ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград


Изложбата „Нишки / Threads“, која е најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград ќе биде отворена денеска во Галеријата на белградскиот Факултет. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до понеделник, 29 декември. „Нишки“, како што се наведува во соопштението на ФЛУ Скопје претставува мултимедиумска […]

Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“


Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс.  Публиката ќе има можност да ужива во 11-минутна приказна што ги спојува забавата, учењето и детската фантазија. Авторите на серијата ќе го споделат патот на создавање на анимираниот филм, од првите скици и идеи до […]

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели


Во Охрид  денеска во 10 часот ќе биде отворена Конференцијата на Советот на министри за култура од ЈИЕ посветена на јакнење на културата во функција на одржливиот развој. На отворањето на конференцијата најавено е воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Обраќања ќе имаат и  директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за […]

На 15 декември излегува преводот на „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов


Издавачката 2025 година, Или-Или ја заокружува со објавувањето на Градинарот и смртта,  интимен и елегичен роман на бугарскиот автор Георги Господинов, во превод од бугарски на македонски јазик на Душко Крстевски, а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Преводот на ова дело е поддржан од Националниот фонд за култура на Република Бугарија.  По големиот интернационален […]

Српскиот филм „Југо Флорида“ на Владимир Тагиќ победи на 24.Синедејс


  Со многу неизвесност и очекување, пред полна сала, а меѓу публиката и дел од директните учесници на наградените филмови, синоќа, се доделени наградите на 24 CINEDAYS,  Фестивал на европски филм. „Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни филмски режисери чии дела имавме чест да ги […]

Оперскиот пејач Џубилант Сајкс (71) избоден до смрт, уапсен неговиот син (31)


Лос Анџелес – Номинираниот за Греми оперски и госпел пејач Џубилант Сајкс почина на 71-годишна возраст откако беше избоден до смрт во својот дом во Калифорнија. Полицијата го уапси неговиот 31-годишен син Мика Сајкс под сомнение за убиство, објави „Гардијан“. Според соопштението од Полициската управа на Санта Моника, полицајците одговориле на повик на 911 за […]

Отворен Лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, Словачка


На празникот Свети Климент, беше означен почетокот на една нова и значајна етапа во ширењето на македонскиот јазик и култура во Европа. На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра се отвори Лекторат по македонски јазик, кој претставува дванаесетти лекторат на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при универзитетот „Св. Кирил и […]

„Севилскиот бербер“ од Росини на 13 декември во НОБ


  На 13 декември 2025 година, во 20 ч., на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата […]

„Приказната за Силјан“ со уште една номинација – на Здружението на продуцентите на САД


Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild […]

Охрид домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“


  Охрид и Македонија на 11 и 12 декември 2025 година се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. Конференцијата официјално ќе биде отворена на 12 декември во 10 часот во х. „Јуник“ во Охрид, со воведно обраќање на министерот за […]

„Музика.Сега!“ – концерт на Филхармонија со виолинистот Александар Земцов


Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. […]

Македонија може да гласа за „Силјан“ за наградата „Синема ај“


Документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска неодамна доби две номинации за престижните награди „Синема ај“ (Cinema Eye Honors), кои се доделуваат за документарна продукција. Во рамките на „Синема ај“, „Силјан“ доби номинација за „Audience Choice Prize“ (награда по избор на публиката). Ова признание, според „Синема ај“, е важен индикатор за потенцијалниот успех на филмот […]

Почина Софи Кинсела, авторка на еден од најчитаните романтични серијали


Една од најчитаните авторки на современа популарна фикција и креаторка на серијалот романи за шопингохоличарката Беки Блумвуд, почина на 55-годишна возраст. Од 2022 година, таа се бореше со агресивен облик на рак на мозокот. Британската писателка Софи Кинсела, авторка на мегапопуларната серија романи „Шопингохоличарка“, почина на 55-годишна возраст, објави нејзиното семејство. „Со скршено срце објавуваме […]

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето


Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Кон наградата и победничкиот роман се осврнаа Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка […]

Хрватската авторка Јасна Јасна Жмак гостува во Скопје на фестивалот „Прво па женско“


На 10 декември 2025 година, во 20 часот, на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности – Скопје  каде  хрватската писателка и драматургина Јасна Жмак  ќе го изведе својот авторски перформанс „This is my truth, tell me yours (Ова е мојата вистина, кажи ми ја твојата). Гостувањето на Јасна Жмак во Скопје е дел од […]

„Критиката за творештвото на Васко Ташковски“ – ново издание на „Матица македонска“


Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Критиката за творештвото на Васко Ташковски“ – издание со најобемен корпус на критички одгласи и оцени за делата на македонски сликар. Уредник и автор на предговорот на книгата е поетот, антологичар, есеист, книжевен критичар и преведувач Раде Силјан, еден од афирматори на вредностите на македонското сликарство.  На над 300 […]

Со „Оче наш“ и доделувањето на награди завршува 24. Синедејс


Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот CINEDAYS. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата. „Имавме прекрасен фестивал и буквално „Се гледаме од другата страна“ […]

„Cinema Made in Italy” – ревија на современи италијански филмски хитови


Со проекција на филмот „Забранетиот град“ во режија на Габриеле Маинети, снимен оваа година, од денеска до 13 декември ќе се одржува третото издание на  „Cinema Made in Italy” – филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија. Ревијата е организирана од Cinecittà, една од најважните европски филмски и фотографски архиви, во соработка […]

Аница Добра на Синедејс: „Сите плачевме кога го снимавме “Бело се пере на деведесет”


Аница Добра , како некогашен симбол на убавина и актерка по која воздивнуваше цела поранешна Југославија, синоќа, привлече најмногу внимание на македонската премиера на словенечкиот филм со регионална копродукција “Бело се пере на деведесет” на  24. Фестивал на европски Филм Синедејс, а всушност, денес, на официјалната прес-конференција во МКЦ откривме дека во филмот, снимен по автобиографски […]

Сорентино и филмот Југо Флорида со Андрија Кузмановиќ на репертоарот на Синедејс


Денес, на претпоследниот ден од 24 издание на фестивалот Синедејс, во киното Фросина, од 20 часот ќе биде прикажан филмот “Помилување” во режија на славниот италијански режисер Паоло Сорентино. Филмот “Помилување” ја имаше својата светска премиера на 82 издание на Венецискиот филмски фестивал, со што се отвори и 82-та Мостра. Токму на овој фестивал, актерот […]