Продолжуваат конзерваторските проекти на Стоби


На археолошкиот локалитет Стоби со кој управува Националната установа за управување со археолошкиот локалитет – НУ Стоби, паралелно се реализираат неколку конзерваторско-реставраторски проекти на одделни делови од овој значаен локалитет. Во тек е конзервацијата и реставрација на мозаиците од јужниот кораб на Епископската базилика во Стоби финансиран од Министерството за култура со 500 илајди денари. […]

Од септември: “Патрик” – симпатичен филм за целото семејство


Од септември во скопските кина, а наменет за секој тип на публика, ни доаѓа вистински британски деликатес. То него, Сара Френсис (Бети Едмондс) е млада учителка чиј живот е малку хаотичен. Она што во животот во моментов најмалку и треба е да се грижи за некого. Сепак и се допаѓало тоа или не, нејзината баба […]

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018


Околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на традиционалната Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир. На годинашниот симпозиум на тема „Ритамот на книжевниот превод“ ќе настапат Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар кој ќе има воведно излагање, Олга Панкина од Русија, Васил Тоциновски, Здравко Божиновски,  […]

Загајевски го прими „Златниот венец“ на СВП


Полскиот поет Адам Загајевски вечерва го прими најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“. На Мостот на поезијата беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ со што заврши официјалниот дел од 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Загајевски е 53-ти добитник на највисокото […]

„Златeн венец“ за полскиот поет Адам Загајевски


На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат, полескиот поет Адам Загајевски и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 57. издание на Струшките вечери на поезијата. Загајевски е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, […]

“Браќа Манаки”: Олимпиа Митилинау – претседателка на меѓународното жири


Олимпиа Митилинау, кинематограферка од Грција, е претседателка на меѓународното жири кое ќе ја вреднува работата на кинематограферите во главната селекција на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што од 22 до 29 септември ќе се одржи во Битола. Како што соопштија од фестивалот, таа заедно со членовите Рејнер Клаусман, кинематографер од […]

Зоран Анчевски е добитник на „Браќа Миладиновци“ на СВП


Поетот и преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала за книгата „Небесна пантомима“. Добитникот беше соопштен денеска, традиционално на прес-конференција, на која претседателот на жири-комисијата Данило Коцевски образложи дека „Небесна пантомима“ е поетско остварување на зрел и опитен поет. – Евидентно е […]

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија


Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски. – Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и […]

Заврши 9.„МакеДокс“, главната награда за „Далечниот лаеж на кучињата“


Филмот „Далечниот лаеж на кучињата“ (Данска, 2017) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт ја доби главната награда „Кромид“ за најдобар филм на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови во пет категории синоќа заврши Фестивалот „МакеДокс“. За наградата „Кромид“ одлучуваше комисија во состав Пирјо Хонкасало, Војцех Старон […]

На СВП ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“


Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се стихозбирките „Небесна пантонима“ од Зоран Анчевски, „Под Дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади, „Гласови“ од Јордан Даниловски, […]

(ВИДЕО) Светска премиера на филмот „Ругање со Христос“ на фестивал во Монтреал


Нашиот игран филм „Ругање со Христос“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември годинава. Филмот е селектиран во официјалната „World Selection“ и ќе биде прикажан на […]

Клаудија Кардинале доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола


Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале (80) ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Клаудија Кардинале е со импозантна филмографија од над 175 улоги во филмови, […]

Ин мемориам: Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет


Денес, на 75 години, по кратко боледување, почина нашиот најпознат балетан Екрем Хусеин, роден Скопјанец, со незаборавни улоги во најпознатите балетски претстави како „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“… На сцената е од 1950 година, а се пензионира во МОБ. Зад себе остави две деца. Денес попладне ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во Скопје.   […]

Формирано Здружение на издавачи 16+1 на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг


  Кина-Во Пекинг синоќа е формирано Здружение на издавачи 16+1, за време на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, како составен дел од рамката за соработка меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа. Претставник на Македонија во здружението е Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“.Здружението има цел да ја промовира издавачката соработка […]

„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк


Презентација на три книги, изложба на кавери на македонски артисти, проекција на документариот филм „Сложувалка“, настап во живо на групата „Клан Исток“, како и предавање за македонската урбана и хип-хоп култура од Славчо Ковилоски и Александар Ковилоски, се дел од проектот „Hip Hop Made in Macedonia“ што ќе биде претставен денеска во Македонскиот културен центар […]

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник


Романот „Сушен период“ ќе биде во фокусот на вечерашниот книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник што го организира издавачката куќа „Готен“. Разговорот ќе се одржи во книжарницата „Антолог“, а ќе го води Владимир Јанковски. Габриела Бабник овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел […]

Со традиционалното читање на Константиновата „Т`га за југ“, почнаа 57. Струшки вечери на поезијата


Со традиционално читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, вечерва почнаа 57. Струшки вечери на поезијата. Министерот за култура Асаф Адеми ја истакна важноста на поезијата за народот, културата, државата, но и за човештвото воопшто. – Како кај нас, така и насекаде во светот, местото од каде […]

„Облици и Изблици“, втора самостојна изложба на Ленче Данаиловска


Уметничката Ленче Данаиловска од утре до 5 септември ќе ги изложи своите дела во кафе барот „Ли“, како дел од нејзината втора самостојна изложба „Облици и Изблици“. На изложбата, која ќе биде отворена во 20 часот, ќе бидат поставени дела работени во комбинирана техника. Првото јавно претставување на Данаиловска беше со наслов „Слики наместо зборови“, […]

Лауреатот на СВП Адам Загајевски засади дрвце во Струга


Со традиционално садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ на полскиот поет Адам Загајевски, почна 57. издание Струшките вечери на поезијата. Еден од фокусите на годинашното издание на фестивалот, како што нагласи денеска на прес-конференција директорот Мите Стефоски, ќе биде егзилот. Тоа, посочи, е тема присутна […]

Почнува графичката работилница во Богданци: Уметници од регионот ќе творат десет дена


Меѓународната графичка работилница „Софија“ годинава по 11. пат ќе се одржи во Богданци, од денеска до 1 септември. Во овие десетина дена учество ќе земат млади и талентирани графичари од повеќе земји од регионот. Изминатите години овој настан прерасна во еден од најпрепознатливите уметнички собири на Балканот, а е инициран од група ентузијасти и вљубеници […]