Во исчекување на новиот, ќе се менува стариот закон за култура


До донесување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата веднаш да се пристапи кон промена и дополнување на постојниот закон за културата во делот на одредбите со кои се регулира финансирањето на културата. Тоа е договорено на вчерашната средба на министерот Асаф Адеми со претставници на иницијативата „Културата е насловна страница на […]

Министерство за култура: Ќе се менува начинот на финансирање проектите


До донесување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата веднаш да се пристапи кон промена и дополнување на постојниот закон за културата во делот на одредбите со кои се регулира финансирањето на културата. Тоа е договорено на вчерашната средба на министерот Асаф Адеми со претставници на иницијативата „Културата е насловна страница на […]

„Бернајс пропаганда“ со два концерта во МКЦ: Се изморивме од слугите на големиот капитал


„Бернајс пропаганда“ викендов ќе има два концерти во Младинскиот културен центар на 22 и 23 февруари. Станува збор за концертни настапи каде што ќе се свират песните на речиси сите музички состави во кои учествува Васко Атанасоски. По двегодишна апстиненција од концерти, публиката ќе може да ужива во нумерите на „Хахаха“, „My tear“, „21 век“. […]

Македонски филмови од 2018 година викендов со бесплатно прикажување


Македонските филмови, кои беа поддржани со државни пари и беа реализирани и премиерно прикажани во 2018 година, викендов ќе може да се погледнат бесплатно во Младинскиот културен центар. Настанот ќе се одржува на 22, 23 и 24 февруари во киното „Фросина“. Документарци, долгометражни, краткометражни, како и два анимирани филма ќе бидат прикажани пред јавноста како […]

Дополнителен рок за некомплетираните проекти од култура


Премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми одржале средба по повод негативните реакции од распределбата на парите за поддршка на проекти од национален интерес во културата. Одлучиле да се даде доболнителен рок за одбиените апликанти да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци. Културните работници пресекоа: Нема веќе простор […]

Културните работници пресекоа: Нема веќе простор да се уништуваме


Под мотото „Култура е насловна страна на секое општество“, претставници на независните културни работници, како и претставници од националните институции од областа на културата бараат итна средба со премиерот Зоран Заев, со неговата советничка за култура Цветанка Ласкова, како и со министерот за култура Асаф Адеми и Националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски. По средбата […]

Промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“


Промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“ на американскиот автор Питер Гуралник, а во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје ќе биде промовирана во петок, 22 февруари, во Клуб-ресторанот МКЦ во 20 часот. Роберт Џонсон е еден од најпознатите и сигурно најславниот меѓу сите рурални блузери. Како што вели популарната легенда […]

Почна снимањето на филмовите на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс


 На повеќе локации во Скопје деновиве се одвива снимањето на документарните филмови на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс. Премиерата на филмовите ќе се одржи на десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, од 21 до 28 август во Скопје. – Изборот на темите беше направен на минатогодишниот „пичинг“, што се одржа во рамките на […]

Eкипата на „Медена земја“ се врати дома: Снимавме во рој пчели, без никаква заштита


Цели три години додека го подготвувале филмот, екипата на „Медена земја“ работела во лоши услови. Местото каде што е снимен филмот се наоѓа во централниот дел на земјава во близина на реката Брегалница и е тешко достапно. Така, тие морале со денови да преноќуваат во шатори и без струја. Обезбедувале храна само за неколку дена, […]

Изложбата „Калеидоскоп“ од Музеј на Град Скопје ќе биде поставена во Кичево


Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва ќе биде отворена изложбата „Калеидоскоп“. Изложбата се организира од Музеј на Град Скопје и ќе биде отворена до 1 март, влезот ќе биде слободен. Кураторите Благоја Варошанец и Екатерина Намичева ги селектираа делата на две млади графички дизајнерки од Македонија: Симона Трипкова и […]

Јубилеј: Прилепскиот театар одбележува 69 години


Со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечер од 19:30 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи 69- годишнината од постоењето. Точно на денешен ден 1950 година е одиграна првата претстава на театарот – „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Во претставата „Пиреј“ игра речиси […]

