Рецензија: „Ѕвездата е родена“


Големиот интерес кон необичната поп-ѕвезда Лејди Гага се чини се пренесе и на филмскиот хит. Ова е важно да се каже бидејќи во филмов таа како да се толкува самата себеси. Секогаш е своја, а успехот во забавната индустрија го должи на посветеноста, професионалноста и искреноста, а не на компромисноста. Доколку сериозно анализираме, ова е […]

Трипнотик издаде ново ЕП насловено како „Survivor“


Македонскиот електронски музички проект Трипнотик, зад кој стои продуцентот и диџеј Емил Хаџи-Панзов, го објави своето ново ЕП насловено „Survivor“, а издадено од „Филтер Лабел“. Изданието е следбеник на популарниот сингл „Trip Naughty“ кој доживеа и меѓународна клупска и радиска поддршка. Насловната песна и трите ремикси од него сè уште се емитуваат на стотици радио […]

Македонски уметници на изложбата „2001 Одисеја во вселената“ во Барселона


Филмскиот работник Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева се поканети на изложбата „2001 Одисеја во вселената – 50-та годишнина”, која од денеска ќе биде посатвена во Филмскиот музеј во Барселона. Тие ќе ја претстават нашата културна сцена на покана од Јан Харлан, извршен продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик и за изложбата ќе направат видео […]

Тони Китановски на сцена обедини музичари од САД, Перу и Балканот


Композиторот и музичар Тони Китановски со концерт го затвори годинешното 37. издание на Скопскиот џез фестивал. Концертот кој се одржа на сцената во Македонската опера и балет беше поделен во два дела. Во првиот, Китановски и неговиот нов квинтет наречен „Панда“ го презентираа албумот „Big City Scare“. Албумот има седум композиции кои се инспирани од […]

Нина Николиќ ја подготвува „Галеб“ на Чехов во МНТ


Македонскиот народен театар ја подготвува претставата „Галеб“ од Чехов во режија на Нина Николиќ, а премиерата е планирана за средината на декември. Тоа ќе биде трето поставување на овој класичен текст на сцената на МНТ, по двете претходни постановки – во 1960 година на режисерот Димитар Ќостаров и во 1990 во режија на Бранко Ставрев. […]

Недела на современ јапонски филм во Кинотека


Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Скопје и со поддршка на Министерството за култура, од денес до четврток  организира Недела на современ јапонски филм. Во четирите фестивалски вечери во терминот од 20 часот ќе бидат прикажани четири нови филмови од јапонската кинематографија, снимени од 2013 до 2016 година. Неделата на современ јапонски […]

Министерот за култура Адеми на Меѓународниот семинар по балканологија


Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по балканологија, кој се одржа во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје. Министерот за култура во своето обраќање пред присутните ја нагласи важноста на оваа установа која со своите активности стана епицентар и столб на повеќето […]

„Златна петорка“ – најдобар странски филм на фестивалот во Кардиф


Филмот „Златна петорка “ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал што се одржа во Кардиф. По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот. – Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот […]

Игор Јосифов на Биеналето во Ташкент: Влегов во 20. финалисти од 160 уметници од светот


Македонскиот уметник Игор Јосифов со два свои уметнички проекти се претстави на годинешното осмо издание на Биеналето на уметноста во Ташкент, Узбекистан. Со неговиот перформанс „Fire Within“ тој настапи за време на свеченото отворање на биеналето во Националната галерија на уметностите на Узбекистан, а ја презентираше и неговата нова инсталација на стаклени скулптури наречени „Becoming […]

Рускиот пијанист Денис Кожухин вечерва во Филхармонија


Познатиот руски пијанист Денис Кожухин вечерва од 20 часот ќе одржи рецитал во Камерната сала на Македонската филхармонија и ќе изведе дела од Менделсон (избор од „Песни без зборови“), Григ (избор од „Лирски пиеси“) и Прокофјев (Соната бр. 8). -За критиката и публиката Денис Кожухин е „волшебник на пијаното“, затоа што неговата техника е беспрекорна […]

Стефан Марковски за книжевната резиденција во Шпанија: Сан Себастијан е извор на хиперкреативност


