, а Барон Ленбах го толкува Дарко Стазиќ. Сценографијата е на Петра Крилетиќ, додека изборот на костимите го […]

Колос Цури и Кира Гоголадзе најдобри на „Езерски бисери 2018“


Пијанистот  Колос Цури (Македонија) и пејачката Кира Гоголадзе (Русија) се лауреати од прв степен и  добитници на највисокото признание „Бисер на фестивалот“  на Езерски бисери 2018. Колос Цури освои најголем број поени од интернационалното жири во програмата класика, а Кира Гоголадзе во програмата естрада. Тие добија фестивалски статуетки, парична награда и охридски бисери од семејството […]

(Фото) Сараево филм фестивал: Северина со сопругот на црвениот килим


БиХ– Најпрестижниот филмски црвен килим деновиве е распослан во Сараево каде се одржува 24. издание на престижниот филмски фестивал,  најголема регионална филмска смотра во овој дел од Европа. До 17 август фестивалот ќе донесе 266 филмски остварувања од 56 земји во светот и многу ѕвезди и оскаровци. Во Сараево уживаат и се дружат оскаровците Денис […]

Филмот „Јавачи на коњи“ награден во Америка


Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД. Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај […]

Почина нобеловецот В.С. Нејпол


Англија–  Британскиот писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност, В.С. Нејпол почина на 85-годишна возраст во својот дом во Лондон, соопшти неговото семејство. Неговата сопруга Надира Нејпол истакна во соопштението дека тој беше „голем во се што постигна и оти почина опкружен со луѓето кои ги сакал во текот на животот, исполнет со величенствена […]

Концерт на Дрилон Чочај на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“. Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии […]

Струшки вечери на поезијата од 22 до 27 август


Од 22 до 27 август во Струга ќе се одржат 57. Струшки вечери на поезијата. Според традицијата, манифестацијата треба да почне на 22 август претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на […]