Ин мемориам: Бруно Ганц велеше дека никој не сака да го награди за улогата на Хитлер


Швајцарскиот актер Бруно Ганц, еден од најпознатите европски актери на сите времиња, почина во саботата на 77-годишна возраст во Цирих. Тој подолго време се бореше против канцерот. Ганц беше меѓу најистакнатите актери од германското говорно подрачје, со долга и разновидна листа на улоги. Меѓународната репутација ја стекна глумејќи го Адолф Хитлер во „Падот“ (Хитлер, последни […]

Наградата „Златна мечка“ за филмот „Синоними“


Филмот „Синоними“ на израелскиот режисер Надав Лапид ја доби „Златната мечка“ за најдобар филм на 69. меѓународен филмски фестивал во Берлин. Со „Сребрена мечка“ во категоријата за најдобра режија е наградена германската глумица и режисерка Ангела Шанелец за филмот „I was at home, but“. „Сребрена мечка“ за најдобар глумец доби кинескит актер Ванг Јунгчун за […]

Игор Јосифов: Фасциниран сум од руската култура и почитта кон уметноста


Македонскиот уметник Игор Јосифов штотуку се врати од Калининград, Русија кадешто поставуваше изложба со своите дела и изведуваше и перформанс. На покана на Националниот центар за современа уметност во Калининград, на 7 февруари  се отвори изложбата „#Простокосмос“ каде што Игор ја претстави инсталацијата со стaклени скулптури насловена „Разјаснување/Парчиња стакло“, во рамките на музејската изложба „Симпли […]

Откажани сите концерти и претстави, купените билети ќе важат за новите датуми


Институциите од областа на културата, како и приватните организации кои за овие два дена имаа закажани претстави, концерти и манифестации, известија дека сите настани се одложуваат. Одложени и концертите на Каролина и Самарџиќ Се одложува промоцијата на календарот со пожарникари Владата прогласи дводневна жалост на 14 и 15 февруари, поради автобуската несреќа што се случи […]

Заев со ветување до филмаџиите: Ќе ги зголемиме буџетските средства за филмот


Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на филмските проекти „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител“. Тој им честиташе на филмските работници за огромните успеси на светско ниво, за светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 10. февруари, во официјална конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал, за […]

„Алита: Борбениот Ангел” – премиерно од 14 февруари во кината


Епската авантура „Алита: Борбениот Ангел”, која е базирана на серија стрипови на јапонскиот уметник Јукито Киширо, премиерно почнува да се прикажува на 14 февруари во домашните кина. Алита е филм за киборг, технолошки напреден организам во постапокалиптичниот свет. Во 2563 година на земјата, во Железниот Град заедно живеат луѓе и киборзи и само во тој […]

Благој Веселинов се закити со „Ѕвезда во подем“ на Берлинале


Македонската актерска ѕвезда од филмот „Исцелител“, Благој Веселинов, за време на филмскиот фестивал во Берлин му беше врачена наградата „Ѕвезда во подем“, која им се доделува на повеќемина млади актери од Европа. Свечената церемонија се одржа во салата „Берлин палас“, под покровителство на платформата „Европска филмска промоција“ (ЕФП). Наградите им ги врачија членовите на овогодишното […]

Лиза Жерар од „Дед кен денс“ доаѓа во Скопје, со Џим Џармуш се преговара


Младинскиот културен центар најави дел од програмата што ја подготвува за тековната 2019 година. Најавија амбициозна програма во сите сегменти од културата кои ги покриваат, а притоа открија и од светските звучни имиња кои ги потврдиле, но и со оние кои преговараат. Во период кога „Дед кен денс“ се на турнеја низ регионов, од МКЦ […]

Поништени одлуките за одбиените проекти, се разгледуваат одново


Стручните комисии формирани да ги оценуваат апликациите од национален интерес, кои годинава ќе ги поддржи Министерството за култура, од вчера утрото повторно се состанаа, но да ги разгледаат само одбиените проекти. За време на нивната работа во Министерството дојдоа и претставници на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија, кои пред медиумите рекоа дека се дојдени […]