Двомесечна книжевна дружба преку резиденцијалниот престој „Други зборови“ (Other words) во Сан Себастијан, Шпанија, искуси Стефан Марковски, наш млад македонски писател, поет, сценарист и филозоф. За време на престојот од 10 август до 1 октомври, во една од поважните туристички дестинации на Шпанија, Марковски ги претстави своето творештво, македонската култура, но и создаваше дело кое […]

Женска вечер на Скопски џез фестивал


Данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва, настапуваат вечер на Скопскиот џез-фестивал (СЏФ). Полноќниот термин е резервиран за возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo) од Финска. СЏФ ги најави вечерашните концерти како ексклузивни. „Глава полна со идеи“, вака се […]

Стартуваше Скопски џез фестивал: Современи импровизации, поезија и експлозивен џез


Синоќа во Скопје започна четиридневното џез патување во рамките на 37. издание на фестивалот кој го одбележува месецот октомври. Отворањето на Скопскиот џез фестивал го започна Александер Хокинс со романтичен пијано рецитал во Македонската опера и балет. Самоукиот британски композитор се карактеризира како добар познавач на џез-традицијата. Нешто повеќе од еден час зад своето пијано […]

Вадада Лео Смит, „Хариет Табман“ и Трстон Мур вечер на Скопски џез-фестивал


По синоќешното отворање, 37. Скоски џез-фестивал вечер продолжува со концерт на трубачот Вадада Лео Смит, кој од Њујорк доаѓа специјално за  единствената европска аудиовизуелна изведба на неговиот албум  „Reflections and Meditations on Monk“ од 2017 година. И по 50 години кариера, Вадада Лео Смит е се уште еден од најкреативните современи џез-музичари, мултиинструменталист, композитор и импровизатор. Има компонирано […]

Деветтата симфонија на Бетовен на концертот на Филхармонија


„Борба, надеж, победа“ е насловот на вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој првпат во Македонија ќе гостува врвниот австриски диригент Густав Кун. Под палката на Кун, кој е основач и сценски директор на Тиролскиот фестивал во Ерл, ќе биде изведена Деветтата симфонија на Бетовен позната како „Химната на Европа“. Покрај оркестарот на Филхармонијата, ќе учествуваат […]

Почина Драган Салковски, еден од најеминентните филмски сниматели


Македонскиот филмски снимател Драган Салковски и доајен на македонскиот филм почина вчера во Скопје, информира Друштвото на филмските работници. Закопот ќе се одржи утре на 19.10.2018г на Градските гробишта Бутел. Салковски во својата биографија од 1959 година до денес застана зад камерата над повеќе од 100 филмски остварувања. Речиси непогрешлив во кадарот и препознатлив во […]

Филмаџиите разговараа со Адеми за новиот Закон за филм


Претставници на асоцијациите на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија (АФПМ), на филмски дистрибутери на Македонија и на Здружението на филмски продуценти на Македонија, вчера се сретнаа со министерот за култура Асаф Адеми. Од Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници соопштија дека на средбата која се одржала во просториите на Министерството, било разговарано […]

Филип Димишковски, музичар: Наградата „Златен Орикс“ ми дава кредибилитет за понатаму


Младиот клавијатурист Филип Димишковски (23) е годинешниот добитник на наградата „Златен орикс“ за најмлад џез-музичар во земјава. Со музика се занимава уште од 12 години, а досега има соработувано со различни музички состави и индивидуални музичари, меѓу кои и „Љубојна“, „Конкеринг лајон“, Тони Китановски. Ексклузивни гости на 37. Скопски џез-фестивал – Ова е поттик за […]

Почнува 37. Скопски џез-фестивал


Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално  од од Лондон, во Македонската опера и балет вечер ќе почне 37. Скопски џез фестивал. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Џез-пијанистот Хокинс, кој се […]

Рецензија: „Веном“


И без да знае многу за социјалните науки, обичниот гледач чувствува дека ги разбира. Значи во случајов – му е и тоа како јасно дека многу работи кои во современото време се случуваат, така да се каже, пред нос, се невидливи. Но на еден специфичен начин. Односно нив ги забележуваат многумина, но за нив не […]